Свет
Истражување на Кембриџ: Климатските промени можеби имале важна улога во пандемијата
Климатските промени можеби играле клучна улога во пренесувањето на коронавирусот на луѓето, принудувајќи одредени видови лилјаци во поблизок контакт со нив, покажува новата британска студија. Вирусот кој уби повеќе од два милиони луѓе и предизвика глобално затворање веројатно потекнува од лилјаците во Југоисточна Азија, се додава во студијата.
Истражувачите од Универзитетот во Кембриџ во своето истражување користеле податоци за температурата, врнежите од дожд и промените на вегетацијата во изминатите сто години за да моделираат движење на популацијата на десетици видови лилјаци врз основа на условите што им се потребни за да живеат.
Откриле дека во минатиот век околу четириесет видови лилјаци се преселиле во јужна Кина, Лаос и Мјанмар, области каде што, според резултатите од генетска анализа, се појавил вирусот САРС-КоВ-2. Бидејќи секој вид лилјак носи просек од 2,7 коронавируси, научниците велат дека околу сто видови коронавирус сега се концентрирани во тоа „жариште“.
„Бидејќи климата ги менуваше живеалиштата на лилјаците, некои видови напуштија една област и мигрираа во друга, носејќи ги своите вируси со себе“, рече главниот автор на студијата, Роберт Мејер, зоолог од Кембриџ.
„ Ова веројатно доведе до нови интеракции помеѓу животните и вирусите и придонесе за развој и пренесување на повеќе штетни вируси. Не тврдиме дека пандемија не би постоела без климатски промени, но без сомнение оваа миграција на лилјаците предизвикана од климата, не ѝ одмогна на пандемијата”, нагласи Мејер.
Иако точниот синџир на пренесување на вирусот САРС-КоВ-2 од животни на луѓе допрва треба да се утврди, Мејер забележува дека климатските промени и уништувањето на живеалиштата во Азија довеле до никогаш поблизок контакт со луѓето.
Студијата, објавена во списанието „Наука за целата животна средина“ (Science of the Total Environment), ги повика владите да ја ограничат урбаната експанзија и проширувањето на земјоделството бидејќи тоа ќе го намали ризикот од друга пандемична болест која е ендемична во дивиот свет.
„ Фактот дека климатските промени можат да го забрзаат пренесувањето на патогени микроорганизми од животинскиот свет кај луѓето, треба да биде итен повик за будење за да се намалат штетните емисии на глобално ниво“, рече Камило Мори од Универзитетот на Хаваи, кој учествуваше во студијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија со Трамп; „Киев да престане со политичката уцена“
Унгарија се приклучува кон Американскиот мировен комитет и, како што вели шефот на дипломатијата Питер Сијарто, сака да учествува во медијацијата не само во Газа, туку и во Украина, додека во исто време вели дека Будимпешта нема да се согласи на, како што тврди, политичка уцена од Киев.
Сијарто изјави во Вашингтон дека овој комитет може да се справи не само со ситуацијата во Газа, туку и со конфликтот во Украина, објави „МТИ“.
Унгарскиот министер истакна дека новиот светски поредок зависи од билатералните односи, меѓувладината соработка и личните контакти, и дека дипломатските напори на американскиот претседател Доналд Трамп нудат шанса за мир, споредлива со Абрахамовите договори од 2020 година што ги нормализираа односите меѓу Израел и арапските земји.
Покрај својата улога во мировните напори, Унгарија ги штити своите енергетски интереси. Сијарто ја критикуваше Украина за она што тој го тврди како обид за политичка уцена во врска со прекинот на испораките на сурова нафта преку нафтоводот „Дружба“.
Свет
„Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж“: Мерц не гледа брз крај на војната во Украина
Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека има мали шанси за брз крај на војната во Украина преку преговори.
Тој изјави за германските весници НБР и „Рајнфалц“ дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“.
„Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, рече Мерц.
Според него, целта на европските напори е „да се спречи руската држава воено да ја продолжи војната и нејзиното финансирање“, според „Шпигел“. Мерц рече дека смета дека е практично невозможно нормалните односи со Путин некогаш да се вратат.
„Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж“, рече германскиот канцелар.
Според Мерц, руската „владејачка елита“ не може без војна во догледна иднина и мора да ја држи воената машина во функција бидејќи немаат план што друго да прават со стотици илјади војници, од кои некои се тешко трауматизирани, кога ќе се вратат од фронтот.
Регион
(Видео) Јахорина: Детето кое падна од жичарата претрпе сериозни повреди
Детето, кое вчера падна од жичарницата на планината Јахорина, е надвор од животна опасност, соопштија утрово за „БН ТВ“ од болницата во Источно Сараево.
„Детето е згрижено, претрпе фрактура на бутната коска, што е сериозна физичка повреда, и е испратено во матичната установа во Нови Сад на понатамошно лекување“, изјавија од болницата за „БН ТВ“.
Медиумите потсетуваат дека вчера се случи непријатен настан на Јахорина, кога едно дете беше оставено да виси од жичарницата, а потоа падна на земја од висина од неколку метри.
Сето ова го забележаа скијачите кои случајно се најдоа таму.
Полициската управа Источно Сараево досега не го коментирала случајот, според медиумите во регионот.
Како што изјавија од Олимпискиот центар Јахорина, наскоро ќе биде објавено соопштение во врска со овој настан.

