Свет
Зеленски: Путин едно кажува, а друго прави, ќе разговарам со Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ветувањето на рускиот колега Владимир Путин оти нема да ја нападне енергетската инфраструктура е многу спротивно на реалноста откако Русија синоќа ја нападна Украина со беспилотни летала.
Зеленски додаде дека подоцна денеска ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп и очекува да слушне повеќе за телефонскиот разговор на Трамп со Путин.
„Дури и синоќа, по разговорот на Путин со Трамп, кога Путин рече дека наводно дава наредби да се запрат нападите врз украинската енергетска инфраструктура, во текот на ноќта беа лансирани 150 дрона насочени кон енергетски објекти“, рече Зеленски на прес-конференција во Хелсинки.
Нападите врз цивилните области, каде што беше оштетена болницата, следуваа по одбивањето на Путин да го поддржи 30-дневниот прекин на огнот за време на разговорите со Трамп.
Кабинетот на Трамп оцени дека разговорот меѓу Трамп и Путин е првиот чекор кон мирот.
Сепак, немаше индикации дека Путин се откажал од своите услови за иден мировен договор, на кој Киев жестоко се противи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

