Контакт

Свет

Кина дава големи парични награди за лицата што ќе пријават кој ги прекршил корона-мерките

Објавено пред

На жителите на еден кинески град на границата со Русија им беа понудени големи парични награди за да помогнат во борбата против делта-сојот на коронавирусот, а локалните власти му објавија т.н. народна војна на вирусот.

За жителите на Хеихеи, во североисточната провинција Хејлонгџијанг, властите предвиделе награди од 15.640 долари.

Според кинеските државни медиуми, властите ги повикале луѓето во пограничниот град да го пријават секој случај на нелегален лов, шверц на животни или луѓе што ја минуваат границата заради риболов и понудиле вредна награда за таквата информација.

Населението е предупредено и на строги казни за оние што намерно кријат релевантни информации.

Властите се посветени на стратегијата „Ковид нула“ и спроведуваат низа ригорозни мерки за коронавирусот или т.н. народна војна и обид повторно да го елиминираат од заедницата.

Според „Глобал тајмс“, здравствените власти си поставиле цел пред крајот на годината да ги вакцинираат сите деца на возраст од 3 до 11 години, кои ги исполнуваат условите.

Свет

Дрога пронајдена на 11 места во британскиот парламент – кокаин имало и во тоалетот до кабинетот на Борис Џонсон

Објавено пред

Управните тела на британскиот парламент ќе повикаат полиција откако лондонскиот весник објави дека на многу места во Собранието се пронајдени траги од кокаин, пренесува АП.

Претседателката на Собранието, Линдзи Хојл, изјави дека ќе контактира со полицијата откако „Сандеј тајмс“ објави дека во зградата на парламентот се појавила дрога.

Во извештајот на весникот се вели дека тестовите за откривање дрога откриле траги од кокаин на 11 локации каде што пристап имаат само пратениците, вработените и новинарите, а меѓу локациите наводно е и тоалет во близина на канцеларијата на премиерот Борис Џонсон.

„Наводите за употреба на дрога во парламентот се длабоко загрижувачки и за тоа ќе разговарам со градската полиција оваа недела. Очекувам да видам целосна примена на законот“, рече Хојл.

Портпаролот на Џонсон, Макс Блејн, исто така рече дека извештаите се загрижувачки.

Прикажи повеќе...

Свет

Професор од Африка предупредува: Кривата на случаи со омикрон е многу поостра отколку во претходните бранови

Објавено пред

Кривата на новите случаи со Ковид-управувана од варијантата омикрон е многу поостра од претходните бранови, предупреди директорот на Институтот за здравствени истражувања во Африка, професорот Вилем Ханеком.

„ Бранот во кој се наоѓаме во моментов е многу поостар, отколку што беше кривата во претходните бранови“ објасни Ханеком во интервју за „Скај њуз“.

Според него се чини дека реинфекциите се почести за време на овој бран, што пак сугерира дека вирусот може да се спротивстави на некои аспекти од имунитетот со кој треба да се заштитиме.

Професорот Ханеком вели дека профилот на пациентите со омикрон е малку поинаков, со тоа што помладите луѓе се разболуваат, особено оние кои не биле вакцинирани. А оние кои биле вакцинирани имале поблага болест отколку што се очекува.

„ Значи, тоа е веројатно добра вест и причина да се вакцинираме, бидејќи се чини дека вакцината сепак ќе штити од тешки болести и смрт“, истакна Ханеком и додаде дека практично целиот вирус што го има во моментот во Јужна Африка е омикрон.

Прикажи повеќе...

Свет

Путин во Индија: Вие сте голема сила и безбеден сојузник

Објавено пред

Русија ја смета Индија за голема сила и безбеден сојузник, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по пристигнувањето во Њу Делхи.

„ Ние ја сметаме Индија за голема сила, пријателска нација и сигурен сојузник“, им рече Путин на новинарите пред средбата со премиерот Нарендра Моди.

Путин е во Индија за зајакнување на воената и енергетската соработка. Ова е второ патување на Путин во странство од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Првото патување беше во јуни, кога тој замина во Женева на средба со американскиот претседател Џозеф Бајден.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет4 часа

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија4 часа

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија7 часа

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Македонија7 часа

Ескобар: Работиме со европските партнери за брза интеграција на Северна Македонија во ЕУ

Со нашите европски партнери работиме за да обезбедиме брза европска интеграција на Северна Македонија, изјави американскиот заменик-помошник на државниот секретар...

Регион8 часа

Радев на консултации пред врачувањето на мандатот, Петков вели: „Неопходно е да се формира влада“

Времето на едноличната премиерска власт заврши, истакна бугарскиот претседател Румен Радев пред претставниците на „Промената продолжува“, а за време на...

Економија8 часа

Бесими го достави дополнетиот предлог-буџет за следната година

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска го достави дополнетиот предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој...

Европа8 часа

Следната пандемија би била посмртоносна од Ковид-19, предупредува креаторката на „Астра зенека“

Идните пандемии би можеле да бидат посмртоносни од сегашната криза предизвикана од Ковид-19, предупреди Сара Гилберт, професорка на Универзитетот „Оксфорд“...

Свет8 часа

(Видео) Најмалку 15 загинати и голем број исчезнати по силната ерупција на вулканот Семеру

Индонезискиот вулкан Семеру и денеска продолжи да исфрла големи количества пепел, неколку дена по силната ерупција, во која загинаа 15...

Европа9 часа

Откриен извештај – Германија воведува задолжителна вакцинација во неколку ресори

Новата германска влада има намера од средината на март да воведе задолжителна вакцинација за вработените во одредени ресори, пренесуваат светските...

Европа10 часа

Невакцинираните во Италија нема да може да користат јавен превоз без ковид-потврда

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу...

Свет21 час

Папата на Лезбос со мигрантите – стотици бели ливчиња, апел за помош

Папата Франциско на вториот ден од посетата на Грција го посети бегалскиот камп на островот Лезбос. Тој ја обвини Европа...

Свет23 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет23 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа1 ден

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија1 ден

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија1 ден

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија1 ден

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион1 ден

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ1 ден

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Досие