Свет
Илјадници верници во Индија на ритуално капење во реката Ганг
Индија објави рекордни 168.912 случаи на коронавирус, што е најголем дневен број во светот. Во исто време расте загриженоста за понатамошно ширење на заразата бидејќи стотици илјади верници одат на ритуално капење во реката Ганг.
Секое шесто лице новозаразено од коронавирус во светот доаѓа од Индија. Бројот на нови случаи денеска го надмина бројот на заразени во Бразил и изнесува 13,53 милиони.
Целосното отворање на индиската економија по затворањето минатата година, масовните верски фестивали и политичките митинзи во земјите во кои се одржуваат изборите го влошија вториот бран на заразата, велат експертите.
Во Харидвар, град на северот на земјата, речиси милион верници се собраа на бреговите на Ганг, река што многу хиндуси ја сметаат за света, за да му се приклучат на повеќемесечниот фестивал „Кумб Мела“, ризикувајќи зголемување на бројот на заразени.
Неколку од нив носеа маски додека се туркаа во водата.
Властите наметнаа задолжително тестирање на оние што се приближуваат до областа, додека полицијата се бори да ја задржи толпата.
Во четири големи држави овој месец треба да се одржат и избори, а премиерот Нарендра Моди треба да отпатува во западен Бенгал за да се појави на митинг, што се очекува да привлече илјадници луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот шеф за безбедност: Подготвени сме за долготрајна војна
Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Ларијани, изјави дека Иран е подготвен за долготрајна војна и дека иранските вооружени сили не учествувале во напади освен во самоодбрана.
Во објава на платформата „Икс“, Ларијани порача дека Иран не го започнал овој конфликт и дека ќе се брани без оглед на цената.
Тој претходно порача дека Иран нема да преговара со САД. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека новото иранско раководство сака разговори и дека тој е подготвен за тоа.
Фото: Depositphotos
Свет
Кина го поддржа Иран во одбрана од нападите, повика на итен прекин на воените операции
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во телефонски разговор со иранскиот колега Абас Арагчи изјави дека Пекинг го поддржува Техеран во одбрана на неговиот суверенитет и територијален интегритет во услови на американско-израелски напади, пренесе АФП.
Според кинеската државна телевизија ЦЦТВ, Ванг порача дека Кина го поддржува Иран во заштита на неговите „легитимни права и интереси“.
Во разговори со министрите за надворешни работи на Оман и Франција, Ванг ги повика САД и Израел веднаш да ги запрат воените операции и да се избегне понатамошна ескалација. Тој ги обвини Вашингтон и Тел Авив за „намерно поттикнување војна“ и оцени дека со тоа се прекршуваат принципите на Повелбата на ОН.
Кина, како што наведе, е подготвена да одигра конструктивна улога преку Советот за безбедност на ОН, а иранското нуклеарно прашање, според него, треба да се врати на патот на политичко и дипломатско решение.
Фото: Depositphotos
Свет
Руте: НАТО нема да учествува во воените операции против Иран
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата нема да учествува во воени операции против Иран и дека станува збор за кампања што ја предводат САД и Израел.
„Не, ова е јасно кампања што ја предводат Американците и Израелците“, изјави Руте за Би-Би-Си, одговарајќи на прашање дали силите на НАТО ќе бидат вклучени.
Тој додаде дека сојузниците на НАТО и пријателите во регионот се соочуваат со, како што рече, неселективни напади од Иран и дека Европа апсолутно ги поддржува американските потези, оценувајќи дека Иран претставува закана за Европа, Израел и поширокиот регион.
Руте посочи дека имал повеќе разговори со американски претставници и дека Вашингтон и НАТО тесно координираат, но одби да открие дали однапред знаел за нападите.
Изјавата доаѓа во услови на ескалација на конфликтот меѓу Иран од една страна и Израел и САД од друга, со меѓусебни ракетни и дрон-напади и вклучување на Хезболах во борбите од јужен Либан.

