Свет
Дефинитивен крај на потрагата – 239 луѓе останаа засекогаш исчезнати

Потрагата по авионот на компанијата „Малезија ерлајнс“ MH370, што 90 дена ја спроведуваше приватна американска фирма, дефинитивно е завршена. Компанијата „Оушн инфинити“, со седиште во Хјустон, трагаше по авионот кој исчезна на својот лет од Куала Лумпур до Пекинг на 8 март 2014 година со 239 патници и членови на екипажот.
И по четири години од несреќата и натаму траат дебатите за тоа што всушност се случило со авионот, а семејствата на патниците сакаат потрагата да продолжи.
Во леталото имало 153 Кинези и 38 државјани на Малезија. Останатите патници биле од Иран, САД, Канада, Индонезија, Австралија, Индија, Франција, Нов Зеланд, Украина, Русија, Тајван и Холандија. Сите 12 членови на екипажот биле мажи.
Потрагата по малезискиот авион се смета за една од најголемите во историјата на воздухопловството, при што биле пребарани над 120 000 километри квадратни од Индискиот Океан.
Делови од урнатините на авионот беа пронајдени дури во близина на Мадагаскар, но не и трупот на леталото. Официјалната потрага, која вклучуваше тимови од Австралија, Малезија и Кина, заврши во јануари минатата година. Исчезнувањето на овој авион се смета за една од најголемите мистерии во авијацијата, наведува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.