Свет
Почна доставата на лекови од СЗО во Авганистан
Амбасадорот на Пакистан во Кабул, Мансур Ахмед Кан, изјави денеска дека пакистанската национална авиокомпанија почнува да доставува медицински материјали од Светската здравствена организација (СЗО) до градот Мазар-е-Шариф во северен Авганистан.
Амбасадорот Кан на „Твитер“ објави дека државната компанија „Пакистан интернационал ерлајнс“ (ПИА) ќе организира хуманитарен воздушен мост во соработка со меѓународните агенции, пренесува агенцијата АП.
First PIA Cargo flight with WHO medical supplies from Islamabad to Mazar Sharif today. A humanitarian air bridge for essential supplies to Afghanistan in coordination with international agencies. Thanx PIA. @SMQureshiPTI @ForeignOfficePk @fawadchaudhry @PakinAfg @Official_PIA
— Mansoor Ahmad Khan (@ambmansoorkhan) August 30, 2021
Не беше јасно кога ќе почне транспортот на медицински материјали.
Најновиот развој на настаните доаѓа неколку дена откако СЗО побара помош од Пакистан за транспорт на медицински помагала во Авганистан по смртоносниот напад минатата недела на аеродромот во Кабул.
Главниот град на провинцијата Балк, Мазар-е-Шариф, беше заробен од талибанците на 14 август, ден пред да го заземат Кабул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

