Контакт

Европа

Земјотрес со јачина од 3,4 степени погоди огромна област со природен гас во Холандија

Објавено пред

Во средата изутрина земјотрес со јачина од 3,4 степени го погоди северниот холандски регион Гронинген, дом на една од најголемите европски области богати со природен гас, објави холандскиот метеоролошки институт.

Децениите екстракција на гас во Гронинген доведуваат до десетици помали потреси секоја година оштетувајќи илјадници домови и предизвикувајќи незадоволство меѓу локалните жители, што ги поттикна властите да наметнат ограничувања на активностите.

Земјотресот во средата е меѓу најсилните што некогаш го погодиле регионот, но засега нема пријавени жртви или штета.

По сличен силен земјотрес во јануари 2018 година, холандската влада вети дека до 2030 година целосно ќе го прекине производството и дека во наредните години ќе го намали што повеќе за што пократко време.

Екстракцијата на гас во областа треба да се намали на 19,4 милијарди кубни метри до октомври 2019 година, што е драстично помалку од максимумот од 54 милијарди кубни метри во 2013 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Шредер демонстративно го прекина интервјуто по новинарското прашање упатено до неговата сопруга

Објавено пред

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (75) и неговата сопруга Сојеон Шредер-Ким (51) присуствуваа на гала-донација во Берлин кога новинар на РТЛ сакаше да ја праша госпоѓа Шредер за тужбата што поранешниот сопруг ја поднел против нејзиниот сегашен сопруг. Тоа не му се допадна на поранешниот канцелар, кој го прекина интервјуто.

„Во медиумите има наслови за тужбата на вашиот поранешен сопруг“, рече новинарот, но пред да успее да го постави прашањето, Шредер го прекина.

„Готово е“, рече Шредер и замина со својата сопруга.

Господинот Јун од Кореја, поранешен сопруг на петтата сопруга на Шредер, го обвини за браколомство и бара 75.000 евра отштета.

Според германски „Билд“, во времето кога Шредер ја запознал Сојеон, таа сепак била мажена за Кореанецот.

Јун го обвини поранешниот канцелар дека е виновен затоа што му пропаднал бракот и се развел во 2017 година.

Шредер и Сојеон се запознале во 2015 година на состанокот во Јужна Кореја, кога работела како преведувач, а во 2018 година таа стана негова петта сопруга по ред.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Франција евакуирани речиси 900 мигранти кај Ла Манш

Објавено пред

Француската полиција евакуирала најмалку 900 мигранти од спортска сала и камп во близина на Ла Манш поради загриженоста на градските власти за безбедноста и хигиената на градот.

Портпаролот на северниот регион рече дека мигрантите, вклучително и голем број семејства со деца, биле преместени од градот Гранд Синте, пренесува АП.

Локалните медиуми посочуваат дека меѓу мигрантите веројатно има голем број Курди од Ирак.

Судот претходно нареди преместување на мигрантите за да се спречи зголемувањето на насилството и трговијата со луѓе во регионот.

Мигрантите, наводно, биле сместени во привремени засолништа и им било дозволено да се пријават за азил.

Активистите предупредуваат дека евакуацијата нема да ги спречи мигрантите да доаѓаат на северот на Франција со намера да преминат во Велика Британија.

Прикажи повеќе...

Европа

Ривера го повика Санчез на разговор

Објавено пред

Шпанскиот лидер на партијата на десниот центар Граѓани, Алберт Ривера, рече дека испратил писмо во кое бара средба со вршителот на должноста премиер, Педро Санчез, да се стави крај на политичкиот ќор-сокак и да се избегнат повторните избори.

Ривера постави три услови за да се откаже од спротивставување на владата на Санчез – ветување дека нема да се зголемат даноците, шанса повторно да се примени директно правило во Каталонија доколку регионалната влада ја отфрли идната пресуда во судењето на сепаратистите, како и отфрлање на пактот со баскиските националисти во Навара, пренесува „Ројтерс“.

Социјалистите на Санчез победија на изборите во април, но без доволно места сами да формираат власт.

Тоа е уште една потврда дека со доаѓањето нови партии политиката е поделена во Шпанија, четврта најголема економија на еврозоната.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и Законот за Јавно...

Македонија3 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет4 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет4 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет4 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија4 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија5 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет16 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет17 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија18 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион1 ден

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ1 ден

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет1 ден

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет1 ден

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Досие