Европа
Во Шведска и Данска повторно запалени копии од Куранот
Во Шведска и Данска повторно беа запалени копии од Куранот, а владите на двете нордиски земји рекоа дека истражуваат како можат законски да спречат вакви инциденти во обид да ги намалат зголемените тензии со неколку муслимански земји.
Во последниве недели се одржаа неколку протести во Данска и Шведска, за време на кои, копии од Куранот беа запалени или оштетени на други начини.
Ова предизвика гнев во земјите со муслиманско население, кои бараат од нордиските власти да го спречат и запрат палењето на светата книга на исламот.
Данската влада во неделата објави дека ќе бара да најде „правна алатка“ што ќе им овозможи на властите да интервенираат кога ќе се одржат вакви протести, доколку се оцени дека предизвикуваат поголеми негативни последици за Данска, не само во однос на безбедноста.
„Се надеваме дека фактот што покажуваме како работиме на ова и во Данска и во странство ќе помогне да се деескалираат проблемите со кои се соочуваме“, изјави министерот за надворешни работи, Ларс Расмусен по состанокот во парламентот.
„Не затоа што чувствуваме дека сме под притисок, туку според нашите политички анализи, сметаме дека тоа е во најдобар интерес на сите нас. Не треба само да седиме и да чекаме ова да се разнесе“, рече Расмусен.
И покрај тоа, палењето на Куранот беше повторено во понеделникот во двете земји.
Во Стокхолм, според написите во медиумите, ирачки бегалец, кој стои зад неколку протести организирани во последните недели, запалил копија од Куранот пред шведскиот парламент.
Во Данска антимуслимански демонстранти запалија Куран пред амбасадата на Саудиска Арабија во Копенхаген, а во текот на денот се планирани уште неколку инциденти.
Нордиските земји го осудија палењето на Куранот, но не можат да го спречат поради законите кои ја штитат слободата на говорот.
Но, и двете влади најавија дека ја разгледуваат можноста за усвојување законски измени кои ќе им овозможат на властите да спречат понатамошно палење во одредени ситуации.
Шведската влада овој месец објави дека размислува за слично решение, но десничарските партии во двете земји ги осудија иницијативите, а некои тврдеа дека слободата на говор не треба да биде загрозена.
Министрите за надворешни работи на ОИК во понеделник ќе се состанат на вонредна седница на која ќе разговараат за неодамнешните случувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

