Вести
Вучиќ по средбата со Курти: Не е ден „Д“, не потпишавме ништо, имам трошка задоволство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по 12 часовната средба со косовскиот премиер Албин Курти, е задоволен од дијалогот. Тој кажа дека не потпишале договор, но процесот не завршува денеска. Вучиќ сепак е задоволен од дијалогот и рече: „Имам трошка на задоволство, а имавме пристоен разговор и покрај бројните несогласувања“.
„Денеска требаше да го договориме имплемантациониот план. Договор постигнавме, ова нема да биде се. Овие неколку точки кои ги договоривме, тие ќе бидат дел од преговарачкиот рамка за двете страни, како за Белград така и за Приштина. Тоа што исто така е важно во рамка на тоа што се договоривме, е дека ЕУ во процесот кој е долг и обемен. Процесот не завршува денеска, туку денеска почнува. ЕУ ќе процени кој колку направил од имплементациониот план, кој мора да биде проширен, иако мене нема да ми смета да остане ваков. За нас од големо значење е тоа што приоритетна обврска е ставено формирање на заедницата на српски општини и тоа во склад на претходно постигнатите договори во рамка на дијалогот. Морам да кажам дека сум за тоа задоволен“, кажа Вучиќ.
Се осврна и на тоа што ќе каже Курти, па Вучиќ по средбата додаде: „Албанската страна знам дека и вечерва ќе инсистира и зборува за тоа дека не сум потпишал ништо. Јас сум ставил до знаење, што се нашите црвени линии. Мислам дека ако ништо друго, направивме помрднување на работите во конструктивна атмосфера и ќе почнеме нешто работиме. Не е ден ‘Д’, но беше добар ден“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Заминува ли Вагнер од Украина: Има гласини дека Пригожин планира да се фокусира на Африка

Шефот на руската платеничка група, Вагнер, најверојатно ќе го сврти своето внимание од војната во Украина, објави „Блумберг“ во четвртокот, цитирајќи извори запознаени со ова прашање.
Според извори на „Блумберг“, Евгениј Пригожин планира да го префрли својот фокус назад кон Африка, за каде се верува дека има негови борци. Станува збор за земји како Судан, Централноафриканската Република, Мали.
Се верува дека наводната промена на планот е поврзана со неодамнешните несогласувања помеѓу Пригожин и највисоките воени команданти кои посеаја сомнежи кај рускиот претседател Владимир Путин за воените способности на Вагнер, изјавиле за „Блумберг“ луѓе блиски до Кремљ и разузнавачките служби, кои сакале да останат анонимни.
Наводно, командантите тврделе дека резултатите што ги постигнал Вагнер во Украина дошле со фрлање на огромен број регрутирани затвореници во смрт, објави „Москва тајмс“. Претходно, Пригожин беше снимен како лично регрутира затвореници да се борат за Вагнер во Украина, а снимките биле направени во неколку руски затвори кон крајот на летото и почетокот на есента.
„Блумберг“ додава дека операциите на Вагнер во Африка веројатно ќе привлечат поголемо внимание од Пригожин, доколку ситуацијата во Украина стане потешка за платеничката група.
„Нацрт-известувањето на Вагнер објавено во понеделникот, исто така, нуди барања за служење во Африка кои се движат од девет до 14 месеци, наведувајќи дека оние што се регрутирани ќе бидат сместени во резерва“, напиша медиумот.
По години работа во сенка, Вагнер групата зачекори во центарот на вниманието среде инвазијата на Украина и презеде водечка улога во борбите за источниот град Бахмут од летото 2022 година, земајќи големи загуби во процесот.
Но, тензиите меѓу Вагнер и Министерството за одбрана на Русија тлееја со месеци бидејќи Пригожин ја обвини руската војска дека ја презема заслугата за победите на борците на Вагнер и го забавува напредувањето на единиците на Вагнер.
Вести
Вучиќ за налогот на апсењето на Путин: Ние имаме попаметна работа, има стручњаци нека се пријават и помогнат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одговараше пред новинарите за тоа дали ќе го уапси рускиот претседател Владимир Путин, постапувајќи по налогот на Меѓународниот кривичен суд, со кој неговата држава има соработка и чие законодавство го прифаќа. Вучиќ смета дека одлуката за апсење на Путин ќе има лоши последици, ќе нанесе штета на луѓето и која потврдува дека има голема неспремност да се разговара за мир и примирје меѓу Русија и Украина.
„Во однос на апсењето, немојте да се лутите, ама тоа е глупаво прашање, бидејќи вас ви е јасно дека додека трае војната, Путин нема како да дојде до Србија, а камо ли нешто друго. Што се однесува до апсењето, јас не сум апсел ниту лица под обвинение, а и ниту оние кои ги барал ад-хок трибуналот (Хашкиот суд), тоа не е Меѓународниот кривичен суд со кого имаме соработка. Има стручњаци, можат доброволно да се пријават, овие што Србите ги ставаа во вреќи и ги праќаа во САД. Можат да се пријават и да помогнат – не знам на кого. Јас и Србија имаме попаметна работа во овој момент“, рече Вучиќ.
Тој рече дека треба да има примирје, а не да се чека победа, по што ги праша новинарите: „Стварно мислите дека Русија ќе ја поразите за 3 или 6 месеци? Верувате во тоа?“.
„Несомнено дека целта на тие кои го направиле тоа е да му ја отежнат комуникацијата на претседателот на Русија, а секој кој разговара со него да има во глава дека зборува со лице обвинето за најтешки воени злосторства, додатно да ја отежни економската позиција на Русија од истите причини… И тоа би биле политички причини кои ги разбирам, но зачувувањето на животи е поважно“, рече Вучиќ.
Вести
(Видео) Вучиќ тврди дека немаат обврски кон Приштина: Се надевам ќе има заедница на српски општини, се плашам дека ќе биде потешко од што мислам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред јавноста објаснуваше зошто ништо не е потпишано со косовската страна. И покрај ова, тој повтори дека се подготвени да работат на имплементација на европскиот предлог. Посочи дека 12 пати е менуван текстот на кои прифатиле да се имплементира.
„Секогаш кажував дека го прифаќаме концептот, ќе работиме на имплементација, спремни сме да направиме многу повеќе отколку некој од Приштина кој е подготвен да потпише… А подготвен е да потпише затоа што од таму ќе произлезе формално-правната обврска за Србија, да се согласи со независноста на Косово. За тоа водиме сметка. Кога ќе слушнат дека повторувам некои работи, нека знаат дека не го правам истото бидејќи не знам што правам, туку напротив, баш знам што правам“, кажа Вучиќ.
Зборуваше и за тоа зошто не е потпишана декларацијата за исчезнатите лица и тоа зошто и таа останала непотпишана.
„Сакаме да живееме нормално со Албанците, сакаме да работиме едни со други. Не може да се живее со ѕидови од 100 метри. Треба да се развива доверба, а не луѓето да се плашат едни од други. И тоа се е во ред, но пред нас има многу работа“, додаде Вучиќ.
За Заедницата на српски општини во Косово, Вучиќ рече: „Ние имаме потписи за формирање на четири договори“.
„Важен е документот од 2015 година кој говори за принципите. Зошто таа заедница е важна за српскиот народ? Да зборуваме за реалноста. Сите кои живеат јужно, сите живеат како во гето. Немаат никаква институционална заштита. Иако градиме голема болница во Грачаница, сите чекаат да се дофатат до Косовска Митровица и северниот дел, бидеќи е наклонета кон централна Србија и затоа што тука се чувствуваат слободни. Заедницата на српски општини ни е потребна секаде каде Србите живеат. Но, многу повеќе на југот, отколку на северот. Со тоа Србите ќе добијат институционална рамка на делување, и како што е предивдено, орган со свој претседател, совет, своја администрација, општина, која ќе комуницира како што е договорено со договорот од Брисел, со централните власти. Како и да го нарекувате, што и да кажувате, измислувате бајки, можете да правите што сакате, ова е тоа што нас ни е важно“, кажа Вучиќ.
Тој објасни дека Косово сака да ја формира заедницата на три столба. Вучиќ кажа дека 50 пати дошле претставници на европската заедница да го натераат да потпише договор.
„Првиот столб е Уставот на Косово. Вториот столб е изјавата на Федерика Могерини, дека нема да има извршна моќ. Можете да ги викате како сакате, но овластувањата се јасни. И третиот столб кој го сакаат, е уредничко писмо. Јас кажав дека имам сешто видено и додадов: ‘Дали е можно вие луѓе навистина ми зборувате дека материјалниот и формалниот извор на правото треба да биде текст од медуми?’. И успеавме да се избориме за она што е од дијалогот – да биде применето. Дали ќе биде или нема – се надевам дека е можно, а се плашам дека ќе биде многу потешко од она што јас денеска мислам. Јас не кријам од никого ништо, го кажувам секој детаљ, бидејќи гледам дека тие суштински на тоа не се подготвени“, додаде Вучиќ.
Зборуваше и за тоа што е променето за Србија, па рече: „Не многу. Ама од ова прашање ќе зависи нашиот пат кон ЕУ. За нас нема никакви обврски“.
Потенцираше дека нему му е важно Србите да имаат мир во Косово.