Контакт

Свет

Ким Јонг-ун ги обвини САД за намерно продолжување на војната во Украина

Објавено пред

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун рече дека САД и другите земји што ја поддржуваат Украина во нејзината војна против Русија го продолжуваат конфликтот, а напорите на Вашингтон да ги вклучи Киев и Москва во преговорите се чини дека се во полн замав. Клучниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Ким, испратил повеќе од 11.000 војници за поддршка на руските сили од есента минатата година, според процените на Украина, Јужна Кореја и западните земји.

dobivaj vesti na viber

Според „Њузвик“, севернокорејскиот лидер рекол дека САД и другите западни земји што ја поддржуваат Украина намерно ја продолжуваат војната во Источна Европа, според зборовите објавени вчера од државните медиуми. За време на посетата на Министерството за одбрана во Пјонгјанг, Ким рече дека овие земји имаат нереален сон за стратешки пораз на Русија.

Иако Кремљ ја мобилизира својата одбранбена индустрија и насочи значителен дел од државниот буџет за вооружените сили, борбите уништија илјадници руски тенкови, оклопни возила и артилериски системи. Западните експерти се прашуваат колку долго руската економија може да го одржи сегашното ниво на трошоци за одбрана.

„Нашата армија и народ секогаш ќе ја поддржуваат и охрабруваат праведната кауза на руската армија“, рече Ким.

Украина зависи од помошта од Западот, а САД го обезбедуваат најголемиот дел од таа помош со години. Претседателот Доналд Трамп се врати на власт во ноември ветувајќи дека ќе стави крај на војната во Европа за само 24 часа.

Иако сè уште не успеал, пишува „Њузвик“, Трамп почнал со напорите да ги собере руските и украинските лидери на преговарачка маса. Во саботата тој за „Њујорк пост“ изјави дека разговарал со Путин откога претходно во текот на неделата рече дека набргу може да се сретне со Зеленски.

Свет

Трамп објави: Непријателствата се решени

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека непријателствата меѓу Пакистан и Индија се решени откога ги повика двете земји да се фокусираат на трговијата наместо на војната.

dobivaj vesti na viber

Во обраќањето пред американските трупи во воздухопловната база Ал Удеид во Катар за време на турнејата на Блискиот Исток, Трамп рече дека Пакистан и Индија се задоволни од тоа, објави „Ројтерс“.

Соседните нуклеарни земји го завршија конфликтот, кој траеше од 7 до 10 мај, кога се согласија на прекин на огнот по дипломатски разговори и притисок од САД.

Како што е најавено, денес во текот на денот Трамп ќе отпатува во Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати на последниот дел од неговата турнеја на Блискиот Исток, која трае од 13 до 16 мај.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Објавено пред

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

Рускиот претседател Владимир Путин предложи директни преговори со Украина во Истанбул во неделата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна денес во турската престолнина Анкара на средба со турскиот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган, а во Истанбул рускиот и украинскиот лидер чекаат одделно да почнат преговорите.

Авионот на украинскиот претседател слета на аеродромот „Есенбога“ во Анкара и е закажана средба со Ердоган напладне.

Зеленски претходно оваа недела изјави дека е подготвен да разговара само со Путин предизвикувајќи го да дојде во Истанбул ако е доволно храбар.

Кремљ одговори дека Русија не се согласува со ултиматуми. Двете страни последен пат имаа директни разговори во март 2022 година, исто така во Истанбул, само неколку недели откако Путин нареди напад врз Украина.

Двете страни се обидуваат да му докажат на американскиот претседател Доналд Трамп дека се сериозни во врска со мировните напори.

Американскиот претседател моментно е на турнеја на Блискиот Исток, а изјави дека ќе дојде во Турција еден ден подоцна „доколку тоа би било соодветно“.

Прикажи повеќе...

Регион

Конститутивната седница на собранието на Косово одложена 16. пат

Објавено пред

Од

Конститутивната седница на собранието на Косово денес беше одложена шеснаесетти пат откога повторно не беше прифатен предлогот на движењето Самоопределување за одржување тајно гласање за избор на претседател на собранието.

dobivaj vesti na viber

55 од присутните 111 пратеници гласаа за формирање комисија, која ќе го надгледува тајното гласање.

Седницата е закажана да продолжи в сабота, 17 мај, во 10.30 часот.

Самоопределување исто така побара тајно гласање за претседател на собранието на последните шест седници, но опозициските Демократската лига на Косово, Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, како и Српската листа, се против тоа одбивајќи да предложат членови на комисијата за тајно гласање.

Кандидат на Самоопределување за претседател на собранието е сè уште Албуљена Хаџиу, иако во шест обиди за избор таа никогаш не добила повеќе од 57 гласа, а за избор на претседател на собранието се потребни 61 глас.

Поради неможноста за конституирање на собранието, претседателката Вјоса Османи за денес закажа консултации со претседателите на партиите.

Конститутивната седница почна пред 30 дена, на 15 април, а врз основа на резултатите од изборите одржани на 9 февруари ниедна партија нема доволно мандати за самостојно да формира влада.

Самоопределување има 48 мандати, Демократската партија на Косово – 24, Демократската лига на Косово – 20, Алијансата за иднината на Косово и иницијативата „Нисма“ – 8, Српската листа – 9, Партијата за слобода, правда и опстанок – 1, а преостанатите 10 мандати им припаѓаат на претставници на другите немнозински заедници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Сите позиции на Алијансата за Албанците во Владата ќе останат во „Вреди“, вели Меџити

По излегувањето на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари од Владата и од коалицијата „Вреди“ сите места отстапени на албанскиот...

Македонија2 часа

Мицкоски: Нашата посветеност кон евроинтеграциите ќе се засили во периодот што следува

Присуството на претседателот на Европскиот совет, господинот Кошта, не е само потврда на нашата длабока дипломатската соработка, туку и реален...

Македонија3 часа

За три години на патиштата загинале 457 лица, објави Државниот завод за ревизија

Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица,...

Македонија3 часа

(Видео) Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден ја водел адвокатот Панче Тошковски

Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден, ја водел како полномошник, адвокат Панче Тошковски, човекот кој заедно со...

Свет3 часа

(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката...

Свет5 часа

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп штотуку изјави дека може да отпатува за Истанбул утре доколку денешните мировни преговори за Украина...

Регион6 часа

(Видео) Инциденти пред зградата на судот во Нови Сад: туркање меѓу граѓаните и полицијата, фрлен солзавец

Пред зградата на судот и канцеларијата на државниот обвинител во Нови Сад, утрово се собраа голем број граѓани и студенти...

Македонија6 часа

„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и под палмите во Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.5 2025...

Европа7 часа

Зеленски сака да го разоткрие Путин: ја игра неговата игра, но дали ќе успее, анализира „Скај“

Кога Володомир Зеленски денес ќе слета во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тоа нема да биде...

Македонија7 часа

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народната банка, а никој не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец“, велат од ДУИ

„ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води...

Свет8 часа

Трамп пиеше чај со поранешен џихадист за кого САД нудеа награда од 10 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пиеше чај со поранешен џихадист за кого до неодамна беше распишана награда од 10 милиони...

Свет9 часа

(Видео) Најмалку 21 лице загинаа во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа9 часа

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавувањето дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа10 часа

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија1 ден

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија1 ден

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија1 ден

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија1 ден

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија1 ден

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...