Европа
Киев и порача на Кина: Осудете го варварството во Украина

Украинското претседателство денеска ја повика Кина да му се придружи на Западот и да го осуди руското варварство, имајќи предвид дека Пекинг никогаш официјално не го критикувал рускиот напад врз Украина.
„Кина може да биде важен дел од глобалниот безбедносен систем доколку донесе правилна одлука, што значи поддршка на коалицијата на цивилизирани земји и осуда на руското варварство“, напиша на Твитер, Михаил Подољак, советник на украинското претседателство и еден од преговарачите со Русија.
🇨🇳 can be the global security system’s important element if it makes a right decision to support the civilized countries’ coalition & condemn 🇷🇺 barbarism. It is a chance to sit at the table as equals. The West must explain to Beijing how $1.6 trillion differs from $150 billion
— Михайло Подоляк (@Podolyak_M) March 19, 2022
Украина и САД се загрижени за можна воена помош од Кина за Русија или за можноста Пекинг да и помогне на Москва да ги заобиколи санкциите наметнати од Западот, анализираат медиумите во светот.
Потсетуваат дека американскиот претседател Џо Бајден вчера разговараше речиси два часа преку видео конференција со својот кинески колега Си Џинпинг, најмногу за војната во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.