Европа
Институтот за војна: Украинските напади на два клучни моста, најверојатно, ќе предизвикаат значителни логистички проблеми за руската војска
Украинските напади на два клучни моста што го поврзуваат окупираниот полуостров Крим со регионот Херсон, окупиран од Русија, најверојатно ќе предизвикаат значителни логистички проблеми за руската војска, соопшти Институтот за проучување на војната (ISW).
Украина вчера изврши прецизни ракетни напади на мостовите Чонхар и Хеническ. Руски извори објавија фотографии на кои се гледа значителна штета на мостот Хеническ и наведуваат дека тој дури и делумно се урнал. Наводно, мостот Чонхар претрпел помала штета.
NEW: #Ukraine struck two key road bridges along critical Russian grounds lines of communication (GLOCs) connecting occupied #Crimea & occupied #Kherson causing Russian forces to reroute road traffic from shorter eastern routes to longer western routes. https://t.co/USrGNocJm0 pic.twitter.com/a1pfQnh7Eo
— ISW (@TheStudyofWar) August 7, 2023
Засега не е познато колку брзо руските власти ќе успеат да ги санираат споменатите мостови. Руската војска можеби ќе треба да користи рути поблиску до украинските позиции во горниот регион Херсон, што значи дека во многу случаи тие ќе бидат во артилериски дострел, според ISW.
РосЗМІ повідомляють про вибухи на Чонгарському мосту.
Це підтвердив колаборант Владімір Рогов. За його даними, було чутно 3-4 вибухи.
Також є інформація прильоти в районі мосту в тимчасово окупованому Генічеську, який веде на Арабатську стрілку. pic.twitter.com/KHGcmKyluy
— ҐРУНТ (@grntmedia) August 6, 2023
„Руските сили веројатно можат да ги намалат ризиците од напад со користење на побавни и помалку ефикасни селски патишта, но по цена на побавна и покомплицирана логистичка поддршка“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

