Контакт

Свет

Израелски министер: Ова е погрешна насока, преговараме со нацистот и со неговиот спонзор

Објавено пред

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, на Х рече дека е јасно оти Израел не оди во вистинската насока во сегашната војна против Хамас. „Фактот што по 41 ден (шефот на Хамас, Јахја) Синвар сè уште може да води преговори за поставување услови за ослободување на заложниците вели дека не одиме во вистинската насока“, смета екстремно десничарскиот политичар.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека „дојде време воениот кабинет да почне да покажува сила, да ги прекине контактите и преку акции да му стави јасно до знаење на овој нацист и на неговиот катарски покровител дека отсега Израел ги поставува условите“. Тој додаде дека Израелците „требало да бидат тие што ги одбиваат преговорите“ веќе некое време.

„Тоа е единствениот начин да се вратат сите заложници и безбедноста на државата Израел“, заклучил тој, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Инаку, Смотрич е познат по своите контроверзни изјави и ставови. Така, претходно оваа година тој го негира постоењето на палестинскиот народ и рече дека тоа е концепт измислен пред помалку од 100 години.

Свет

Политико: Повеќе од 20 земји сакаат холандскиот премиер да биде новиот шеф на НАТО

Објавено пред

Холандскиот премиер Марк Руте обезбеди поддршка од две третини од земјите на НАТО за да ја предводи воената алијанса подоцна оваа година, изјавија двајца високи функционери за Политико.

dobivaj vesti na viber

„По многу интензивни дискусии меѓу сојузниците, сега дојдовме до точка каде што повеќе од 20 членки на НАТО се подготвени да го поддржат премиерот Руте како следен генерален секретар“, рече претставник на НАТО кој не беше именуван за да разговара за чувствителните внатрешни дискусии.

Руте, кој води кампања за функцијата од ноември, е единствениот номиниран од 31  членка на алијансата, рекоа официјални лица.

Според правилата на НАТО, генералниот секретар мора да се одлучува со „консензус“, што значи дека Руте сè уште треба да ја добие поддршката од сите преостанати земји.

Функционерот рече дека дискусиите „не се конечни“, но дека „зад неговата кандидатура има зголемен моментум“.

Се зголемува притисокот врз членките на НАТО да го одобрат Руте пред лидерскиот самит во Вашингтон во јули. Тој ќе го замени Јенс Столтенберг, кој е на чело на НАТО од 2014 година.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Пукање на автопат во Израел, вооружени цивили им возвратија на терористите

Објавено пред

Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот 1 кај Мале Адумим во централниот дел на земјата.

dobivaj vesti na viber

– Вооружени цивили убиле тројца терористи на лице место – соопшти полицијата.

Jerusalem Post јавува дека според првичните информации терористите го искористиле сообраќајниот метеж на автопатот.

Тие излегле од возилото и почнале да пукаат во луѓето кои седеле во нивните автомобили.

Се наведува дека двајца терористи биле застрелани и неутрализирани, а третиот кој се обидел да побегне потоа бил лоциран.

Од Брзата помош соопштија дека меѓу повредените има две жени на возраст од 23 и 30 години, како и еден 23-годишен маж кој е во критична состојба, додека двајца мажи се во средно тешка состојба.

– На повеќе локации имало ранети – соопштија од Итната помош.

Прикажи повеќе...

Регион

Четири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод на Србија.

dobivaj vesti na viber

Ова е четврти земјотрес што од утрово е регистриран во Хрватска.

Околу 05:00 часот е регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, кој ги разбудил дури и граѓаните на Неум.

Потоа беа регистрирани уште два послаби земјотреси со јачина од 2,6 степени.

Според податоците на Сеизмолошкиот завод на Србија, земјотрес во текот на претпладнето е регистриран и во Црна Гора. Тој земјотрес бил со јачина од 2,2 степени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет18 минути

Политико: Повеќе од 20 земји сакаат холандскиот премиер да биде новиот шеф на НАТО

Холандскиот премиер Марк Руте обезбеди поддршка од две третини од земјите на НАТО за да ја предводи воената алијанса подоцна...

Свет29 минути

(Видео) Пукање на автопат во Израел, вооружени цивили им возвратија на терористите

Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот...

Македонија40 минути

Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Димитар Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Без никаков повод, само...

Регион44 минути

Четири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод...

Македонија12 часа

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија13 часа

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија14 часа

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија14 часа

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...

Македонија16 часа

Швајцарија дозволува движење со старите пасоши, а Босна не ги признава ниту старите лични карти, рече Османи

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на...

Македонија17 часа

„ФЗО ниту беше известен, ниту учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптер“, се огласија од Фондот за Леонид

Од ФЗОРСМ се огласија преку зоопштение и велат дека од првиот момент со внимание го следат случајот на Л.И. од...

Топ17 часа

Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, син ѝ бил нападнат во училиштен двор...

Македонија18 часа

„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“

Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на...

Топ18 часа

Брат пукаше во сестра си и во нејзините два сина во Куманово – две од лицата починаа

Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ....

Македонија19 часа

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воената болница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од...

Македонија20 часа

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е 300 отсто, туку 90

Според претседателот на Комората на трговските друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија21 час

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски рече дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија21 час

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија24 часа

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија1 ден

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...

Свет1 ден

Кина остро ги критикува САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...