Свет
За носење бурка 150 евра казна во Австрија
Со новиот закон што стапи во сила денес во Австрија се забранува носењето на бурка на јавни места од први октомври. Забраната за бурката и за други покривки на лицето уследи по слични потези во други земји од Европската унија, почнувајќи од Франција во 2011 година.
Во Австрија, оние кои ќе го прекршат законот може да бидат казнети до 150 евра, во согласност со законот донесен од парламентот во мај и потпишан од страна на претседателот оваа недела. Другите мерки вклучуваат спречување на дистрибуција на екстремистички материјали, а од имигрантиte ќе се бара да потпишат “договор за интеграција”.
Дванаесетмесечниот договор за интеграција вклучува курсеви за “усвојување на вредности” и за германски јазик. Отсуството од курсот може да резултира со намалување на социјалната помош. Законот го подготви центристичката влада во екот на силната поддршка за екстремната десница и доаѓањето на 90.000 баратели на азил во 2015 година.
“Големата коалиција” на канцеларот Кристијан Керн се распадна минатиот месец, а предвремените избори беа закажани за 15 октомври. Партијата на слободата на екстремната десница, чиј кандидат беше блиску до освојување на церемонијалната позиција на претседател минатата година, се рангира високо во анкетите пред изборите,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
