Контакт

Свет

Капетанот на крузерот последен го напушти бродот

Објавено пред

Речиси еден месец откако на крузерот на американската туристичка компанија „Дајмонд принцес“ се појави епидемија на коронавирусот, капетанот Џенаро Арма го напушти бродот. Тој беше последен што се симна од крузерот.

dobivaj vesti na viber

Во еден момент бродот беше најголемо жариште на епидемијата надвор од Кина, потоа и Јужна Кореја, Италија и Иран. По детектирањето на заразата на бродот, тој беше закотвен во јапонскиот град Јокохама и ставен во карантин.

Најмалку 705 од 3.711 патници и членови на екипажот беа заразени, а шестмина починаа. Карантинот требаше да трае две недели, а на крајот за дел од патниците и членовите на екипажот беше продолжен до 1 март кога последните патнции и членови на екипажот го напуштија бродот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бебе се борело за живот додека родителите барале донор кој не е вакциниран од Ковид

Објавено пред

Бебе чии родители не дозволиле да прими трансфузија на крв од дарител вакциниран против Ковид-19, денеска беше подложено на неопходна операција на срцето во Нов Зеланд.

dobivaj vesti na viber

Сју Греј, адвокатка на родителите на кои судот привремено им го одзеде старателството затоа што операцијата на детето е од витално значење, за новозеландската телевизија RNZ изјави дека момчето имало интервенција и се чувствува добро.

Високиот суд на Нов Зеланд во средата одлучи дека детето идентификувано само како „Бебе V“ треба да биде ставено под старателство на здравствените власти, за да може да има операција на отворено срце во болница во Оукленд.

Шестмесечното бебе немаше да преживее без оваа итна операција поради вродена срцева мана, пишува „Гардијан“.

Неговите родители рекле дека не сакаат да дозволат операција доколку не им се гарантира дека детето ќе добие крв од невакцинирани дарители.

Детето е ставено под грижа на педијатриски кардиохирург до завршување на операцијата и завршување на постоперативниот период, можеби до јануари 2023 година. За сите други работи, родителите го задржуваат старателството.

Родителите првично рекоа дека нема да се жалат на судската одлука и дека ќе го поддржат детето за време на операцијата, но подоцна во четвртокот судијата мораше да им нареди да им дозволат на лекарите да се подготват за интервенцијата, откако болницата рече дека ја попречуваат подготовката за операцијата и спречувајќи ги лекарите да му даваат на детето тест на крвта, рендген на градниот кош и подготовка за анестезија.

Овој случај предизвика и протест кај луѓето кои се против вакцинацијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Шојгу: Ние сме наследници на генерацијата победници

Објавено пред

Вооружените сили на земјите членки на Шангајската организација за соработка и Комонвелтот на независни држави играат сè поголема улога во одржувањето на регионалната безбедност.

dobivaj vesti na viber

Шојгу, на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на ШОС и ЗНД во Москва, рече дека Министерството за одбрана на Русија посветува големо внимание на развојот на соработката со министерствата за одбрана на пријателските земји и на зајакнувањето на заедничката безбедност.

Шојгу истакна дека е симболично што состанокот на министрите за одбрана на ШОС и ЗНД се одржува на Денот на хероите на татковината, кој секоја година се одбележува во Русија.

„Хероизмот што нашите народи го покажаа во борбата против нацизмот, фашизмот и милитаризмот за време на Втората светска војна не дозволи мрачните сили да го поробат светот, а ние, како наследници на генерацијата победници, мора цврсто да го чуваме мирот и спречи глобална катастрофа“, нагласи Шојгу.

На средбата министрите за одбрана на девет земји разговараа за меѓународната и регионалната безбедност и натамошното зајакнување на соработката во областа на одбраната и безбедноста, пренесе ТАСС.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Пожар во луксузен хотел во Истанбул

Објавено пред

Пожар избувна во луксузниот хотел „Кираган палас“ во Истанбул, кој припаѓа на синџирот „Кемпински“ и се наоѓа во зградата на поранешната Отоманска палата, јавуваат турските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Пожарот избувнал на четвртиот кат од хотелот, јавува „Ројтерс“. Гостите и вработените во хотелот се евакуирани. Причината за пожарот сè уште не е позната, а засега нема информации за повредени.

Палатата била изградена во 19 век од султанот Абдул Азиз и во голема мера била уништена во пожар во 1910 година. Во 1980-тите беше реновиран и претворен во хотелски комплекс во стил на стара палата.

Тој е еден од најскапите хотели во Истанбул, каде што често се прават свадби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

„Ист гејт“: Дојавата за бомба е лажна, трговскиот центар продолжува со работа

По најавите за бомба во „Ист гејт“ се огласија од трговскиот центар. Со статус на својот фејсбук-профил ги информираа закупците...

Македонија2 часа

Закани за бомби добиле полициската станица Центар, „Ист гејт“ и „Бисер“, Железничката станица и зградата „Пегла“

Закани за бомби утрово пристигнаа до трговските центри „Ист гејт“ и „Бисер“, Транспортниот центар, зградата „Пегла“ и полициската станица Центар,...

Македонија3 часа

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Неколку средни училишта и утрово добиле закани за бомби на електронските адреси. МВР е на терен и ја спроведува стандардната...

Свет4 часа

Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички градат борбен авион од новата генерација

Јапонија ќе работи со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, рекоа трите земји, додека Токио...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Нема поголем пораз дека власта е корумпирана од тоа странци да расчистуваат со криминалот во државата

„Уште еден целосен дебакл за државата е фактот дека странци ќе го расчистуваат со криминалот во Македонија. Нема поголем пораз...

Македонија4 часа

СДСМ: Блокадите на Скопје целосно да прекинат, Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа

Христијан Мицкоски и ДПМНЕ да најдат решение за проблемот што го создадоа со блокадите на Скопје, кои со денови им...

Свет5 часа

САД ѝ испраќаат на Украина противвоздушна одбрана во вредност од 275 милиони долари

Соединетите Држави се подготвуваат да испратат воена помош на Украина во вредност од 275 милиони долари, што ќе ѝ овозможи...

Свет5 часа

САД планираат да воведат нови санкции против Русија и Кина

Соединетите Американски Држави планираат да воведат нови санкции кон Кина и Русија, кои ќе вклучуваат казнување на Москва за употребата...

Европа5 часа

(Видео) Гори трговски центар во близина на Москва, еден од најголемите во Европа

Пожар рано утринава зафатил еден од најголемите трговски центри во близина на Москва, соопштија локалните служби за итни случаи. Дел...

Македонија22 часа

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Автобусите на приватните превозници од утре ќе се преселат кај бараките на Град Скопје информираат од „Слобода превоз“. Во кординација...

Регион22 часа

Хрватска влезе во Шенген, за Бугарија и Романија потврдено е ветото

Бугарија и Романија остануваат надвор од Шенген зоната, откако не успеаја да добијат едногласна поддршка од Европскиот совет во Брисел,...

Македонија23 часа

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот – Арсовска и Ковачевски додека граѓаните страдаат

„Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски од лидерскиот самит во Виена: Солидарност и правда се најсоодветни одговори за кризата

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска учествува и има свое обраќање на Самитот на лидери од Западен Балкан во Виена,...

Европа1 ден

Ердоган: Ќе и го скршиме рбетот на инфлацијата

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека турската влада се надева дека ќе и го „скрши рбетот“ на високата инфлација...

Македонија1 ден

Грковска: Популизмот е најштетен за една демократија, треба храброст за да ја одржиш државата на вистинскиот пат

Политиките за добро владеење се основа за стабилноста на секоја држава. Доколку сакаме стабилност мора граѓаните да имаат доверба во...

Свет1 ден

Погубен е демонстрант во Иран

Иран денеска погуби демонстрант осуден за прободување на припадник на безбедносните сили и блокирање улици за време на неодамнешните протести...

Европа1 ден

Десет лица загинаа во гранатирање на истокот на Украина

Најмалку десет лица загинаа во руско гранатирање на истокот на Украина, а многумина се ранети, изјави претседателот Володимир Зеленски. Зеленски...

Европа1 ден

Шолц: Правиме се што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО

Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека...

Свет2 дена

Уапсен претседателот на Перу, обвинет е за бунт и злоупотреба на власта

Перуанската полиција, на позадината на политичката криза во земјата, го приведе претседателот Педро Кастиљо, се вели во пораката на безбедносните...

Македонија2 дена

„Поддршка за членство во ЕУ имаме, наша задача се реформите“

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска заедно со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и министерката...