Контакт

Свет

В недела предвремени избори на Косово

Објавено пред

Во Косово викендов ќе се одржат предвремени парламентарни избори, една година пред редовниот рок, откако првата косовска Влада на широката коалиција падна поради несогласувањата околу договорот за разграничување со Црна Гора, чија ратификација беше услов за приближување кон ЕУ.
Според анкетите на јавното мислење, се очекува на изборите да победи „националистичката коалиција“ на Демократската партија на Косово (ПДК) на косовскиот претседател Хашим Тачи и Алијансата за иднината на Косово (ААК) на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, кој би можела да се најде во позиција самата да ја формира следната влада.

ПДК на Тачи до мај беше дел од владината коалиција со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на премиерот Иса Мустафа, но Владата се распадна поради нејзината неспособност да го протурка договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Со договорот се определуваше граничната линија меѓу Косово и Црна Гора, но неговите противници го оценуваат како штетен и тврдат дека Приштина со него отстапила „дел од територијата кој е важен за косовските овчари“.

Иако усвојувањето на договорот за границата е поставено како директен услов за да косовските граѓани добијат безвизно патување во Европската унија, ПДК се приклучи кон опозицијата и пред неговата ратификацијата нејзините пратеници се изјаснија за недоверба на Кабиентот на Мустафа.
Граѓаните на Косово денес се единствените од Западниот Балкан на кои им требаат визи за патување во ЕУ.
 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт7 часа

(Видео) Франција за 14 минути ја прегази Белгија, Италија уште еднаш ја совлада Турција

Репрезентацијата на Франција ја победи Белгија во натпреварот од четвртото коло од Групата 1 од елитната А дивизија на Лигата...

Спорт8 часа

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт8 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион8 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт8 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет8 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет9 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава9 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион10 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...