Свет
Делови од руски дрон пронајдени во Латвија
Делови од руски дрон „Гербер“ се пронајден на плажа во Латвија, а делови од ракета, веројатно употребена за соборување еден од авионите, се откриени во Полска, објавија локалните власти вчера и денес, пишува „Киев индепендент“.
Наодите доаѓаат нешто повеќе од една недела откога Русија го изврши најголемото кршење на воздушниот простор на НАТО од почетокот на нејзината инвазија на Украина во 2022 година кога најмалку 21 дрон влегоа на полска територија за време на масовниот напад врз Украина, анализираат медиумите.
Делот од опашката на дронот „Гербер“ е пронајден во близина на летонското село Варве, во западниот округ Вентспилс. Латвискиот министер за одбрана, Андрис Спрудс, потврди дека, според процената на војската, остатоците не содржеле експлозиви. Латвија е членка на НАТО.
Дроновите од типот „Гербер“ се дизајнирани како мамки за преоптоварување на украинската воздушна одбрана. Тие се направени од полистирен и иверика, тежат помалку од 20 килограми и имаат дострел до 600 километри. Се верува дека ова се беспилотните летала што го нарушија полскиот воздушен простор на 10 септември, според написите.
Латвиската премиерка Евика Силина побара од министрите за одбрана и внатрешни работи да контактираат со своите полски колеги за да утврдат дали пронајдениот дрон е еден од оние што беа забележани над Полска минатата недела.
„Наш приоритет е зајакнување на источната граница, но јасно е дека заштитата на брегот на Балтичкото Море со инсталирање на потребните сензори е еднакво важна“, напиша Силина на социјалната мрежа X.
Во исто време, полската воена полиција вчера објави дека делови од ракета се пронајдени во селото Чоини, на 70-ина километри од украинската граница. Се претпоставува дека ова е оружјето што е употребено за соборување на рускиот дрон. Полицијата соопшти дека нема повредени или материјална штета и дека е во тек форензичка истрага.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

