Контакт

Свет

Катар ги повика на дијалог арапските земји

Објавено пред

Министерот за надворешни работи на Катар денеска ги повика на дијалог арапските земји кои ги прекинаа дипломатските односи со неговата земја, уверувајќи дека врската на Катар со САД останува силна.
Помалку од 24 часа по одлуката на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Египет и Малдивите да ги прекинат дипломатските односи со Катар и да го изолираат економски, финансиски и сообраќајно, Мухамед бин Абдул Рахман ги повика овие земји на „отворен и искрен дијалог “за решавање на кризата. Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон смета дека тоа нема да влијае на единството во борбата против исламските екстремисти. Катарскиот емир Тамим бин Хамад ал-Тани  на 27 мај го повика иранскиот претседател Хасан Рохани и му честиташе за победата на претседателските избори.Саудиска Арабија, во која доминираат Сунити, смета дека Иран, управуван од страна на шиитски муслимани, е најголемиот непријател и закана за регионалната стабилност.Сè уште не е јасно како одлуката на арапските земји може да влијае на американските воени операции, со оглед на тоа дека во Катар има стационирани околу 10.000 војници и таму е седиштето на централната команда за Блискиот Исток. Катар во неколку наврати негираше дека ги поддржува екстремистичките групи во регионот.

dobivaj vesti na viber


©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Видео) Автомобил експлодира во близина на трговски центар во Белград

Објавено пред

Утрово во близина на трговскиот центар во Бањица во Белград се случила експлозија, објави нова.рс.

dobivaj vesti na viber

Засега не е познато како дошло до експлозијата, ниту дали има повредени.

Случајни минувачи јавуваат дека се слушнала силна детонација, а во овој дел од градот е видлив црн чад, јавуваат српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Свет

Американски воен брод во Јужното кинеско море, војската на Кина „во состојба на висока готовност“

Објавено пред

Војската на Кина објави дека американски воен брод илегално навлегол во територијалните води на островите во Јужното кинеско море, истакнувајќи дека е во „висока готовност“.

dobivaj vesti na viber

„САД сериозно го поткопаа регионалниот мир и стабилност“, рече портпаролот на јужниот воен округ на Кина во изјавата, додавајќи дека Вашингтон намерно ја поттикнува тензијата во Јужното кинеско море и го поткопува суверенитетот на Кина.

Според кинеската војска, американски воен брод навлегол во областа на островите Спратли, приближувајќи се до атолот за кој право полагаат Кина и Филипините.

Кинеската народна ослободителна армија организира поморски единици за придружба и набљудување на американскиот брод, рече портпаролот, истакнувајќи дека кинеската војска е „во состојба на висока готовност, подготвена решително да го брани националниот суверенитет“.

Американската морнарица соопшти дека воениот брод Габриел Гифордс рутински спроведува операции во меѓународните води во Јужното кинеско море, во согласност со меѓународното право.

„Американската седма флота спроведува операции во Јужното кинеско море секој ден, како и со децении“, се вели во соопштението. „Овие операции покажуваат дека сме подготвени да поддржиме слободен и отворен индо-пацифички регион“.

Во последните месеци, Кина веќе протестираше против патролирањето на американските воени бродови во Јужното кинеско море, а кинеските бродови неколкупати се судрија со филипинските бродови, забележува Ројтерс.

Во неделата, филипинската крајбрежна стража испрати два брода во Јужното кинеско море, велејќи дека забележала „загрижувачка“ групација на кинески воени бродови во близина на спорниот архипелаг.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Вулкан еруптираше во Индонезија, најмалку 11 мртви, многу исчезнати

Објавено пред

Спасувачите пронајдоа тела на 11 жртви по ерупцијата на вулканот Марапи на индонезискиот остров Суматра, соопшти портпаролот на спасувачките служби, а потрагата по 12-те исчезнати е прекината од безбедносни причини.

dobivaj vesti na viber

Во моментот на ерупцијата во областа имало 75 планинари, од кои 49 биле евакуирани во понеделникот, а многумина сега се лекуваат поради изгореници, изјави портпаролката на службата за пребарување и спасување Џоди Харјаван.

Заедно со телата на 11 планинари, спасувачите пронајдоа тројца преживеани, додаде Харјаван, а потрагата по 12-те исчезнати беше прекината поради подоцнежната мала ерупција.

Во пресрет на активирањето на вулканот, властите го подигнаа нивото на будност и воспоставија зона за забранет пристап на три километри од кратерот.

Марапи еруптираше во неделата, исфрлајќи колона од пепел висока три километри на небото. Небото беше покриено со огромен облак од вулканска пепел, покривајќи и автомобили и патишта, покажуваат снимките.

Вулканот е меѓу најактивните на Суматра, а најмногу жртви зеде во април 1979 година, кога во ерупцијата загинаа 60 луѓе. Еруптираше и на почетокот на оваа година, забележува Ројтерс.

Индонезија има 127 активни вулкани и се наоѓа на Пацифичкиот „Огнен прстен“, според агенцијата за вулканологија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

(Во живо) Спасовски и Бубевски за убиството на 14-годишната Вања

Прес-конференција на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил...

Македонија1 час

Демократскиот сојуз: Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи

Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи. ДС бара темелна...

Македонија1 час

„Бруталното убиство на Вања е пораз за цела држава, оставка на Спасовски веднаш“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Бруталното и грозоморно убиство на Вања е пораз за цела држава. Тоа се случи и поради нефункционирањето на системот, неспособноста...

Македонија2 часа

Пронајдени залутани деца на Средно Водно

На единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, вчера била добиена пријава за изгубени, залутани, деца во предел на...

Македонија2 часа

48-часовен притвор за тројцата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерка краткотраен...

Македонија10 часа

Апасиев го откажа учеството на лидерската средба: Треба да биде ден на жалост, а не лидерска за датум за избори

Утре треба да биде ден на жалост заради двојното убиство, а не на лидерска за датум за избори, вели претседателот...

Македонија10 часа

Taткото на Вања во полициска станица, досега не е побаран притвор

Таткото на 14-годишната, Вања Ѓорчевска, по која се трагаше цела недела, а чиешто тело беше најдено денеска, се’ уште е...

Македонија12 часа

Истите лица што ја убиле Вања се осомничени и за убиството на велешкиот фризер Панче по кој се трагаше, автомобилот му беше пронајден опожарен во средата

Истите лица кои стојат зад убиството на 14-годишната Вања по која со денови трагаше целата држава, се осомничени и за...

Македонија13 часа

Вања е пронајдена мртва – била убиена дента кога исчезнала

Во околината на Скопје пронајдено е безживотното тело на малолетната Вања Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27 ноември,...

Економија21 час

(Видео) Кузеска: Пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните пет месеци

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари...

Свет22 часа

Нов силен земјотрес на Филипините, повторно издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала денеска ги погоди Филипините, а веднаш беше издадено предупредување за цунами....

Топ23 часа

Скопјанец запали автомобил во Центар, огнот се прошири и на друго возило

Полицијата доцна синоќа околу 3.30 часот, во Центар, го приведе А.Г.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на подрачје...

Македонија24 часа

Николоски: Омилената фирма на власта, Марковски, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери од РЕК Битола

Владата руши рекорди во крадење, омилената фирма на власта, Марковски компани, ќе заработува 63 илјади евра на ден од само...

Свет1 ден

Мистерија нерешена 14 години: го избришал своето минато, а потоа бил пронајден мртов

Во јуни 2009 година, човек по име Питер Бергман беше пронајден мртов на плажа во Ирска.Слаб маж облечен во црно...

Европа1 ден

(Видео) Напаѓач уби турист кај Ајфеловата кула и нападна уште двајца, извикал „Алах акбар“

Маж е убиен, а двајца повредени во напад со нож и чекан на улица во центарот на Париз. Францускиот министер...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, 42 се повредени во експлозија на католичка миса на Филипините

Четири лица загинаа утрово во експлозија на католичка миса на југот на Филипините. Инцидентот се случил во гимназијата на државниот...

Македонија2 дена

Голема загаденот во Струмица, стапија во сила мерките и препораките

Високо е загадувањето на воздухот во Струмица, каде два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од...

Свет2 дена

Прекинати преговорите меѓу Израел и Хамас за ослободување на заложниците

Преговорите меѓу Израел и Хамас за заложниците држени во Газа прекинаа денеска откако Израел продолжи да инсистира на ослободување на...

Топ2 дена

Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син. Според информациите во полицијата, таткото рекол...

Македонија2 дена

Приведени пет лица за случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, полицијата обезбеди и едно возило

Пет лица се приведени доцна синоќа во врска со случајот со исчезнувањето на 14-годишната Вања, и обезбедено е едно возило,...