Свет
Жерар Депардје обвинет за силување

Познатиот француски актер Жерар Депардје (72) и формално е обвинет за сексуално насилство што наводно го извршил врз млада актерка во 2018 година откако француското обвинителство повторно го отвори случајот. Тој ги негира наводите.
Девојката го пријавила случајот во полиција во 2018 година велејќи дека и претхдно била силувана и оти во два наврата тоа се случило во куќата на Депардје во Париз. Според извор од истрагата, актерот му бил куќен пријател на семејството на девојката.
Обвинителот тогаш ја затворил истрагата, но летото 2020 година девојката успеала да ги убеди органите повторно да ја отворат постапката.
Депардје не е во притвор, но тој се наоѓа под судски надзор. Неговиот адвокат Ерв Темим изјави дека тој целосно ги отфрла обвинувањата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на околу 40 километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот Гербер, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта, Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дронови влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Свет
Трамп најави разговор со Путин во наредните денови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро би можел да разговара со рускиот лидер Владимир Путин.
„Мислам дека оваа недела или на почетокот на следната недела“, им рече Трамп на новинарите кога беше прашан кога би можел да разговара со Путин.
Како што објавија американските медиуми, во Вашингтон веќе се шпекулира за теми што би можеле да бидат на дневен ред – од ситуацијата во Украина и безбедноста во Европа, до прашања за билатералните односи и меѓународните кризи во кои и Москва и Вашингтон играат значајна улога.
Се очекува дека, доколку разговорот се одржи во наредните денови, ќе биде проследен со големо внимание од меѓународната јавност, бидејќи односите меѓу САД и Русија остануваат едно од клучните прашања на глобалната политика.
Фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони Ф-35.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како „чин на агресија“ и нагласи дека НАТО реагирал активно, вклучувајќи распоредување на холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и Варшава
фото: принтскрин