Свет
Во Мјанмар и Тајланд запалена дрога од речиси милијарда долари

Полицијата во Мјанмар и Тајланд изгоре денес нелегална дрога во вредност од речиси една милијарда долари, по повод Денот на ОН за борба против злоупотреба на трговија со дрога.
Мерката доаѓа во време кога властите се обидуваат да го спречат напливот на недозволена трговија со дрога во регионот.Тајландскиот министер за правда минатата година изјави дека е неуспешна нивната војна против дрогата.
Мјанмар останува еден од најголемите светски производители на дрога, вклучувајќи опиум, хероин и метамфетамин. Овие дроги често се шверцуваат во Кина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маж се јавил во полицијата и признал убиство од пред 15 години: „Беше добар човек, не заслужи“

Тони Пералта се сметаше за осомничен за убиството на сопственикот на станот во кој престојувал, Вилијам Блеџет, кога исчезна во декември 2008 година, соопштија властите во Розвел, Ново Мексико. Но неговото тело никогаш не било пронајдено, никој не бил уапсен и случајот завршил во фиока.
Тоа се промени минатиот месец кога 37-годишниот Пералта зел телефон, повикал полиција и го признал убиството што го извршил пред речиси 15 години, пишува „Си-ен-ен“.
„Многу луѓе имаат изговор, јас немам“, им рекол на детективите, како што стои во записникот.
Пералта се јавила во полицискиот оддел во Розвел на 1 мај. Во емотивната сцена која е снимена од страна на полицијата тој постојано признава дека го убил Блеџет, дури и наведувал кое оружје го користел и каде го закопал телото на жртвата. Пералта се соочува со обвинение за убиство од прв степен, соопшти окружното обвинителство на округот Чавез.
„Едноставно ми е смачено од прикривање. Уморен сум да го живеам својот живот, господине“, му рекол Пералта на полицаецот во објавеното видео, додавајќи дека чувството на вина го поттикнало да им се јави.
„Убив човек. Го убив со шрафцигер“, изјавил подоцна во собата за сослушување.
Пералта плачел додека разговарал за деталите за случајот со властите.
Синот на Блоџет, Грег, пријавил дека неговиот татко исчезнал на 3 јануари 2009 година, откако никој во семејството не можел да контактира со него повеќе од 10 дена. Полицијата во тоа време дознала дека мажот имал проблем со закупецот, подоцна идентификуван како Пералта, и се обидел да го избрка. Детективите го испрашувале Пералта, но не откриле ништо за време на испрашувањето.
Пребаруван бил домот и населбата, полицијата разговарала со соседите и со помош на куче го пребарала теренот, но ништо не било најдено. Возилото на Блеџет сè уште стоело паркирано дома и немало промени на неговата банкарска сметка.
На крајот полицијата соопшти дека случајот застраел и го затвори.
Пералта им кажа на властите во мај дека земал апчиња и ги испил пред да повика полиција, само за да се отвори.
„Признавам. Не сакам да живеам без признание“, рече тој.
„Беше добар човек и не го заслужи тоа што му го направив. Тој секогаш беше добар со мене, а јас му го одзедов животот без причина“, рече тој.
Полициското видео покажува дека Пералта ги води полицајците до домот во Розвел каде се случило злосторството. На делумно заматеното видео се гледаат и полицајци со лопати како копаат.
„Еве ги чевлите“, се слуша гласот на еден од нив.
Властите на местото на настанот пронајдоа неколку коски, меѓу кои и череп. Пералта повторно ќе се појави на суд на 21 август.
Свет
Украина: Нашата офанзива се одвива во неколку правци, не се работи само за Бахмут

Украинската офанзива се одвива во неколку правци, дообјасни заменик-министерката за одбрана Хана Малиар за украинските медиуми.
„Не се работи само за Бахмут. Офанзивата се одвива во неколку правци. Се радуваме на секој метар. Денеска е успешен ден за нашите сили“, додаде таа.
Малиар претходно на Телеграм објави дека украинските сили изведуваат офанзивни дејствија на источниот фронт и оти напредувале во неколку правци околу градот Бахмут: во близина на населбите Орихово-Василивка, Парасковивка, Иванивске и Клишчивка, пишува Си-Ен-Ен.
„Одбранбената операција вклучува сè, вклучително и контраофанзивни акции. Затоа, во некои области се префрламе на офанзивни акции“, напиша претходно Хана Малиар на Телеграм.
„Конкретно, правецот на Бахмут останува епицентарот на непријателствата. Таму се движиме по прилично широк фронт. Успешни сме. Заземаме доминантни височини. Непријателот е во дефанзива и сака да ги задржи своите позиции“, додаде таа.
Регион
НАТО испраќа засилување во Косово, 500 војници пристигнуваат од Турција

Во Косово почна зајакнувањето на мировните сили на НАТО по минатонеделните немири на северот на земјата, соопшти Алијансата.
Насилството избувна кога косовските власти назначија градоначалници етнички Албанци на позиции во северните општини кои беа избрани со излезност од само 3,5 отсто, бидејќи Србите ги бојкотираа локалните избори.
Во судирите беа повредени 30 припадници на мировните сили на НАТО познати како КФОР и 52 српски демонстранти.
„Околу 500 војници од турската 65-та механизирана пешадиска бригада ќе го сочинуваат најголемиот дел од засилувањата“, напиша на „Твитер“ портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, пренесе „Индекс“.
#NATO reinforcements have started to arrive in Kosovo following last week’s violence which injured 30 @NATO_KFOR peacekeeping troops. Around 500 🇹🇷service members from Türkiye’s 65th mechanized infantry brigade will make up the bulk of the reinforcements.https://t.co/vAho8N0hbb pic.twitter.com/Z7NQ5FqV23
— Oana Lungescu (@NATOpress) June 5, 2023
Како одговор на кризата, НАТО одлучи да испрати дополнителни 700 мировници на Косово, со што ќе го засили својот контингент од 4.000 војници, а генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, во четвртокот рече дека е подготвен да испрати уште.
„НАТО ќе биде во состојба на готовност. Ќе бидеме таму за да обезбедиме безбедна средина, но и да ги намалиме тензиите“, изјави тој за новинарите за време на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло.