Контакт

Европа

Во Лондон луѓе цртаат 150.000 срца за починатите од коронавирус

Објавено пред

Активисти започнаа да цртаат речиси 150.000 срца кон ѕидот спроти британскиот парламент во спомен на починатите од Ковид-19, за да им помогнат на семејствата на жртвите од пандемијата.

Муралот треба да се протега стотици метри долж јужниот брег на реката Темза пред болницата „Сент Мери“, каде премиерот Борис Џонсон беше на одделот за интензивна нега минатата година кога се разболе од Ковид-19.

Акцијата беше организирана од групата „Covid-19 Bereaved Families For Justice UK“, која бара јавна истрага за пристапот на владата кон пандемијата.

„ Секое срце е насликано рачно и целосно уникатно, како и најблиските што ги изгубивме“, рече Мет Фаулер, еден од основачите на групата.

Британската влада вети дека ќе подигне споменик на жртвите на коронавирусот кога ќе заврши пандемијата.

Европа

Меркел: Третиот бран од пандемијата со Ковид-19 ќе биде најтежок

Објавено пред

Капацитетот за производство на вакцини и во Европа и во Германија мора да се зголеми, рече германската канцеларка Ангела Меркел, која истакна дека стапката на новозаразени со коронавирус во Германија во моментов е превисока, и дека третиот бран на пандемија ќе биде можеби најтежок.

Таа додаде дека капацитетот за производство на вакцини во Европа и Германија мора значително да се зголеми.

„Тестирањето ќе ни помогне да изградиме мост, сè додека вакцинацијата не започне да дава резултати“, рече Меркел.

Говорејќи на отворањето на Саемот за индустрија и технологија, таа посочи дека развојот на ситуацијата во германската економија ќе зависи од тоа дали државата ќе може да ја задржи стапката на зараза со коронавирусот под контрола.

Во Германија досега биле заразени 3.009.541 лице, додека битката со коронавирусот ја изгубиле 78.964 лица.

Прикажи повеќе...

Европа

Чешка ги попушта мерките, укината е вонредната состојба

Објавено пред

Библиотеки, училишта, зоолошки градини и некои продавници се отвораат во Чешка во понеделник по повеќемесечна блокада во земја која е меѓу најпогодените од коронавирусот во светот.

Вонредната состојба во траење од шест месеци истече на полноќ, со што се укинаа полицискиот час и забраните за патување меѓу регионите.

Децата во предучилишните установи и до петто одделени се враќаат на училиште, а ќе мора да прават брис од нос двапати неделно.

Министерството за здравство пријави 976 нови случаи во неделата, што е најмал дневен број од септември минатата година.

Седумдневниот просек падна на под четири илјади, но сепак е висок во споредба со повеќето европски земји. Сепак, забележливо е значително подобрување во споредба со 12.000 дневни случаи во просек во март кога беа воведени најстрогите мерки.

Во октомври минатата година, владата затвори кафулиња, ресторани и сите неесенцијални продавници. Тие се отворија накратко во декември, но наскоро повторно се затворија.

Чешка, која има 10,7 милиони жители, објави 1,58 милиони случаи на инфекција со коронавирус и скоро 28 000 смртни случаи, што е највисока стапка по глава на жител во светот.

До 11 април се дадени 2.089.570 дози вакцини во оваа земја.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ набавува уште 2 милијарди вакцини за следните фази на пандемијата

Објавено пред

На ЕУ ќе и бидат потребни дополнителни две милијарди дози вакцини против Ковид-19 од 2022 година понатаму, објави Европската комисија.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов изјави дека веќе е договорено да се потпише договор за набавка на дополнителни 900 милиони дози на вакцината од „Фајзер“ по повисока цена во споредба со првичните договори.

Брисел потврдува дека веќе се започнати договори за набавка на дополнителни дози на вакцини што ќе се користат за следните фази на пандемијата.

„Ние мора да бидеме подготвени за фактот дека има потреба од уште една ревакцинација, потреба за одбрана од нови видови на вирусот, како и потреба за идна вакцинација на деца и тинејџери“, изјави портпаролот на Комисијата Стефан де Керсмекер.

Тој вели дека постои препознатлива потреба од скоро 2 милијарди дози во ЕУ за да се исполнат предизвиците што претстојат и дека се потпишани нови договори во консултација со земјите членки.

ЕК не сакаше да ги коментира наводите на бугарскиот премиер за повисоката цена на вакцината Фајзер, наведувајќи дека деталите од договорот не можат да бидат презентирани или дека може да се споредуваат претходните договори, што би значело инвестиција во развој на вакцини со нови набавки.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Експертите посочуваат дека ни доаѓа нов супер коронавирус, комбинација од 18 мутации

Нов супер сој на коронавирусот во Бразил е комбинација од 18 мутации вклучувајќи ги таканаречените соеви на Бразил, Велика Британија...

Македонија2 часа

Нови 30 дена притвор за Камчев

Основниот кривичен суд Скопје му го продолжи притворот за дополнителни 30 дена на бизнисменот Јордан Камчев. „Кривичниот совет при Основниот...

Свет4 часа

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна кај јужноафриканскиот сој, покажува израелска студија

Јужноафриканскиот сој на коронавирус може да ја избегне заштитата обезбедена од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ до одреден степен, открива...

Македонија4 часа

Ќе се ограничат цените за лекување пациенти од коронавирус во приватните болници

До Владата ќе биде поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување пациенти од...

Македонија5 часа

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјата, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој рече дека вакцините, кои...

Македонија5 часа

Девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро

Денеска се навршуваат девет години од петкратното убиство кај Смилковското Езеро. На 12 април 2012 година, на Величетврток, беа убиени...

Свет5 часа

Научниците со охрабрувачки вести: За секој нов сој ќе имаме вакцини

Во тек е трка помеѓу вакцините против Ковид-19 и мутациите на коронавирусот кои се закануваат да ги загрозат, откриле научниците...

Свет5 часа

„Билд“: Меркел го откажала терминот за вакцинирање со „астра зенека“

Германската канцеларка, Ангела Меркел, сè уште не е вакцинирана против коронавирусот, а според весникот „Билд“, таа требало вчера да прими...

Свет7 часа

Поединци немаат чувство за вкус и мирис, дури и една година по заразата од коронавирусот

Три дена по позитивниот тест на коронавирус, сè имаше вкус на картон, се сеќава 38-годишната Елизабет Медина, која го изгубила...

Македонија9 часа

Почнува вакцинацијата на новинарите и медиумските работници

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници што се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата...

Македонија1 ден

Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во...

Македонија1 ден

Првачињата ќе учат по нова наставна програма

На предлог на Бирото за развој на образованието, во петокот Министерството за образование и наука ги усвои новите наставни програми...

Македонија1 ден

Трајче Заев: Комбето не е во сопственост на фирма на Заеви, јас сум на службено патување

Трајче Заев – братучед на премиерот, Зоран Заев, ги отфрла обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на...

Македонија1 ден

Во болниците се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус, има 340 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски: Македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека македонски пасоши се делеле и на борци на ИСИС, откако стана извесно дека над 200 македонски...

Свет1 ден

Јужна Кореја со „Астра зенека“ ги вакцинира лицата помеѓу 30 и 60 години

Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на „Астра зенека“. Корејската агенција за контрола и...

Македонија1 ден

Утре ќе се вакцинираат новинарите над 40 години

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници кои се пријавија на повикот и кои ги исполнија условите за да влезат во...

Европа2 дена

Малолетник со македонско потекло уапсен во Виена, се заканувал со тероризам оти Курц не му одговорил на пораките

Aвстриската полиција уапси 15-годишен Австриец со македонско потекло за закана за терористички напад во центарот на Виена, пренесе „Танјуг“. Малолетникот се...

Македонија2 дена

Филипче: До колективен имунитет само со вакцинација на голем број граѓани

Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет,...

Македонија2 дена

Нови 1.092 случаи на заразени, починаа 32, а оздравеа над 2.000 лица

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 452,...

Досие