Контакт

Европа

Италијански медиуми: Од рушевините под мостот извлечени уште четири тела

Објавено пред

Под рушевините на мостот во Џенова пронајдено е телото на 30-годишен маж, со што бројот на жртви се искачи на 42-ца. Италијанските медиуми пренесоа дека претходно во текот на ноќта биле пронајдени телата на трочлено семејство, но локалните власти не можат да ја потврдат информацијата.

„АНСА“ наведе дека телата биле пронајдени во автомобил што бил смачкан од бетонски блок, а се работело за семејство што одело на одмор.

Се верува дека десетици лица сѐ уште се наоѓаат под урнатините, порадишто спасувачките служби продолжуваат со потрагата.

Во Италија денеска е прогласен Ден на жалост, а предвидена е литургија и погреб на жртвите. На церемонијата ќе присуствуваат и претседателот и премиерот на Италија, Серџо Матарела и Џузепе Конте. Погребната церемонија ќе биде пренесувана во живо на Радио и телевизија на Италија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Кабинетот на Меј: По брегзит приоритет се висококвалификуваните мигранти

Објавено пред

Од

Mинистерскиот кабинет на британската премиерка Тереза Меј се согласи миграцискиот систем на Британија по брегзит да се фокусира на висококвалификувани работници мигранти, но и да им овозможи на компаниите да ангажираат помалку квалификувани странски работници, објави Фајненшал тајмс денес.

Минатата недела официјалните британски експерти препорачаа да им се даде приоритет на работниците мигранти со висока квалификација по напуштањето на Британија од ЕУ и дека работниците од земјите на Унијата не треба да имаат посебна наклоност од компаниите кога ќе ги ангажираат, а таквите предлози загрижија некои бизнис-лидери.

„ФТ” денес пишува дека, иако министрите ги поддржаа експертските предлози на состанокот во понеделникот, идејата да не им се дава приоритет на работниците од ЕУ може да се промени ако или кога Велика Британија ќе постигне трговски договор со ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Нов вирус пристигна од Африка во Европа, Србија воведе засилени контроли на граничните премини

Објавено пред

Од

Српското Министерство за здравство објави дека во земјата се воведени мерки за зајакнување на контролата на граничните премини. Причината за ваквите зајакнати мерки е појавата на првите случаи на таканаречени мајмунски сипаници во западноевропските земји. Тоа е вирусно заболување за кое нема вакцина.

Во Србија е формирана и посебна работна група за следење и контролата на оваа болест, пишува српски „Блиц“.

„Формирана е посебна работна група за следење и контрола на т.н. мајмунски сипаници, а српското Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје „Батут“, Санитарниот инспекторат и другите здравствени установи ќе ги преземат сите неопходни мерки за надзор и превенција за спречување на појавата на оваа болест во Србија“, посочиле од министерството за здравство за тамошните медиуми.

Пријавени случаи на оваа болест има во Велика Британија. Со вирусот биле заразени патници кои дошле од Нигерија, а пријавено е во Европскиот центар за превенција и контрола на заразни болести.

Вирусот се пренесува кај луѓето преку јадење месо или контактирање на заразени животни. Иако ретко се пренесува од човек на човек, од животното кај човекот може да се пренесе низ рани или слузта. Од човек на човек вирусот може да се пренесе преку близок контакт со лезии на кожата на заразеното лице или со респираторни капки за време на продолжен контакт со заразено лице во лице.

Најмногу од вирусот се заразуваат децата. Луѓето кои добиле вакцина против големи сипаници имаат помал ризик од инфекција. Во Африка смртноста од вирусот е од четири до 22 проценти.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција не дозволи укотвување на„Аквариум” во Марсеј

Објавено пред

Од

Франција во моментов не е подготвена да дозволи укотвување на медитеранскиот спасувачки брод „Аквариум” во пристаништето во Марсеј и истоварување на неколку десетици имигранти, рече денеска францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

„За сега, одговорот е не”, одговори Ле Мер на прашањето дали Париз е подготвен позитивно да одговори на барањето на хуманитарните организации бродот да се укотви и да се истоварат 58 луѓе.

Според европските правила, на бродовите треба да им се дозволи да се укотват во најблиското пристаниште, рече Ле Мер и додаде дека Марсеј не е најблизок.

Во јуни, Италија им забрани на бродовите од невладините организации да пренесуваат мигранти во нејзините пристаништа, што беше остро критикувано од Брисел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа без струја, пациентите во неизвесност

Пациентите во Центарот за дијализа во Железара повеќе од 2 часа чекаат да им се изврши прочистување на крвта, бидејќи...

Македонија16 минути

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не не’ напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) “Лево од мене, слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион42 минути

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија1 час

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат...

Свет2 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет2 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ2 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет6 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт14 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија20 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија21 час

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија21 час

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија22 часа

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Виница Виница
Македонија22 часа

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија24 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет1 ден

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија1 ден

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ1 ден

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести1 ден

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа1 ден

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Досие