Свет
Во светот над 85 милиони луѓе заразени со коронавирус
Во светот од почетокот на пандемијата потврдени се вкупно 85.027.813 случаи на коронавирус.
Од инфекцијата оздравеле 60.149.687 луѓе, а починале 1.844.685, покажуваат најновите податоци од сајтот Ворлдометерс. Во моментов активни се 23.033.441 случај на коронавирус.
Најмногу заразени има во САД – близу 21 милион, Индија – над 10 милиони, Бразил – над 7,7 милиони, Русија – повеќе од 3 милиони и Франција над 2,6 милиони.
Додека некои држави постепено ги укинуваат рестрикциите, други, како што е Грција, ја продолжува забраната за движење. Австрија очекува редовни испораки на вакцината, а Италија го одложи отворањето на ски-центрите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

