Контакт

Свет

Иран ќе ѝ дозволи на МААЕ да ги следи неговите нуклеарни локации

Објавено пред

Техеран ќе и дозволи на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да ги следи иранските нуклеарни локации преку камери.

Ова беше објавено по разговорот со шефот на надзорниот орган на ОН за нуклеарна енергија, Рафаел Гроси.

Оваа информација ја потврдија иранските медиуми, цитирајќи го иранското тело за атомска енергија, објави денеска „Ројтерс“.

„ Се договоривме да ги замениме мемориските картички од надзорните камери на МААЕ“, рече Мохамед Еслами, цитиран од полу-официјалната новинска агенција ИЛНА.

Само еден ден претходно, иранските државни медиуми тврдеа дека МААЕ нема да има пристап до снимки од камери за надзор на нуклеарни локации во Иран.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Кина почнува со вакцинација на деца од три години

Објавено пред

Во Кина децата на возраст од три години ќе почнат да примаат вакцини против Koвид-19, каде што 76 отсто од населението е целосно вакцинирано, а властите одржуваат политика на нулта толеранција кон вирусот.

Градските и провинциските власти во најмалку пет провинции во последните денови објавија известувања во кои најавуваат дека децата на возраст од 3 до 11 години ќе мора да се вакцинираат, пренесува агенцијата АП.

Провинциите Хубеи, Фуџиан и Хаинан издадоа известувања на ниво на провинција што укажуваат на нови барања за вакцинација, додека поединечни градови во провинциите Жеџијанг и Хунан исто така објавија слични известувања.

Проширувањето на кампањата за вакцинација доаѓа во време кога одредени делови на Кина преземаат нови мерки за борба против вирусот.

Северозападната провинција Гансу, која е силно зависна од туризмот, денеска ги затвори сите туристички локации откако откри нови случаи на Ковид-19. На жителите во делови од Внатрешна Монголија им е наредено да останат во затворени простории.

Кинеската национална здравствена комисија објави дека се откриени 35 нови случаи на локално пренесување на вирусот во изминатите 24 часа, од кои четири во Гансу. Уште 19 случаи се откриени во регионот на Внатрешна Монголија, а другите се низ целата земја.

За време на пандемијата, Кина примени ограничувања, карантини и задолжително тестирање за вирусот, и во голема мера ги искорени случаите на локална инфекција и целосно вакцинираше 1,07 милијарди луѓе во население од 1,4 милијарди.

Кина одобри две вакцини во јуни, вакцината „Синофарм“ од Институтот за биолошки производи во Пекинг и вакцината „Синовак“ за деца на возраст од 3 до 17 години, но во моментов се вакцинираат само деца на возраст од 12 години и постари.

Во август, регулаторите одобрија друга вакцина – „Синофарм“ – од Институтот за биолошки производи во Вухан.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Силна експлозија на универзитет во Кина

Објавено пред

Две лица загинаа, а најмалку девет се повредени во силна лабораториска експлозија на универзитет во источна Кина.

На социјалните мрежи се појави и видео од експлозијата.

Експлозијата се случи на Универзитетот за аеронаутика и астронаутика во Нанџинг.

Прикажи повеќе...

Свет

Милиони луѓе во Авганистан се во опасност да умрат од глад

Објавено пред

Милиони Авганистанци, вклучително и деца, би можеле да умрат од глад доколку не се преземат итни мерки за враќање на нивната земја од работ на колапс, рече Извршниот директор на Светската програма за храна (WFP), Дејвид Бисли, кој повика на ослободување на замрзнатите средства од Авганистан за хуманитарни цели.

Бисли за „Ројтерс“ изјави дека 22,8 милиони луѓе, повеќе од половина од 39-те милиони жители на Авганистан, се соочуваат со акутна несигурност кога станува збор за храната и штрајкуваат со глад, во споредба со 14 милиони пред само два месеци.

„ Децата ќе умрат. Луѓето ќе гладуваат. Работите ќе се влошат многу“, рече Бисли во Дубаи.

Според него, предвидувањата се остваруваат многу побрзо од очекуваното.

„ Кабул падна побрзо отколку што некој очекуваше, а економијата паѓа побрзо од тоа“, рече Бисли.

Тој истакна дека доларите наменети за развојна помош треба да се насочат кон хуманитарна помош, што некои земји веќе го направиле или замрзнатите средства да се насочат преку агенцијата.

„Треба да ги одмрзнете овие средства за да можат луѓето да преживеат“, истакна Бисли.

На Агенцијата за храна на ОН и се потребни до 220 милиони долари месечно за делумно да нахрани речиси 23 милиони ранливи луѓе како што се приближува зимата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ9 минути

Тешка сообраќајка во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени по сообраќајка во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата го...

Свет17 минути

Кина почнува со вакцинација на деца од три години

Во Кина децата на возраст од три години ќе почнат да примаат вакцини против Koвид-19, каде што 76 отсто од...

Свет2 часа

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата, по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Забава3 часа

Почина Џејмс Мајкл Тајлер, актерот од серијата „Пријатели“

Актерот Џејмс Мајкл Тајлер ја загуби битката со ракот на 59-годишна возраст. Актерот кој го глумеше Гинтер во хит серијата...

Свет3 часа

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет3 часа

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион14 часа

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион17 часа

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија18 часа

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ19 часа

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион21 час

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион23 часа

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет23 часа

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ24 часа

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Македонија2 дена

(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери....

Свет2 дена

Русија се соочува со рекорден број починати и заболени со коронавирус – Путин донесе построги мерки

Во Русија, петти ден по ред, е поставен нов рекорд, 1.075 починати од Ковид-19 и 37.678 нови инфекции во изминатите...

Македонија2 дена

Две дози вакцина примиле 46 отсто од полнолетните граѓани, а 4.720 примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.830 дози вакцини, од кои 638 се аплицирани како прва доза, 1.472...

Свет2 дена

Австрија ги заострува мерките – воведува „локдаун“ за невакцинираните

Во Австрија од 1 ноември вработените ќе можат да доаѓаат на работа само доколку се вакцинирани, ако прележале коронавирус или...

Досие