Свет
Кина лансирала ракета направена за напад врз американските сили?
Кинеската армија извршила пробно лансирање на две ракети во Јужното Кинеско Море. Едното се тврди дека е веројатно развиено за да ги нападне американските сили.
Ракетите „ДФ-26Б“ и „ДФ-21Д“, лансирани вчера, биле насочени кон областа меѓу јужната островска провинција Хаинан и Парселските Острови во Јужното Кинеско Море, јавува „Саут Чајна морнинг пост“, весник од Хонг Конг, повикувајќи се на неименувани извори блиски до кинеската армија.
Министерството за одбрана и надворешни работи на Кина сè уште не одговориле на барањето за потврда на оваа информација, пренесува АП.
Споровите за контролата на Јужното Кинеско Море, еден од најпрометните трговски патишта, сè повеќе ги отежнуваат односите на Кина со САД и нејзините јужни соседи.
Оваа година администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, ги отфрли повеќето тврдења на Пекинг за суверенитетот на поголем дел од спорната област за која велат дека имаат право и Виетнам, Филипините и други влади.
Вчерашното лансирање ракета следуваше по кинеското обвинување дека американскиот шпионски авион „У2“ влегол во зоната на забрането летање, која Пекинг ја прогласи за време на одржувањето на воената вежба кај кинескиот северен брег.
„ДФ-21“ е многу прецизен и воените аналитичари го нарекуваат носач на убијци и веруваат дека тој е развиен за да се насочи кон американските носачи на авиони, кои би можеле да бидат вклучени во можен судир со Кина.
Кина потроши голема сума пари во текот на изминатите две децении во обид да развие ракети, борбени авиони, нуклеарни подморници и друго оружје за да може да ја прошири војската надвор од своите брегови.
„ДФ-26Б“ е лансиран од северозападната провинција Кингхаи, а „ДФ-21Д“ од провинцијата јужно од Шангај на источниот брег, пишува весникот. Се верува дека „ДФ-26“ може да носи нуклеарни или конвенционални бојни глави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хаос на аеродромот во Берлин, дрон го парализира сообраќајот, десетици летови беа пренасочени
На аеродромот во Берлин синоќа, дрон предизвика прекини oд два часа во воздушниот сообраќај, пришто дојде до бројни доцнења и пренасочување на летовите, објавува „Билд“.
Во тој период беа пренасочени 11 летови, од кои четири авиони слетаа во Лајпциг, четири во Дрезден и три во Хамбург.
Откажани се два лета за Лондон, Бирмингем и Стокхолм.
Многу други авиони кружеа над Берлин чекајќи дозвола за слетување. Според портпаролот на полицијата на Бранденбург, дронот бил забележан од сведок, што подоцна го потврдила полициска патрола.
Иако дронот исчезнал од видно поле, полицијата продолжила со пребарувањето, користејќи хеликоптери и копнени патроли. Иако аеродромот е повторно отворен за сообраќај, воведена е промена во ноќните летови.
Според одлуката на контролата на воздушниот сообраќај, авионите можат да полетуваат до 1 часот наутро, додека слетувањата траат до 4 часот наутро. Овие промени важат за ноќното работење на аеродромот од безбедносни причини.
Бројот на инциденти со дронови на германските аеродроми драматично се зголемува. Според извештаите, сообраќајот на аеродромот во Минхен бил нарушен и во октомври поради сличен инцидент.
Свет
Трамп: Нема нови трговски преговори со Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Канада нема повторно да ги започнат трговските преговори.
Канадскиот премиер Марк Карни му се извинил на Трамп поради политичка реклама во која се користи аудиоснимка од поранешниот американски претседател Роналд Реган, во која се вели дека царините се почеток на катастрофа.
„Многу го почитувам, но тоа што го направија беше погрешно. Ми се извини за рекламата, бидејќи беше лажна,“ изјави Трамп.
Поради спорната реклама, тој минатата недела ги откажа трговските разговори и најави зголемување на царините за 10 отсто на канадски производи, без да прецизира на кои сектори се однесува мерката.
Рекламата, финансирана од покраината Онтарио, се емитувала на неколку американски телевизиски канали и содржи говор на Реган од 1987 година во кој тој ја брани слободната трговија и предупредува дека царините предизвикуваат загуба на работни места и трговски војни.
Свет
Судските документи откриваат нови детали за врската на принцот Ендру и Епштајн
Нови судски документи објавени во Америка откриваат како принцот Ендру му предложил на осудениот педофил дека би било добро да се сретнат лично само неколку месеци откако Џефри Епштајн бил ослободен од затвор. Епштајн бил ослободен во јули 2009 година откако ја отслужил казната за подведување малолетник.
Во е-пошта од 15 април 2010 година, која сега стана јавна, Ендру одговорил на предлогот на Епштајн да се сретне со американскиот банкар Џес Стејли во Лондон. Иако тогашниот принц ја одбил средбата поради однапред договорено патување, тој му рекол на Епштајн дека ќе се обиде да застане во Њујорк подоцна истата година.
„Би сакал, но за жал денес патувам … и се враќам преку Киев следниот петок/сабота, па ќе го пропуштам“, напиша Ендру. „Но, ќе се погрижам наскоро да се сретнам на друго патување. Исто така, немам непосредни планови да застанам во Њујорк, но мислам дека треба наскоро. Ќе видам дали можам да одвојам неколку дена пред летото. Би било добро да се сретнеме лично.“
Средбата конечно се случила, дуото беше фотографирано заедно во Централ Парк во Њујорк во декември 2010 година. Години подоцна, во интервју за емисијата „Њузнајт“ на Би-Би-Си во 2019 година, Ендру тврдеше дека целта на средбата била да се стави крај на нивното пријателство.
Е-поштата беше објавена како дел од незапечатени судски документи од правна битка од 2023 година помеѓу Американските Девствени Острови, каде што Епштајн поседуваше приватен остров, и банката ЏП Морган. Случајот, покренат поради наводните сомнителни зделки на банката со починатиот финансиер, на крајот беше решен со спогодба.

