Свет
Израел објави фотографии од убиените војници во Либан

Армијата на Израел објави фотографии од своите осум војници кои беа убиени во јужен Либан.
Израел вчера потврди дека е убиен еден војник, а подоцна и веста за смртта на уште седуммина од нив.
Сега ги објавија своите фотографии и имиња.
Војниците беа идентификувани како Харел Етингер, Назар Иткин, Итаи Ариел Гиат, Ноам Барзилај, Алмкен Терефе, Идо Броер, Иџак Остер и Ор Манцур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Брнабиќ: Државата во одреден момент ќе мора да обезбеди образование за учениците

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека државата во одреден момент ќе мора да реагира и да им обезбеди на учениците образование и оцени дека и да почне наставата на 15 април, нема да може да се надополни изгубениот квалитет.
„Не сум компетентна да зборувам дали ќе успеат да надоместат, јас сум компетентна да зборувам за прекршување на законите, но здравиот разум, ако ме прашувате мене – дури и утре да почнат со настава, тоа не може да биде со таков квалитет. Државата во одреден момент ќе мора да реагира на начин за да се осигура дека учениците ќе имаат образование“, рече Брнабиќ.
Таа посочи дека блокадите на факултетите ги предизвикале пред се деканите на белградските факултети и ректорот на Универзитетот во Белград, Владан Ѓокиќ.
„Смешно е дури и да се мисли дека студентите се блокаторите зад ова, бидејќи ги нема доволно за да блокираат нешто, а не нивните факултети. Можеа само деканите и ректорот, и тие го направија тоа“, рече таа.
Свет
Манекенката која беше најдена полумртва покрај патот во Дубаи се разбуди од кома

Украинскиот модел на „Онли фанс“, Марија Ковалчук, која беше пронајдена во Дубаи со повеќе повреди по мистериозен пад, се разбуди од кома по голема операција. Нејзината состојба е стабилна, но бара долготраен третман, објавија нејзините пријатели, а пренесува „Дејли Мејл“.
Се вели дека сè уште не може да зборува, но нејзиниот живот не е во опасност. На девојката ќе и треба долго време за понатамошно лекување. Според лекарите, Марија била подложена на неколку операции откако била пронајдена во критична состојба без пасош, но сега е стабилна.
Анџелина Дорошенко, пријателка на Марија Ковалчук, за руските медиуми изјави дека состојбата на украинската манекенка е стабилна, но дека ја чекаат уште две посложени операции.
„Марија конечно си дојде на себе. Недамнешната операција беше успешна, а сега ќе следат уште две“, изјави Дорошенко.
Во исто време, роднините на Марија не откриваат детали што точно се случило. Мајката на девојчето изјавила дека ќе даде официјални коментари дури откако ќе заврши истрагата.
Дваесетгодишната украинска манекенка Марија Ковалчук исчезнала осум дена откако на пријателите им кажала дека е поканета на забава во хотел на 9 март. Според неколку украински медиуми, таа требала да дојде на настанот „со двајца мажи кои се претставиле како претставници на модниот бизнис“.
Како што пишува „Дејли Мејл“, манекенката и рекла на мајка си Ана дека ќе преноќи со тие претставници, но подоцна исчезнала. Медиумите објавија дека манекенката можеби учествувала на забава „Порта Поти“, каде богатите мажи наводно им плаќаат на манекенките големи суми пари за да учествуваат во понижувачки и срамни сексуални дејствијаа.
На крајот таа била пронајдена тешко повредена на патот во Дубаи во исклучително тешка состојба. Според полицијата во Дубаи, Марија се здобила со повреди откако сама влегла на „затворено градилиште“ и паднала „од височина“. Од полицијата тврдат дека до тој заклучок дошле по „обемна истрага“.
И покрај тоа, семејството Ковалчук ја отфрла оваа верзија на настаните и смета дека таа не паднала на градилиштето.
Регион
Убиен хрватски државјанин во Србија, неговото телото било фрлено на дното на бунар и покриено со бетон

Во селото Шеврљуге во западна Србија во октомври 2023 година беше пронајдено тело, а сега е утврдено дека се работи за хрватски државјанин.
Телеграф пишува дека хрватскиот државјанин најверојатно бил убиен, а потоа фрлен на дното на бунар и покриен со бетон за да се прикрие делото. Телото било пронајдено кога мештаните ангажирале машина за да го ископа бунарот за да утврди зошто нема вода во него. Телото, во фаза на распаѓање, било на длабочина од околу 1,5 метри.
Во истрагата е вклучен и Интерпол.
„Кога копале, нашле тело. Ова е првпат да се случи вакво нешто во селото“, изјави тогаш Мирољуб Миловановиќ, претседател на месната заедница. Една година пред ова откритие, сопственикот го чистел бунарот и тогаш немало ништо во него.
Последната претпоставка, по утврдувањето на идентитетот на жртвата, укажува дека се работи за конфликт меѓу криминални кланови, пишува Телеграф. Жртвата и била позната и на хрватската и на српската полиција.
„Во моментот кога беше пронајдено телото немаше исчезнати лица во Србија и областа Косјериќ. Телото беше во фаза на распаѓање, па идентификацијата беше извршена врз основа на ДНК анализа, со учество на Интерпол и со помош на информации добиени во странство“, посочи извор од истрагата.