Свет
Кинески виролог тврди дека Ковид-19 е создаден во лабораторија во Вухан
Кинески виролог, кој тврди дека Ковид-19 е создаден од човечка рака во лабораторија во Кина, во понеделникот објави извештај за кој вели дека го поддржува нејзиното експлозивно тврдење, пренесува „Њујорк пост“.
Д-р Ли-Менг Јан, поранешен истражувач на Факултетот за јавно здравје во Хонг Конг, објави труд на веб-страницата „Зеноте“ за кој тврди дека покажува како САРС-Ков-2 може да биде креиран во лабораториски услови за шест месеци.
Трудот, коавторско дело создадено заедно со двајца други истражувачи, е со наслов „Невообичаени карактеристики на геномот САРС-Ков-2 што сугерираат софистицирана лабораториска модификација наместо природна еволуција и обележување на неговиот веројатно синтетички пат“.
Други научници надвор од Калифорнија претходно објавија напис за мапирањето на генетската секвенција на вирусот, што докажува дека САРС-Ков-2 не е лабораториски направен или намерно манипулиран вирус.
Јан, која тврди дека направиле едно од првите истражување за Ковид-19 минатата година, претходно го обвини Пекинг дека лажел кога дознал за вирусот убиец и се обидел да ја прикрие нејзината работа. Таа вели дека нејзините поранешни супервизори на Факултетот за јавно здравје во Хонг Конг, референтна лабораторија за СЗО, ја замолчиле кога таа во декември минатата година алармирала за пренесување на вирусот од човек на човек.
Јан исто така тврди дека пред да избега од Кина нејзините податоци биле избришани од владините бази на податоци. Лабораторијата негира дека Јан некогаш спровела какво било истражување за пренесување на вирусот од човек на човек и дека нејзините тврдења немаат научна основа.
Во април Јан избегала од Хонг Конг во Америка за да ја подигне свеста за пандемијата. Таа се криела од страв за својата безбедност. Јуан Жиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, претходно ги негира тврдењата дека вирусот случајно се раширил од неговиот објект.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стармер: Никој не е над законот
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека уапсениот Ендру Маунтбатен-Виндзор треба да разговара со властите во Велика Британија и САД во врска со „скандалот“ околу осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, нагласувајќи дека „никој не е над законот“.
Во интервју за Би-Би-Си, Стармер рече дека секој што има релевантни информации има обврска да се јави кај властите.
„Секој што има какви било информации треба да сведочи. Без разлика дали е Ендру или некој друг, секој што има релевантни информации треба да контактира со надлежниот орган“, истакна британскиот премиер, додавајќи дека ова важи не само за случајот Епстин, туку и за сите други случаи на насилство врз жени и девојчиња.
Стармер истакна дека еден од основните принципи на британскиот систем е дека сите се еднакви пред законот.
„Никој не е над законот. Тоа е долгогодишен и многу важен принцип на нашето општество и мора да се примени во овој случај на ист начин како и во секој друг“, рече тој.
Ендру Маунтбатен-Виндзор беше уапсен денес во неговиот имот Вуд Фарм во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден, објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на неименувани извори.
Ендру беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција.
Регион
Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу Делхи изјави дека за време на разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ, тој „ги отфрлил стравувањата на Србија во врска со одбранбената соработка меѓу Хрватска, Албанија и Косово“.
„Ги отстранивме стравувањата што, според нас, постојат во Србија во врска со соработката меѓу министерствата за одбрана на Хрватска, Косово и Албанија.“ Објаснив дека оваа соработка е насочена кон техничка соработка на нашите оддели и дека на никаков начин не е насочена против Србија“, рече Пленковиќ.
„Значи, сега, колку што видов од неговата изјава, таа е прифатена“, им рече Пленковиќ на новинарите на маргините на самитот за вештачка интелигенција во Њу Делхи, пренесува „Хина“.
Според написите, минатата година, Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за соработка во областа на одбраната и безбедноста, која, според толкувањето на експертите, не е исто што и договор за воено-техничка соработка,.
Свет
Туск упати итен апел до полските граѓани: „Ве молам веднаш да го напуштите Иран“
Полскиот премиер Доналд Туск апелираше до сите полски граѓани во Иран веднаш да ја напуштат земјата поради растечката опасност од потенцијален конфликт.
„Ве молам, веднаш напуштете го Иран и под никакви околности не одете во оваа земја. Не сакам никого да плашам, но сите знаеме за што зборувам. Можноста за конфликт е многу реална“, рече Туск за време на посетата на полигонот за обука на Воениот институт за технологија на оружје во Зјелонка, каде што во исто време се одржаа отворени тестови на беспилотни системи за оружје, објави порталот „Виадомосци“.
Туск беше придружуван од министерот за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш и заменик-министерот Цезари Томчик, а за време на настанот одржа и интервју со медиумите.
Тој нагласи дека „за неколку часа, можноста за евакуација ќе биде отежната“, укажувајќи на потенцијалната итност на ситуацијата.
Туск ги предупреди граѓаните сериозно да го сфатат овој апел, потсетувајќи на „лошите искуства од минатото“.
„Ве молам да го сфатите ова многу сериозно. Имавме лоши искуства во минатото, а некои луѓе ги игнорираат овие апели“, нагласи полскиот премиер.

