Контакт

Европа

Европските земји со нови олабавувања на мерките

Објавено пред

Италија и Шпанија се меѓу земјите во Европа што планираат идна фаза на попуштање на мерките во борбата против коронавирусот.

Денеска, во Италија ќе бидат отворени поголем дел од продавниците, вклучително и барови, ресторани, кафулиња и фризерски салони, првпат по два месеца карантин.

Шпанија планира попуштање на мерките надвор од Мадрид и Барселона, а првпат ќе дозволи собир до 10 луѓе. Оваа одлука ја следи секојдневниот пад на бројот на починати и новозаболени.

Италија вчера забележа најмал дневен број на починати од март. Потврдени се 145 починати од последица на коронавирусот во изминатите 24 часа. Тоа е значаен пад во однос на рекордниот број од 900 починати на 27 март. Во Шпанија, пак, дневниот број на починати падна под 100 првпат од воведувањето на строгите мерки.

Експертите предупредуваат на опасноста од големи социјални собири. Во Шпанија повеќето од луѓето ќе излезат од карантин до крајот на оваа недела.

Што се однесува до другите европски земји, Белгија од денеска ги отвора основните и средните училишта, но под строи мерки за заштита. Португалија, Грција, Данска и Ирска исто така се меѓу земјите што планираат олабавување на мерките.

Во Полска, Германија и во Данска се отвораат кафулињата, рестораните, хотелите, салоните за убавина, а почнуваат со работа и основните училишта.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Научниците од Оксфорд кои работат на вакцина против коронавирусот, наидоа на препрека

Објавено пред

Тимот на научници од Оксфорд кој развива вакцина против коронавирус наиде на пречка кон својата цел. Тие веруваат дека заради падот на инфективноста на болеста, ќе биде потешко да се докаже дали вакцината е успешна или не, пишува британски „Телеграф“.

„Тоа е трка против времето и вирусoт кој исчезнува“, вели Адријан Хил, директор на Институтот Џенер.

„Претходно годинава, рековме дека постои 80% шанса дека ќе развиеме ефикасна вакцина до септември. Во овој момент, постои 50% шанса дека воопшто нема да ја добиеме“, изјавил експертот чија изјава ја пренесуваат „Ројтерс“ и „Телеграф“.

Хил очекува дека помалку од 50 луѓе, од 10.000 кои доброволно се пријавиле за тестирањата на Оксфорд, ќе бидат заразени со новиот коронавирус. Тој смета дека резултатите ќе бидат бескорисни ако се заразат помалку од 20 лица. Вакцината од Оксфорд во моментов е еден од фаворитите за борба против Ковид-19 и се очекува да премине во масовно производство, доколку се докаже нејзината ефикасност. Но, со оглед на изјавите на Хил, прашање е дали воопшто научниците од Оксфорд ќе ја создадат вакцината.

Претходно британските медиуми информираа и дека оваа вакцина не го запира вирусот во тестовите на мајмуни и можно е да има само делумна ефикасност во реалноста.

Во моментов се развиваат повеќе од 100 вакцини низ целиот свет. Британската влада инвестираше повеќе од 100 милиони фунти во истражувачкиот тим од Оксфорд и верува дека до септември ќе бидат подготвени 30 милиони дози. Дотогаш, ќе биде предизвик да се најде вакцина која е ефикасна.

Научниците од универзитетот Рокфелер во Њујорк откриле дека повеќето од опоравените од Ковид-19 кои не оделе во болница, немаат антитела.

„Тоа е многу голем предизвик. Би требало да можеме подобро од ова, но не знаеме дали ќе биде така“, вели Стенли Перлман, долгогодишен научник кој работи на истражување на коронавирусот на Универзитетот во Ајова.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Објавено пред

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ го пронашла во ресторан во центарот на Виена, иако на кафулињата и рестораните им е дозволено да работат до 23 часот, поради епидемијата на коронавирусот.

Ван дер Белен го потврдил инцидентот за весникот „Кронен Цајтунг“ и се извинил, велејќи дека се зазборел и заборавил на времето.

Полициските службеници дошле во контрола, при која на нивно изненадување, ги затекнале претседателот и првата австриска дама како по полноќ пијат на терасата на ресторанот.

Во Австрија, поради епидемијата, на кафулињата и рестораните им е дозволено да работат до 23 часот. Во спротивно, сопствениците можат да бидат казнети со глоба до 30.000 евра.

Ресторанот бил официјално затворен кога во него влегла полицијата.

„Навистина ми е жал. Тоа беше грешка“, рече Ван дер Белен.

Прикажи повеќе...

Европа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Објавено пред

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство.

Инфекцијата веројатно се случила на миса одржана пред пред две недели. Баптистичката заедница соопшти дека се почитувале сите епидемиолошки мерки, вклучително и физичко растојание, дезинфекција и заштитни маски.

„Овој пример покажува колку е важно сите ние, особено сега кога има олабавување на мерките, да останеме будни и да не дејствуваме невнимателно“, рече министерот за здравство на сојузната покраина Хесен, Кај Клосе.

Раководителот на канцеларијата за здравство во Франкфурт, Рене Готсчалк, објасни дека повеќето од заразените не покажуваат силни симптоми на болеста.

„Според нашите информации, само едно лице е во болница“, рече Клосе и додаде дека ситуацијата е под контрола.

Во сојузната покраина Хесен, верските собири беа повторно дозволени од 1 мај со строго придржување до мерките.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Регион8 часа

Во Црна Гора веќе нема заразени од Ковид-19

Во Црна Гора воопшто нема пациенти заразени со новиот коронавирус, по 68 дена од првиот регистриран случај, објави денеска Институтот...

Европа8 часа

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа10 часа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет15 часа

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија15 часа

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт16 часа

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет16 часа

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија16 часа

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион18 часа

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа18 часа

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Спорт18 часа

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот...

Регион19 часа

Бугарски новинар пронајден мртов во езерото Варна

Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија...

Свет1 ден

И Амазонската дождовна шума погодена од коронавирусот

И, Амазонската дождовна шума, значајна за балансирање на климата во светот и борбата против климатските промени, страда од пандемија на...

Спорт1 ден

Маса: Знам, но нема да откријам во каква состојба е Шумахер

Фелипе Маса поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер тврди дека има информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот возач...

Европа1 ден

(Видео) Поради коронавирусот илјадници Шпанци излегоа на улиците

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Шпанија на повик на десничарската партија Вокс, барајќи оставка на владата на премиерот Педро...

Топ1 ден

Од две возила со автоматски пушки пукано кон скопјанец во населбата Бутел

Скопјанец пријавил дека попладнево од две возила биле испукани стотина куршуми кон него. Престрелката се случила во скопски Бутел 2....

Македонија1 ден

Васил Огњановски: Му благодарам на семејството што спаси три животи, од кои едниот е татко ми

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го...

Македонија1 ден

Филипче: Бевме немоќни да го спасиме Иван – сега тој доби шанса за втор живот

„Сите ние, а и самиот пациент Иван Огњановски бевме свесни дека тој ги живее последните недели од својот живот, бидејќи...

Свет2 дена

(Видео) Американската морнарица претстави моќно ласерско оружје кое може да уништи авион во лет

Американската морнарица успешно тестираше ново оружје на воен брод. Станува збор за високо-енергетски ласер што може да сруши борбен авион...

Досие