Свет
Зајакната безбедноста на „Шарите“ по подобрувањето на состојбата на Навални

Полицијата го зајакна обезбедувањето во берлинската болница „Шарите“ бидејќи рускиот блогер Алексеј Навални, кој се наоѓа на лекување таму, сега може да разговара и веројатно се сеќава на деталите за тоа што се случило пред да падне во бессознание во авионот, пренесува ТАСС.
Полицијата не ја потврдила оваа информација.
„Не знаеме за овој напис, затоа не можеме да даваме никакви коментари. Подоцна ќе обезбедиме информации“, рекле од полицијата.
Болницата не ја коментираше состојбата на Навални поради доверливост. „Шпигел“ пишува дека клиниката ја зајакнала безбедноста бидејќи Навални ќе може да прими повеќе посетители откако ќе се подобри неговата состојба.
Навални беше пренесен во локалната болница во сибирскиот град Омск на 20 август откако му се слоши за време на летот Томск-Москва. Тој падна во кома и бил ставен на вентилатор во одделот за интензивна нега. На 22 август бил пренесен со хеликоптер во Берлин и примен во болницата „Шарите“.
Минатата недела германската влада тврдеше дека испитувајќи ги примероците земени од Навални, токсиколозите од Бундесверот дошле до заклучок оти тој бил отруен со токсичен агенс од групата новичок.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија останува подготвена за каква било соработка со Германија и посочи дека не биле откриени отровни материи во системот на Навални пред неговото пренесување во Берлин.
На 7 септември лекарите на германската клиника објавија дека Навални е разбуден од медицински предизвиканата кома и се одвикнува од механичка вентилација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и Украина за три дена разменија 1.000 затвореници

Русија и Украина ја завршија размената на по 1.000 затвореници, објавија руското Министерство за одбрана и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а тоа е најголемата таква размена од почетокот на војната пред три години.
Тридневната размена почна во петокот, а во неа учествуваа главно воени заробеници и уште 120 цивили. Во неделата двете страни размениле 303 затвореници.
„Денес, воините на нашите вооружени сили, Националната гарда, Државната гранична стража и Државната специјална транспортна служба се враќаат дома“, напиша Зеленски на апликацијата „Телеграм“.
Размената е единствениот конкретен чекор кон мир што произлезе од првите директни разговори меѓу завојуваните страни по повеќе од три години. Преговорите се одржаа на 16 мај, кога двете страни не успеаја да се договорат за прекин на огнот.
Украина, САД и другите западни земји повикаа на триесетдневен прекин на огнот без предуслови за да се овозможи почеток на мировните преговори. Се верува дека стотици илјади војници се ранети или убиени од двете страни во најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна, иако ниту една од страните не објави прецизни податоци за жртвите. Во конфликтот во кој руската страна жестоко ги бомбардираше украинските градови загинаа и десетици илјади украински цивили.
Во петокот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека по завршувањето на размената, Москва ќе биде подготвена да и претстави нацрт-предлог на Украина за долгорочен мировен договор.
Руските сили синоќа истрелаа 367 беспилотни летала и ракети врз украинските градови, меѓу кои и главниот град Киев. Според информациите на украинските власти, во нападот загинаа најмалку 12 лица, а десетици беа ранети. Руското Министерство за одбрана објави дека нејзините единици за противвоздушна одбрана пресретнале или уништиле 95 украински беспилотни летала за само четири часа, а градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин изјави дека 12 украински беспилотни летала биле пресретнати на пат кон главниот град.
Регион
Се судрија два автобуса во Хрватска

На автопатот А1 во правец кон Загреб, кај излезот Вучевица кај Сплит, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси.
Пријавата во полиција ја добила околу 13 часот и 45 минути, а на местото на несреќата веднаш биле испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и пожарникари, јави „Далматински портал“, пренесе „Индекс“
Нема жртви, а на шест лица ќе им биде укажана лекарска помош во болнинца (сите лица се свесни), а на останатите на кои им е потребна помош ќе им биде укажана на местото на настанот, соопшти полицијата.
Сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Во тек е увид, по што ќе бидат познати повеќе детали, како и информации за повредените лица.
Свет
Украина: Најмалку 12 загинати во руските напади со дрон, САД да извршат притисок

Најмалку 12 лица загинаа, а 60 се повредени во напади со руски беспилотни летала и ракети низ Украина, соопштија регионалните власти и службите за итни случаи.
Државната служба за вонредни состојби наведува дека меѓу загинатите има три деца во Житомир и еден маж на околу седумдесет години во јужниот град Миколаев.
Зеленски ги повика САД да извршат притисок врз Русија.
„Без навистина силен притисок врз руското раководство, оваа бруталност нема да престане. Во тоа секако можат да помогнат санкциите. Одлучноста сега е клучот – решителноста на САД, европските земји и сите оние ширум светот кои сакаат мир“, рече Зеленски.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта противвоздушната одбрана соборила вкупно 110 украински беспилотни летала над неколку региони низ земјата.