Контакт

Свет

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Објавено пред

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат податоците на страницата за статистика „Ворлдометер“.

Од компликации со Ковид-19 починале 998.745 лица, а болеста ја надминале 24.409.745 пациенти.

Соединетите држави имаат најголем број на заболени 7.287.561, па следат Индија – 5.992.532 и Бразил – 4.718.115.

Регион

Дачиќ ќе биде новиот претседател на српскиот парламент

Објавено пред

Идната српска влада ќе биде коалициона влада со СПС на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ и со ограничен рок од две години, се до вонредните парламентарни избори, кои ќе се одржат паралелно со претседателските, не подоцна од 3 април 2020 година. Ова го изјави српскиот претседател и лидер на Српската напредна партија (СПС), Александар Вучиќ.

Тој објави дека Ивица Дачиќ ќе биде новиот претседател на Собранието, откако досега беше министер за надворешни работи.

Дачиќ му се заблагодари на Вучиќ и порача дека само „обединета Србија може да одговори на предизвиците што ќе не очекуваат во наредниот период“.

„Заедно со претседателот на Република Србија и Владата на Република Србија, Националното собрание ќе даде клучен придонес во развојот и иднината на Србија, со целосно единство што обезбедува стабилност и просперитет на земјата“, изјави Дачиќ.

Прикажи повеќе...

Свет

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Објавено пред

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир во целиот свет со другите верски поглавари.
Папата носеше бела маска за време на службата во римската базилика „Санта Марија“ во Аракеола, објави „Ројтерс“.

Тој претходно носеше маска само во автомобилот што го превезуваше до неделната аудиенција во Ватикан. Поради тоа, наиде на критики, особено на социјалните мрежи, затоа што не носи маска, а понекогаш доаѓа и во релативно близок контакт со посетителите.

Папата Франциско (83) присуствуваше на служба со другите поглавари на христијанските цркви вклучувајќи го вселенскиот патријарх Вартоломеј Први, духовниот водач на православните христијани. Во исто време, на други локации во Рим, Евреите се молеа во градската синагога, а будистичките, хиндуистичките и муслиманските водачи исто така се молеа за мир.

Прикажи повеќе...

Свет

Фаучи му одговори на Трамп: Фокусиран сум на здравјето

Објавено пред

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи вели дека тој само сака да си ја заврши својата работа и да биде фокусиран на здравјето на луѓето во САД. Ваквата изјава следува по последните напади на Доналд Трамп врз него.

За време на предизборниот повик претседателот Трамп тврди дека луѓето се уморни од слушање за пандемијата на коронавирусот и го критикува Фаучи нарекувајќи го катастрофа.

Запрашан во интервју за радиото КНКС во Лос Анџелес дали некогаш сакал да ја напушти својата улога во Белата куќа поради нападите на Трамп, Фаучи одговори со цитат од филмот „Кум“, пренесува Си-сн-ен.

„Сè зависи дали тоа го сфаќате лично. Јас се фокусирам целосно на здравјето и благосостојбата на луѓето во оваа земја. На тоа посветив 50 години од мојата кариера, и тоа е единственото нешто за што навистина се грижам. Сè друго, што се однесува до мене, е како во ‘Кум“’ – ‘Ништо лично, само професионално’“, рече Фаучи, директор на Националниот институт за алергии и заразни болести.

„Јас само сакам да си ја работам својата работа и да се грижам за луѓето во оваа земја. Само тоа сакам да го направам“, повтори експертот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија2 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија2 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија4 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија5 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија7 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија9 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија9 часа

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа10 часа

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија10 часа

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Македонија10 часа

МОН објави упатство: Наставниците да го прилагодат оценувањето согласно учењето на далечина

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги известија училиштата за начинот на следење и оценување...

Европа11 час

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија12 часа

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија12 часа

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет12 часа

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет13 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Свет13 часа

Норвешки лекар тврди дека коронавирусот мутирал

Нова мутација на САРС-КоВ-2 коронавирус е откриена во Норвешка, тврди главниот лекар на општината Трондхајм, Тове Рестад. Од друга страна,...

Македонија1 ден

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет1 ден

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија1 ден

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Досие