Контакт

Свет

Врховниот суд ги отфрли барањата на Трамп

Објавено пред

Врховниот суд на САД денеска формално ги отфрли барањата за брзо разгледување на случаите поврзани со исходот на изборите во пет држави во кои победи Џо Бајден. Барањата беа поднесени од претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници.

Резултатите од изборите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и во Висконсин се во прашање, пренесува АП.
Судот би можел да постапува по жалбите поврзани со изборите на 3 ноември подоцна оваа зима или напролет. Неколку судии изразија интерес за случајот во Пенсилванија, каде што Врховниот суд на таа држава одлучи да го продолжи рокот за прием на гласачките ливчиња добиени по пошта за три дена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Европската агенција за лекови сепак размислува за одобрување на руската вакцина

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска објави дека започнала со разгледување на документацијата за вакцината „Спутник В“, што ја изработи рускиот институт Гамалеја, со цел да одобри лиценца за употреба во Европската унија, пренесува „Ројтерс“.

Фондот за директни инвестиции на Русија објави дека ЕМА ќе ја процени усогласеноста на „Спутник В“ со стандардите на ЕУ во однос за ефикасноста, безбедноста и квалитетот, пренесува „РИА Новости“.

Медиумите пишуваат дека ваквата одлука на Европската агенција за лекови следува по низата критики за бавната набавка и дистрибуција на вакцини во земјите на ЕУ.

Претходно, Русија на ЕУ ѝ понуди 100 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19, но доби ладен туш од Брисел, од каде на компанијата што стои зад „Спутник В“ ѝ беше кажано дека нивната вакцина не влегува во стратегијата за борба против коронавирусот на Европската унија.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Унгарија најголем број на заразени во последните три месеци

Објавено пред

Во Унгарија во последните 24 часа се потврдени 6.278 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број на новозаболени во последните три месеци, според официјалните податоци.

Уште 152 лица починаа од коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Во Унгарија се потврдени вкупно 446.178 случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а починале 15.476 лица.

Во моментов, активни се 102.566 случаи на зараза, а 6.554 лица се на болничко лекување, од кои 639 се приклучени на апарати за дишење.

Прикажи повеќе...

Регион

Светска банка: Црна Гора на работ на бездната

Објавено пред

Светска банка проценува дека црногорската економија ќе доживее најголема рецесија на Западен Балкан оваа година, со рекорден јавен долг од скоро 100% од бруто домашниот производ.

Ваквата прогноза главно се должи на високата зависност на земјата од туризмот.

Светската банка исто така процени дека веќе и онака високото ниво на јавен долг ќе достигне врв од 98% од БДП во текот на 2021 година, а изградбата на втората делница од автопатот Бар – Боjаре би претставувала голем ризик за неговата одржливост.

Економското закрепнување ќе зависи од туризмот, но пандемијата со коронавирусот претставува сериозен ризик затоа што, доколку биде присутен и ова лето, тоа повторно ќе има негативни последици за туристичката сезона, предупредуваaт експертите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион32 минути

(Видео) Грција ја проценува штетата по земјотресот, десетици жители ја поминаа ноќта надвор

Експертите денес ја проценуваат штетата по земјотресот со јачина од 6,3 степени, што го погоди централниот дел на Грција, кога...

Македонија1 час

Иницијатива за конгрес: Мицкоски лажеше дека има мнозинство, партијата доби ладен туш

Се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски треба да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да...

Регион2 часа

Повеќе од 1,5 милион вакцинирани во Србија, ревакцинирани над 500.000 луѓе

Во Србија, според последните владини податоци, досега се дадени 1.535.274 вакцини против коронавирус, а втора доза добиле 534.751 лице. Србија...

Македонија2 часа

Мнозинството е стабилно, велат од СДСМ по гласањето на доверба на Владата

Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка, велат утрово од СДСМ, откако вчера 62 пратеници гласаа за доверба...

Европа2 часа

Секој граѓанин на Германија ќе добива по еден бесплатен тест неделно

Од следната недела, секој германски граѓанин ќе има неделно по еден бесплатен тест за коронавирус, најави германската канцеларка, Ангела Меркел....

Македонија2 часа

За 56 проценти зголемен бројот на заразени со коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

Вчерашните 807 новозаразени и неделниот извештај на Институтот за јавно здравје кој покажува зголемување на новозабоените за 56 отсто во...

Свет13 часа

Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на...

Македонија18 часа

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство...

Македонија19 часа

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред...

Македонија20 часа

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија21 час

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија21 час

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион1 ден

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион1 ден

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет1 ден

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион1 ден

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет1 ден

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа1 ден

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет1 ден

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија2 дена

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Досие