Европа
Зеленски ги предупреди Русите: Дали сакате нова анексија? Ќе бидете сиромашни како во 1917 година
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека планира да го фалсификува референдумот за независност во делумно окупираните јужни региони Херсон и Запорожје.
Во видео пораката, Зеленски ги повика Украинците кои живеат под руска окупација во тие региони да не им даваат на руските сили какви било лични податоци, како што се броевите на пасошите.
„Ги повикувам жителите на јужните региони на Украина, Херсон и Запорожје, да бидат многу внимателни со информациите што им ги даваат на окупаторите“, изјавил Зеленски.
„Тие сакаат да го фалсификуваат таканаречениот референдум за вашата земја доколку дојде наредба од Москва да се одржи такво шоу. Тоа е реалноста. Бидете внимателни“, рече Зеленски.
Тој издал предупредување и за т.н Народна Република Херсон, како што руските сили ги нарекуваат окупираните територии во регионот, и соопштил дека нејзините планови нема да поминат.
„Ако некој сака нова анексија, тоа може да доведе до нови, силни санкции кон Русија. Ќе ја направите вашата земја сиромашна како Русија од граѓанската војна во 1917 година. Подобро е да се бара мир сега“, кажал Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русија: Украинците со дрон погодија службено возило на нуклеарната агенција на ОН
Русија ги обвини вооружените сили на Украина за вчерашниот напад на автомобил што се користеше за транспорт на експерти на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) велејќи дека некој можел да биде убиен.
Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, на денот на инцидентот изјави дека во вторникот беспилотно летало удрило и сериозно оштетило службено возило на Агенцијата на патот кон украинската нуклеарна централа „Запорожје“, која е под руска контрола, но дека нема жртви.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тогаш изјави дека тоа е намерен руски напад што покажува дека Москва воопшто не го почитува меѓународното право и институциите.
A Russian FPV-kamikaze drone attacked the official car of an International Atomic Energy Agency (IAEA) mission traveling to Zaporizhzhia Nuclear Power Plant in southeastern Ukraine.
No one was injured. The IAEA’s Director General Grossi called the incident “unacceptable”. pic.twitter.com/qUbn5vu0H9
— BREAKING NEWS: UKRAINE (@MrFukkew) December 11, 2024
Меѓутоа, руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Украина го нападнала тоа возило.
„Околу 15 часот, возило на МААЕ, кое се користело за транспорт на експерти од секретаријатот на Агенцијата, било нападнато на територијата контролирана од Киев“, соопшти Министерството.
„Во 16.37 часот Украина нападна руски конвој, кој се враќаше од населбата Каменскоје, кога на контактната линија донесе експерти од секретаријатот на МААЕ. Ја споделуваме огорченоста на раководството на Агенцијата (МААЕ) поради овие провокативни и непромислени дејства на режимот во Киев, кој не само што продолжува да врши злосторства со закани и напади врз руски нуклеарни постројки туку и се осмелува да ги стави персоналот на меѓународната организација и руски воен персонал на ротација во смртна опасност“, се вели во соопштението.
Европа
Мафијата заработува милијарди од туризмот во Италија
Мафијашките организации заработуваат 3,3 милијарди евра од туризмот во Италија, покажува истражувањето на институтот за испитување на јавното мислење Демоскопика објавено денеска.
Прометот и профитот на мафијата ќе се зголемат следната година, јубилејна за Римокатоличката црква, со милиони верници се очекуваат во Рим и 2026 година, кога ќе се одржат Зимските олимписки игри на северот на земјата.
Според истражувањата, мафијашката организација која најмногу профитира од туризмот е калабриската ‘Ндрангета, која заработува повеќе од 1,6 милијарди евра годишно. Камора, која работи главно во Неапол и околниот регион Кампанија, заработува повеќе од 950 милиони евра.
Организациите или поседуваат удели во хотели и ресторани или изнудуваат „пари за заштита“ од легитимни бизниси.
Европа
(Видео) Најмалку шест лица загинаа во рускиот воздушен напад врз Запорожје
Бројот на загинати во рускиот ракетен напад кој вчера уништи клиника во украинскиот град Запорожје се искачи на шест, додека уште четири лица се уште се под урнатините, соопштија регионалниот гувернер и итната помош.
Уште 22 лица се повредени, изјави гувернерот Иван Федоров на својот канал на Телеграм. „Сите служби за итни случаи на градот се на терен“, рече тој.
Russia bombed a hospital in Zaporizhzhia in Ukraine. The cowards only know murder.
Any state that attacks civilians, hospitals and medical personnel deserves to be disbanded. And those who order those atrocities should be tried as the murderers they are. pic.twitter.com/8Yk6TeCCmA
— Anonymous (@YourAnonCentral) December 10, 2024
Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека нејзините спасувачи успеале да ги извлечат двете жени од под урнатините на зградата во текот на ноќта. Фотографиите објавени на канал на Телеграм покажуваат спасувачи и машини кои работат во купишта урнатини од урнатата зграда.
Русија редовно изведува воздушни напади врз Запорожје и околината. Во нападот врз градот минатиот петок загинаа 10 лица, а повеќе од 20 беа ранети. Двете страни негираат дека целта на нивните напади биле цивили, велејќи дека нападите имаат за цел да ја поткопаат инфраструктурата клучна за меѓусебните воени напори.
Претседателот Володимир Зеленски во вторникот ги повика сојузниците на Украина да обезбедат уште 10-12 системи за противвоздушна одбрана Патриот за кои рече дека целосно ќе го заштитат небото на земјата. Од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, Украина постојано бараше од своите сојузници да обезбедат понапредни системи за противвоздушна одбрана.