Контакт

Европа

Еден загинат во поплави на југот на Италија

Објавено пред

 

Југот на Италија се соочува со поплави предизвикани од силни дождови, кои почнаа во недела попладне, а продолжија во понеделник, при што еден постар човек е првата жртва на поплавите, а евакуирани се неколку семејства.

Црвен аларм е на сила во регионот до полноќ, откако метеоролозите најавија дождови во текот на целиот ден, силни ветришта и бура на морската шир.

Во Палермо, загина 67-годишен маж, чиј автомобил бил однесен од водата, додека тој бил во него. Тројца други се спасени од нивното возило, од страна на пожарникари.

Луѓето од областа Катанија, беа предупредени од нивниот градоначалник да останат дома и да не излегуваат, освен ако не е многу потребно, а затворени се и сите училишта во Катанија, Таормина и регионот Калабрија.

Неколку семејства од Калабрија беа евакуирани превентивно, бидејќи се очекуваа поплави и понатаму.

Неколку реки на Сицилија се излеаја, при што беа отсечени патишта, а предизвикаа и одрони.

Панорамата во Балестрате, Палермо падна во неделата, а големи карпи блокираа железничка линија.

Поради лошото време беа откажани и повеќе ферибота кои сообраќаат на линија до повеќе острови, меѓу кои и Лампедуза.
На некои места нема струја. Жолт аларм има и за регионот на Сицилија.

Италија се бори со лоши временски услови последните две недели, а централниот дел е окован од снежни бури и температури длабоко под нулата.

Лошите услови ја отежнуваат работата на спасувачите по серијата земјотреси во регионот Аквила, кои пак предизвикаа смртоносна лавина која однесе цел хотел во вторникот./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Видео) Поранешен ученик рани најмалку 16 лица со пушка во училиште во Турција, а потоа се самоуби

Објавено пред

Тинејџер отворил оган во училиште, ранувајќи најмалку 16 лица, вклучувајќи ученици и наставници, во југоисточната турска покраина Шанлиурфи, пред да се самоубие, изјави гувернерот Хасан Шилдак за новинарите во понеделник, објавија новинските агенции.

Поранешниот ученик, на возраст од 19 години, отворил оган со пушка кон учениците и наставниците во средното училиште. Повредените биле итно префрлени во болница во округот Сиверек, рече Шилдак. Дванаесет од повредените се уште се во болница.

Мотивот за пукањето сè уште не е јасен.

Тој пукал неселективно
Младиот човек влегол во училиштето во округот Сиверек во покраината Шанлиурфи рано утрово и отворил оган неселективно, објави новинската агенција Демирорен.

Осомничениот првично се скрил во училиштето и одбил да се предаде и покрај повиците од полицијата, се вели во извештајот, пред да се самоубие, додаде Шилдак.

Прикажи повеќе...

Европа

Маѓар: Знам кој е „кумот“ на големото пријателство меѓу Вучиќ и Орбан

Објавено пред

Владата во која партијата Тиса ќе има мнозинство ќе го истражи наводниот обид за напад врз гасоводот кај Кањижа, изјави победникот на изборите во Унгарија и лидер на Тиса, Петер Маѓар.

Во интервју за Н1 Србија, тој рече дека му е важно односите меѓу Србија и Унгарија да останат добри, пред сè поради Унгарците во Војводина, иако вели дека знае кој е „кум“ на големото пријателство меѓу Александар Вучиќ, Виктор Орбан и Роберт Фицо.

Тој додаде дека не сака да се меша во внатрешните работи на Србија, но дека може да му каже на српскиот народ да „црпи сила од изборите во Унгарија“.

Истрага за наводен напад на гасовод
Петер Маѓар потсети дека за време на изборната кампања, на Велигден, се случила акција која наликувала на операција под лажно знаме, кога бил планиран наводен обид за напад на гасовод. Премиерот Виктор Орбан, според Маѓар, зборувал за тоа една недела претходно, најавувајќи дека нешто слично ќе се случи.

„Можам да кажам дека тоа било спроведено доста несмасно и било јасно дека организаторите се откажале од тоа и не отишле толку далеку колку што очекувале нивните претпоставени од Русија и Виктор Орбан. Мислам дека постапиле правилно бидејќи владата на Тиса ќе испита што точно се случило и дали имало реална опасност – бидејќи е можно да имало. Но, ако имало реална опасност, тогаш премиерот треба да ја води земјата, а не да глуми во претстава како што направи Виктор Орбан на Велигден, кој летал со хеликоптер и ја собрал целата унгарска пропаганда во работни шлемови и униформи за да се „плашат“ заедно“, рече тој.

Маѓар додаде дека во таква ситуација, премиерот мора да ја гарантира безбедноста на земјата.

„Граѓаните на Унгарија, како и граѓаните на Србија, со право очекуваат нивното раководство да обезбеди безбедност, развој и мир. Под владата на Тиса, во Унгарија ќе има ред, мир, безбедност и развој – тоа можам да го кажам“, рече тој.

За врските меѓу Орбан, Вучиќ и Фицо
Петер Маѓар рече дека би бил многу среќен да се сретне со српското раководство.

„Точно знам што се случува во Србија и знам какви врски постоеле, постојат и може да постојат меѓу владата на Орбан и Србија предводена од Александар Вучиќ, исто како што знам какви врски постојат меѓу Словачка на Роберт Фицо и Виктор Орбан. Отприлика знам кој стои зад овие односи, кој е ‘кум’ на овие големи пријателства“, додаде тој.

Сепак, тој нагласи дека за доброто на Унгарците што живеат во Србија, за Будимпешта е исклучително важно односите меѓу двете земји, кои во моментов можат да се сметаат за добри, да останат такви и да не зависат од поединци.

„Верувам дека ова е во интерес и на сегашното српско раководство и на Унгарците што живеат во Србија, како и во наш интерес. Отворен сум за соработка, без оглед на фактот дека веројатно за многу работи размислуваме поинаку од претседателот Вучиќ или српското раководство. Сепак, пријателството меѓу нашите народи и постојните добри односи се многу важни за нас. Можам да кажам дека нема да се мешаме во внатрешните работи на други земји. Самиот гледам какви се протестите и како властите се однесуваат кон нив“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Ова е роботот што ги брка дивите свињи во Варшава

Објавено пред

Иако сè уште се мачат да ги извршуваат секојдневните задачи, хуманоидните роботи стануваат бескраен извор на забава, од демонстрации на боречки вештини до играње тенис против луѓе.

Најновиот пример доаѓа од Варшава, каде што модифициран робот Unitree G1 беше снимен како брка стадо диви свињи на празен паркинг.

Снимката, која брзо стана вирална, го прикажува роботот по име Едвард Варчоки како трча по животните, само за да ја подигне тупаницата нагоре од фрустрација кога конечно ќе избегаат, објавува Futurism.

„Бркање диви свињи во шумата“, пишува во описот на профилот на роботот.

Проблемот со дивите свињи во Варшава
Полската престолнина веќе некое време се бори да ја контролира популацијата од неколку илјади диви свињи што се населиле во градот. Напорите за намалување на нивниот број вклучуваат и колење во станбени области.

Сепак, малку е веројатно дека бркањето на животните со многу побавни двоножни роботи ќе помогне во решавањето на проблемот во пракса.

Роботот како вирална сензација
Вистинската приказна зад приказната е дека Едвард Вархочки е дел од маркетиншки трик. Откако стана вирална сензација во Полска, тој дури и го посети полскиот парламент.

Претходните снимки го покажаа како настапува на сцена со пејачи, трча заедно со маратонци и дава изјави за медиумите заедно со локалните политичари.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

Симеоне и Флик се горди на своите фудбалери

Атлетико Мадрид, по девет сезони повторно ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите. На „Метрополитано“ во Мадрид, Барселона го победи...

Спорт5 часа

Слот не знае што прави – Гомез влезе во 45-та, го напушти теренот во 67-та минута

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен....

Спорт5 часа

Поранешен судија од Ла Лига: Ерик Гарсија заслужи црвен картон

Атлетико Мадрид, прв пат од 1997 година, загуби натпревар во нокаут фазата на домашен терен, но сепак успеа да ја...

Спорт6 часа

Екитике тешко се повреди, со солзи и на носилки го напушти теренот

Ливерпул испадна од европскиот првак, ПСЖ, во четвртфиналето, во Лигата на шампините. ПСЖ победи и во реваншот со 2:0 и...

Спорт6 часа

(Видео) Дембеле и на „Енфилд“ го реши Ливерпул

Бранителот на титулата во Лигата на шампионите, ПСЖ, избори пласман во полуфиналето. „Светците“ и во реваншот го победија Ливерпул со...

Спорт6 часа

(Видео) Барселона победи во Мадрид и испадна

Барселона го победи Атлетико во Мадрид (2:1), но испадна од Лигата на шампионите. Пресуди првиот натпревар во Барселона и победата...

Свет8 часа

Шпанска министерка: Израел ми забранува влез, а Европската комисија не презема ништо

Шпанската министерка за труд и социјална економија, Јоланда Дијаз, ги опиша изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за папата Лав...

Свет8 часа

Прва реакција од израелските власти по нападот од Италија

Откако Италија го суспендираше продолжувањето на договорот за одбрана со Израел поради тековната војна на Блискиот Исток, што претставува голема...

Свет9 часа

Финска на чекор до воведување на трет пол

Финска се движи кон законско регулирање на третиот пол, односно законско признавање дека постојат небинарни и интерсексуални луѓе кои не...