Свет
Галант: Елиминирана четвртина од терористите на Хамас
Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, изјави дека „четвртина од терористите на Хамас се елиминирани“, а „барем една четвртина сè уште се ранети“, објави „Џерусалем пост“.
„Ние сме во долга војна, но на крајот ќе го скршиме Хамас. Се бориме против џебовите на отпорот, ќе бидат потребни месеци, а не еден ден. Од друга страна, тие немаат резерви, немаат муниција и нема засилување. Тешко им е да се грижат за себе, за нашите ранети и за други работи. Веќе убивме најмалку една четвртина од терористите на Хамас, а исто толку се ранети“.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, изјави дека израелската армија досега убила повеќе од 2.000 оперативци во областа на градот Кан Јунис, јужно од Појасот Газа.
Хагари рече дека главните борби моментно се водат во Кан Јунис за кој рече дека е „упориштето на Хамас на југ, каде што војниците работат на елиминирање на Хамас“.
„Во Кан Јунис повеќе од 2.000 оперативци на Хамас се убиени, и на терен и во подземн и објекти, од почетокот на операцијата на југот минатиот месец“, додаде Хагари, според „Тајмс оф Израел“.
Тој исто така истакна дека „многубројни команданти на Хамас биле убиени, побегнале или ѝ се предале на израелската армија“.
„Нашите војници уапсија многубројни борци на Хамас, кои учествуваа во терористичкиот напад на 7 октомври“, рече Хагари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.