Европа
Во Копенхаген се организира „Молитва за Шведска“
Во Копенхаген, главниот град на Данска, во петок, ќе се организира пародија под називот „Молитва за Шведска“, на која насобраните „ќе се молат за жртвите на нападот во Шведска“.
Пародијата претставува потсмевање со изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој минатата сабота во еден јавен настап тврдеше дека претходната ноќ во Шведска имало „безбедносен инцидент“ поврзан со зголемениот број мигранти.
Белата куќа подоцна соопшти дека Трамп мислел на порастот на стапката на криминал по зголемувањето на бројот на мигранти во Шведска, но многумина негови критичари го искористија говорот за потсмев.
Данскиот уметник Артпушер, на пример, во петок, во Копнехаген ќе организира иронично оддавање почит на жртвите на непостоечниот инцидент, нагласувајќи дека тоа всушност претставува негов протест против „ширењето дезинформации и лажни вести“.
„По ужасниот напад на нашата братска земја Шведска, за што јави претседателот Трамп, норидските земји се обединија“, напиша Артпушер во најавата за својот настан „Молитва за Шведска“.
За шведските медиуми Артпушар рече дека манифестацијата претставува „настан исполнет со љубов“, кој не претставува протест против Трамп.
„Станува збор за иницијатива што треба да ги поттикне луѓето да размислуваат и да носат заклучоци базирани на факти. Јас немам пари или моќ, но можам да се обидам со хумор и иронија да ги поттикнам луѓето да бидат свесни за некои работи“, изјави Артпушер./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
