Контакт

Свет

ЕУ: Ракетата лансирана од Северна Кореја е нова провокација

Објавено пред

Проектилот лансиран од страна на Северна Кореја е уште една провокација, велат од Европската Унија.

„Овој чекор се коси со сите напори од страна на меѓународната заедница да изгради доверба, да обезбеди безбедност и да го одржи мировниот процес на Корејскиот Полуостров“, се вели во соопштение на ЕУ.

Реакцијата доаѓа кога Северна Кореја тестира балистичка ракета лансирана од подморница на отворено море, само еден ден по најавата дека ќе ги продолжи преговорите со САД.

„Би сакале да повториме дека од Северна Кореја очекуваме да се воздржи од овие активности кои се косат со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, а истовремено очекуваме и да биде посветена на кредибилни и значајни дипломатски преговори. Нашата крајна цел останува да ја оттргнеме Северна Кореја од програмите за нуклеарното и преостанатото оружје за масовно уништување, како и балистичките ракети со секаков дострел“, велат од ЕУ.

Унијата додава дека се надева на продолжението на преговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг за кои изрази голема поддршка со цел да се најде дипломатско решение кое ќе доведе до мир и безбедност на Корејскиот Полуостров.

Оваа ракета беше единаесеттата по ред што Северна Кореја ја лансира оваа година.

Европа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Објавено пред

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина против Ковид-19, одобрена од Русија, соопшти денеска портпаролот на СЗО.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека Русија е прва земја во светот што дала регулаторно одобрение за вакцина против Ковид-19, по помалку од два месеца минати во тестирања врз луѓе, што во Москва беше поздравено како доказ за вештината на руските научници.

Русија првата одобрена вакцина против Ковид-19 ја нарече „Спутник V“ за странските пазари, што е референца на првиот светски сателит и она што Москва го смета за свој успех бидејќи е прва земја која одобри вакцина против новиот вирус, изјави денеска висок официјален претставник.

„Ние сме во близок контакт со руските здравствени власти и во тек се разговори за евентуална проверка на безбедноста и ефикасноста на вакцината во рамки на СЗО, но ваквиот процес вклучува ригорозен преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедност и ефикасност“, рече портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ на брифинг во Женева, осврнувајќи се на клиничките испитувања.

Регулаторите низ целиот свет тврдат дека напорите да се добие вакцина против Ковид-19 што е можно побрзо нема да бидат на штета на безбедноста на вакцините.

На руските здравствени работници ќе им биде понудено доброволно да се вакцинираат.

Повеќе од 100 можни вакцини се развиваат низ целиот свет за да се запре пандемијата на Ковид-19. Најмалку четири се во последната, трета фаза на човечки испитувања.

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров:  Русија се надева дека ќе размени информации со Германија за убиството во Тиергартен  

Објавено пред

Русија одговори на сите прашања од Германија во врска со убиството во Тиергартен во Берлин и би сакал да добиеме дополнителни објаснувања од германска страна, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по разговорите со неговиот германски колега Хајко Маас, пренесува ТАСС.

„Нашите агенции им испратија сè што можеа на нашите германски колеги“, рече тој.

„И ние би сакале да добиеме потврда или доказ за тврдењата што канцеларијата на германскиот јавен обвинител ги изнесе кога рече дека Русија е директно вклучена во ова убиство. Ние допрва треба да слушнеме некој конкретен одговор“.

За возврат, Маас истакна дека судот сега го проучува случајот.

„Германската влада се согласи да почекаме до одлуката на судот“, истакна тој. „Начинот на кој ќе се класифицира овој чин ќе постави основа за нашата реакција. Ако во судската одлука биде нагласено соучеството на Русија, секако ќе реагираме соодветно“.

Четириесетгодишен грузиски државјанин беше убиен во Тиергартен на 23 август 2019 година, а истиот ден канцеларијата на Берлинскиот обвинител објави дека е уапсен осомничен. Според нивните информации, тоа е 49-годишниот руски државјанин Вадим К. Кој беше официјално обвинет на 18 јуни 2020 година.

Канцеларијата на германскиот јавен обвинител тргнува од претпоставката дека „во одреден момент, државните органи на руската централна власт наредиле обвинетиот да го елиминира грузискиот државјанин“.

Руската страна повеќе пати ги негираше тврдењата дека Москва е соучесник во убиството во Берлин.

Прикажи повеќе...

Свет

Чешка одби да прифати американски војници

Објавено пред

Чешките власти не гледаат причина да разместуваат во својата земја американски војници, изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш пред почетокот на преговорите до американскиот државен секретар Мајк Помпео, кој утринава пристигна во официјална посета на Чешка, пренесува „Спутник“.

Коментирајќи го преместувањето на 12.000 американски војници, во моментот распоредени во Германија, Бабош посочи дека не гледа смисол во тоа тие да бидат распоредени во Чешка.

„Не гледам причина зошто би требало да имаме американски војници во нашата земја. Ние сме сојузници на НАТО, во тој поглед ништо не се менува. Се уште не се знае каде ќе се упатат тие војнуци од Германија, но дефинитивно нема да тргнат кај нас, тоа прашање никогаш не било на дневен ред. Како што претходно реков, во преговорите со Помпео повеќе ме интересираат нашите трговски односи и работењето на нашите компании,“ нагласи тој.

Помпео утринава стигна во Прага, а утре ќе одржи преговори со Бабиш, по што има прием кај чешкиот претседател Милош Земан. Американскиот државен секретар во втората половина од денот ќе одржи говор пред членовите на Сенатот, горниот дом на чешкиот парламент, и ќе учествува во дискусијата на актуелни политички теми со нив.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Комисијата за заразни болести предлага наставата да се одвива онлајн, освен во првите одделенија

Ставот на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто...

Европа14 минути

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија57 минути

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија3 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија3 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија3 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија5 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет6 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија6 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ6 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет7 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет8 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет8 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет8 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет9 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа9 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет19 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет20 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија22 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет23 часа

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Досие