Свет
Германија разви нов тест за коронавирус

Фармацевти на германскиот Универзитет „Хале-Витенберг“ развиле начин за откривање мали количини коронавирус во раствор за миење на устата, користејќи техника која би можела да послужи за тестирања.
Студијата користела примероци од раствор со кој пациентите заразени со новиот коронавирус ја исплакнале устата, успешно откривајќи го вирусот користејќи масовна спектрометрија, соопшти универзитетот.
Новата метода мора понатаму да се развива пред да може да се користи како стандардна дијагностичка алатка за да се надополнат постојаните тестови на коронавирус, се вели во соопштението. Тестот е високоспецифичен бидејќи цели кон протеински компоненти кои постојат само во новиот коронавирус, исто така познат како Сарс-КоВ-2.
„Ги мериме пептидите кои доаѓаат од вирусот, а не генетски материјал“, објаснила Андреа Синц, која работи на студијата.
Моментално е потребно 15 минути за добивање резултат од тој тест, а значајни се дури и мали количини на раствор од плакнење на устата.
Ако тестот се покаже успешен, мерењата би можеле да ги спроведе неспецијализиран персонал, велат експертите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Бајден: САД до лето може да имаат колективен имунитет

Американскиот претседател Џозеф Бајден очекува дека САД до лето ќе биде на добар пат кон постигнување колективен имунитет, бидејќи новиот план е да се вакцинираат 1,5 милион граѓани на ден.
Дистрибуцијата на вакцини на милиони Американци ќе биде, како што рече, логистички предизвик што надминува сè што досега беше испробано во САД, објави „Индипендент“.
„Мислам дека можеме да го сториме тоа. Убеден сум дека до летото ќе бидеме на добар пат да добиеме колективен имунитет или да вакцинираме 300 милиони Американци”, рече Бајден.
Бајден рече дека е убеден дека САД можат да го поразат коронавирусот, но дека ќе мора да се справуваат со ковидот и на почетокот на есента.
Европа
(Видео) Нови насилни протести во Холандија поради полицискиот час

Холандската полиција уапси 70 лица откако избувнаа нови немири трета ноќ по ред за време на протестите за одлуката на владата за воведување полициски час. Сепак, причините за вандализмот виден од Ротердам до Амстердам веќе не се толку јасни, особено што демонстрантите се тинејџери, пренесува „Ројтерс“.
Полицијата во Ротердам дури испукала неколку предупредувачки истрели и употребила солзавец.
Немирите започнаа минатиот викенд кога луѓето излегоа на улиците во знак на протест против новите построги мерки во борбата против коронавирусот.
In the Netherlands 🇳🇱 the situation is out of control. Police and rioters clash for second night in a row. #Rotterdam #Netherlands pic.twitter.com/NJuvjce2Es
— Based Finland 🇫🇮 (@Based_Finland) January 25, 2021
Началникот на полицијата Вилијам Велдерс изјави дека околу 70 лица биле уапсени синоќа до 22 часот, а водени топови биле користени против демонстрантите во Ротердам, додека солзавец бил употребен во Харлем за да се растера толпата.
Полицијата додаде дека напишале скоро 6.000 казни за кршење на забраната за движење во периодот од 21.00 до 4.30 часот.
Немирите на протестите од претходните денови во Холандија според многумина се најлошите сцени на насилство во таа земја во последните четири децении. Досега полицијата уапси околу 250 лица низ целата земја.
Свет
Ентони Блинкен е номиниран за државен секретар на САД

Одделението на американскиот Сенат за надворешни работи ја одобри номинацијата на Ентони Блинкен за државен секретар, откако американскиот претседател, Џо Бајден го предложи на оваа должност.
Со тоа, отворен е патот Блинкен да биде изгласан во Сенатот оваа недела и официјално како нов државен секретар.
Пред него, на позицијата државен секретар на САД беше Мајк Помпео од редовите на Републиканците.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот