Регион
Грција ги ублажува мерките – повторно дозволена музика во баровите и рестораните
Грција ќе ублажи дел од рестриктивните мерки што ги донесе минатиот месец поради пандемијата, па музиката повторно ќе биде дозволена во баровите и рестораните.
Тоа денеска го соопштија грчките власти посочувајќи дека одлучиле да ги омекнат мерките бидејќи се намалува притисокот врз болниците.
Тие потсетуваат дека минатиот месец беа преземени мерки за да не работат баровите, ноќните клубови и рестораните до полноќ, беше забрането стоење во клубови и пуштање музика, пренесе „Ројтерс“.
„Одлучивме да ги ублажиме ограничувањата имајќи го предвид текот на пандемијата во однос на бројот на случаи што се намалени во последните недели“, рече министерот за здравство, Танос Плеврис, во телевизиско обраќање.
Тој посочи дека и покрај постојаниот притисок врз здравствениот систем, стапката на прием и отпуштање од болниците и пократкото времетраење, како и полесната слика на болеста предизвикана од сојот омикрон во однос на делта-сојот, им овозможи на властите да ги олеснат ограничувањата.
Ограничувањата на капацитетот остануваат во сила за спортски настани, а двојната маска е задолжителна во супермаркетите и транспортот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ се огласи за штрајкот со глад на Весиќ: Министерот во оставка одбива храна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по посетата на штандовите на саемот за вино пред новинарите се изјасни за штрајкот со глад на министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во заминување, Горан Весиќ.
Вучиќ рече дека му е жал поради тоа.
– Жал ми е поради тоа, ако можам на кој било начин да стапам во контакт со него, ќе го замолам да не го прави тоа. Тоа е се што можам да кажам – рече претседателот.
Српеските медиуми потсетуваат дека Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија пет дена по трагедијата во Нови Сад.
Откако вчера излезе веста дека министерот во оставка Весиќ е меѓу 11-те уапсени за падот на настрешницата, тој на својот Фејсбук профил
објави:
„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад.
Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани.
Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече тој.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Регион
Силен земјотрес во Грција: се стресе островот Кос
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил на 36 километри од градот Кефалос на островот Кос на длабочина од 104 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета.