Европа
Габриел: Не е договорено сите членки на НАТО да издвојуваат 2 отсто од БДП

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, изјави за новинарите во естонската престолнина Талин во средата дека земјите членки на НАТО не се договориле дека сите мора да го зголемат својот буџет за одбраната над два отсто под бруто домашниот производ (БДП), индиректно одговарајќи на американскиот претседател Доналд Трамп кој особено од западноевропските сојузници бара повеќе да вложуваат во одбраната.
„Загрижен сум поради тоа што политичарите јавно изнесуваат ветувања коишто подоцна не можат да ги исполнат“, изјави шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел. Според него, во НАТО само се договориле дела земјите членки „ќе се потрудат“ да ја достигнат целта од 2 отсто од БДП за одбраната.
„Нема строго поставена цел од два отсто, туку станува збор за тоа дека треба да се движиме во таа насока“, изјави Габриел на почетокот од својата посета на балтичките земји којашто ја започна од естонската престолнина Талин.
Во моментов Германија сега издвојува 1,2 отсто од бруто домашниот производ за одбраната.
Постојат толкувања за одлуките кои беа донесени на самитот на НАТО одржан во септември 2014 година во Велс, дека поради стравувањата од наводната руска агресија во Украина и политичките ветувања дадени на самитот дека своите воени буџети ќе ги зголемат за 2 отсто од бруто домашниот буџет (БДП) до 2024 година, иако оваа цел не е правно обврзувачка.
Во самата Германија тоа предизвика тензии меѓу демохристијаните на канцеларката Ангела Меркел и помалиот партнер во ткн „голема коалиција“ социјалдемократите на Зигмар Габриел. Меркел вели дека треба да бидат зголемени издвојувањата за одбраната за да се исполни целта на НАТО, додека Габриел вели дека не би требало да се концентрира на издвојувањата за одбраната и предупреди на започнување нова трка во вооружување.
Американскиот претседател Доналд Трамо инсистира на тоа членките на НАТО дека треба да ги зголемат издвојувањата за својата одбрана бидејќи „не сака Америка да ја финансира нивната одбрана“.
Пред десетина дека и неговиот потпретседател Мајк Пенс од говорницата на годишната безбедносна конференција во Минхен беше истраен во тоа дека европските сојузници мора да ги зголемат издвојувањата за одбраната до најмалку 2 отсто од својот бруто домашен производ (БДП). „САД очекуваат од сојузниците од зборови да минат на дела., дојде времето да се стори повеќе“, порача Пенс./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ сака да формира специјален суд за руските злосторства

Првиот чекор во борбата против неказнивоста за злосторствата извршени во руската агресија врз Украина би можело да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија Дидие Рејндерс.
„Првиот чекор може да биде формирање на специјален суд кое ќе собира докази“, рече Рејндерс денеска пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина се да не остане неказнето.
Канцеларијата на специјалниот суд би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Европравда, агенција на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања. Рејндер вели дека може брзо да се воспостави.
Европската унија се залага за формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.
На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства.
„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и злосторствата за агресија врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.
На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде што национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторства од руска агресија,пренесе Индекс.хр.
Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Европа
Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.
Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.
„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.