Контакт

Европа

Германец може да заврши во затвор зaшто во Швајцарија возел со 250 километри на час

Објавено пред

Германски државјанин во Швајцарија возел со брзина од 249 километри на час на дел од патот каде што ограничувањето е 120 километри, па покрај паричната глоба и одземањато на возачката дозвола, му се заканува и затворска казна, објавија германските медиуми.

Станува збор за 34-годишен Германец, кој живеел во близина на Базел, а кој во неделата на патот во близина на Боденското Езеро возел со брзина од 249 километри на час, што е повеќе од двојно од дозволените 120 километри на час.

Полицијата на Германецот на самото место му ја одзела возачката дозвола и му го запленила автомобилот, а него го одвела во притвор.

Брзото возење во Швајцарија се третира како кривично дело, а не како прекршок и предвидени се затворски казни од една до четири години, објави агенцијата „Хина“.

Во Швајцарија исто така износот на парична казна зависи од приходите на сторителот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Петта жртва на коронавирусот во Италија

Објавено пред

Во Италија денеска почина и петто лице заразено од коронавирусот, соопшти шефот на државната служба за цивилна заштита, Анџело Борели.

Тој исто така кажа дека во земјата 219 луѓе се заразени со вирусот, објави агенцијата „Анса“.

Загрижувачки е тоа што бројот на заболени во Италија двојно се зголеми за само 24 часа, а Министерството за здравство е загрижено затоа што сè уште не е откриен нулти пациентот, односно првиот заразен пациент.

Според статистиката, во Италија има најголем број заболени и жртви на ниво на цела Европа.

Починатите се повозрасни луѓе кои имале други болести и се наоѓале во тешка здравствена состојба.

 

 

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ издвојува 230 милиони евра за борба против коронавирусот

Објавено пред

Европската Унија вети 230 милиони евра со цел да помогне во борбата против епидемијата на коровирус во време кога земја членка на ЕУ, Италија, се бори со голем број случаи на заразени низ целата земја.

На прес-конференцијата комесарот за управување со кризи во ЕУ, Јанез Ленарчиќ, и европскиот комесар за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес, објавија дека ЕУ ќе одвои 230 милиони евра за глобалната борба против вирусот.

Од оваа сума, 114 милиони евра ќе бидат испратени до Светската здравствена организација за глобална подготвеност, 15 милиони евра за поддршка на земјите партнери, 100 милиони евра за финансирање на истражувања, развој на вакцини и третмани, како и 3 милиони евра за поддршка на напорите на земјите членки за обезбедување лична заштитна опрема и репатријација на граѓаните на ЕУ.

Засега, како што беше најавено, нема да има ограничувања во патувањето или трговијата меѓу земјите во Унијата.

Италијанските власти соопштија дека четири лица починале од коронавирусот во земјата, во период од 48 часа.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ не планира да го стопира патувањето во шенген-зоната по епидемијата на коронавирус во Италија

Објавено пред

Европската комисија денеска соопшти дека Европската Унија сè уште не размислува да го прекине патувањето во шенген-зоната по избувнувањето на епидемијата на коронавирус во Италија, но подготвува некои планови.

„Во моментов не размислуваме за сценарија, како што е координираната суспензија на шенген, но работиме на различни планови за вонредни ситуации“, рече европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчиќ, соопшти „Ројтерс“.

„Патните ограничувања во шенген-зоната треба да бидат сразмерни и координирани помеѓу земјите на ЕУ“, рече комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидес, додавајќи дека тие треба да се засноваат на научни докази.

Според неа, Светската здравствена организација не советува воведување ограничувања за патувања или трговија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

(Видео) Мицкоски: Заев бил премиер, судија и обвинител, утре протест против главата на Рекетот

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното, а тоа...

Македонија47 минути

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Европа2 часа

Петта жртва на коронавирусот во Италија

Во Италија денеска почина и петто лице заразено од коронавирусот, соопшти шефот на државната служба за цивилна заштита, Анџело Борели....

Македонија3 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија3 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија3 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ5 часа

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа5 часа

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа5 часа

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Свет6 часа

Сандерс: Ако треба би ја нападнал Кина

Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против...

Свет7 часа

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако...

Европа20 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет22 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа23 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија23 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ1 ден

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет1 ден

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт1 ден

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија1 ден

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ1 ден

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Досие