Европа
Во Шпанија 50 жени избодени со игли во ноќни клубови, во телото на некои пронајдено „екстази“

Полицијата во Шпанија истражува 50-ина пријавени случаи на жени што биле прободени со медицински игли додека биле во ноќни клубови или на забави, тренд што претходно беше забележан во други европски земји.
Досега не се потврдени случаи на сексуален напад или грабеж поврзани со мистериозните прободувања, пренесува АП.
Полицијата соопшти дека открила докази за дрога кај една жртва, 13-годишно девојче во градот Хихон, кое ималo „екстази“ во својот организам. Локалните медиуми објавија дека девојчето бргу било пренесено во болница од страна на своите родители, кои биле во нејзина близина кога почувствувала убод со нешто остро.
Полицијата соопшти дека речиси половина од неодамна пријавените напади со игли се случиле во североисточната шпанска провинција Каталонија. Серијата прободувања на музички настани ги збуни властите во Франција, Велика Британија, Белгија и во Холандија.
Француската полиција собра повеќе од 400 извештаи во последните месеци и соопшти дека мотивот за нападите е нејасен, а во многу случаи не е јасно и дали на жртвите им била вшприцана супстанција.
Шпанската министерка за правда, Пилар Лоп, ги повика сите што мислат дека се избодени без согласност да одат во полиција бидејќи иглата е сериозен чин на насилство врз жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Неколку лица, меѓу кои и полицаец, избодени во напад во Холандија

Неколку лица се повредени во напад што се случи утрово во Холандија, објавија медиумите. Итните служби интервенираа кратко пред 6 часот наутро на улицата Фани Бланкерс-Кенлан во градот Хофдорп откога добија дојава за напад.
Ondertussen in Hoofddorp..
Een verwarde persoon die ook een politie agent neersteekt en waar we niet van mogen suggereren dat het een illegale asielzoeker uit Syrië is..#Wilders #Faber #Asielbeleid #Hoofddorp pic.twitter.com/pe6MAVWZbD
— blckbx ◼️ (@blckbxnieuws) May 21, 2025
Еден полицаец бил однесен во болница, а на полициското возило била видлива крв. Полицијата во соопштението за мрежата X изјави: „Околу 6 часот наутро добивме пријава за напад на ‘Фани Бланкерс-Кенлан’“.
Bij een steekpartij aan de Fanny Blankers-Koenlaan in Hoofddorp zijn vanochtend meerdere gewonden gevallen. Onder de gewonden is ook een politieagent.👇🏻https://t.co/oKNno38hZ6
— The Edgy Veggie (@TheEdgyVeggie1) May 21, 2025
Неколку лица беа повредени, вклучувајќи и еден од нашите колеги. Многубројни служби за итни случаи и тимот за итна медицинска помош се на местото на настанот. Областа е блокирана. Истрагата е во тек. Повеќе информации ќе следуваат“.
Een agent is ook bij het incident gewond geraakt en is overgebracht naar het ziekenhuis. Zojuist is de Forensische Opsporing van de politie aangekomen om onderzoek te doen. De straat is een groot deel van de dag afgesloten. pic.twitter.com/zmLbFEXJsB
— jerfi.pompier (@jerfi_pompier) May 21, 2025
Снимките и фотографиите на социјалните мрежи покажуваат најмалку пет амбулантни возила, а на местото на злосторството е испратен и полициски хеликоптер. Според холандската новинска агенција АНП, во нападот загинале две лица, но полицијата сè уште не ја потврдила оваа информација.
Hoofddorp om 06:34 #Hoofddorp pic.twitter.com/MqdVYEpbf8
— Van Den Bomber (@Timdeboer342) May 21, 2025
Европа
Русите тврдат дека 20.000 мигранти со руско државјанство се борат за нив

Шефот на Истражниот комитет на Русија, Александар Бастрикин, на Меѓународниот правен форум во Санкт Петербург изјави дека 20.000 луѓе кои добиле руско државјанство биле испратени на фронтот во Украина.
„Веќе 20 илјади ‘млади’ граѓани на Русија, кои од некоја причина не сакаат да живеат во Узбекистан, Таџикистан, Киргистан, се на првите редови на бојното поле“, рече Бастрикин.
Тој додаде дека за време на неодамнешните рации, истражителите идентификувале повеќе од 80.000 мигранти кои добиле руски пасоши, но не служеле во војската. Сите тие се регистрирани во воени служби.
Претходно, порталот Инфо24 објави дека руската армија се надополнува со 50-60 илјади волонтери секој месец.
Во исто време, според рускиот претседател Владимир Путин, ситуацијата во Украина е спротивна: „Украинците, како кучиња, се фаќаат на улица и се испраќаат во војска“.
Европа
Мелони: Папата ми рече дека е подготвен да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Италијанската премиерка Џорџa Мелони изјави дека папата Лав во телефонски разговор со неа ја потврдил својата подготвеност да биде домаќин на следната рунда разговори во Ватикан, со цел да се обиде да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
Откако ја виде потврдата од Светиот Отец за неговата подготвеност да биде домаќин на следните разговори меѓу страните во Ватикан, премиерката рече дека изразува длабока благодарност до папата Лав XIV за неговата континуирана посветеност на мирот.
Во посебна изјава, италијанската премиерка рече дека разговарала за следните чекори со други европски лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Беше договорено да се одржи тесна координација меѓу партнерите со цел нова рунда преговори насочени кон прекин на огнот и мировен договор во Украина“, се вели во соопштението.