Контакт

Свет

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Објавено пред

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте не поднесе оставка, се очекува вицепремиерот и претседател на партијата Лига, Матео Салвини, кој претходно ја растури коалицијата со Движењето Пет ѕвезди, да побара предвремени избори.

Според последните анкети, Лига и нејзините крајнодесничарски сојузници убедливо би победиле на предвремени избори.

Но, без разлика дали Конте ќе поднесе оставка или Салвини ќе побара недоверба на владата, тоа ќе значи крај на 65. повоен владин кабинет, само 14 месеци по доаѓањето на власт.

На 8 август Салвини ја раскина коалицијата со Движењето Пет ѕвезди нагласувајќи дека е заморен од постојаните кавги со сојузникот, со кој имаа спор за големи проекти, како што е изградбата на брза железничка пруга Лион – Торино. Тој тогаш соопшти дека владата веќе нема мнозинство и побара предвремени избори наесен. Но, Конте побара таа постапка да се спроведе во Парламентот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Австралија по пожарите се бори и со поплави

Објавено пред

Силни грмежи и обилни врнежи од дожд утрово зафатија делови од источното крајбрежје на Австралија, затворајќи дел од главните патишта поради поплавување. Во исто време, делови од Австралија, каде немаше врнежи од дожд, трае борбата со околу 100 пожари во кои досега загинаа 29 лица, уништени се повеќе од 2,5 илјади куќи и запалена е површина со големина на Германија.
       
Државите Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд кои се најпогодени од сушата и пожарите, сега се борат со обилни врнежи од дожд и поплави. Патиштата во Квинсленд се затворени, како и многу паркови и туристички атракции, а некои станбени области се поплавени.
        
Во делови на Нов Јужен Велс за време на бурата имало прекин на електрична енергија, а официјалните лица соопштија дека обилните дождови би можеле да помогнат да се стават под контрола 75 пожари, пренесува Ројтерс. Десетици пожари сè уште горат во Викторија, но наредбата за евакуација во планинските делови е укината.
       

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Објавено пред

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад од антивладини демонстранти, јави новинската агенција Анадолија.

Поголема група демонстранти се собрала пред театарот, откако на социјалните медиуми е објавена информацијата дека Макрон се наоѓа во зградата.

Најавениот план на владата за реформи на пензискиот систем во Франција предизвика протести и штрајкови кои траат од 5 декември минатата година.Администрацијата на Макрон со новиот план се залага висината на пензијата да се пресметува врз основа на висината на платата што вработениот ја добивал во текот на целата кариера, а не врз основа на платите од последните пет години од работната кариера.Синдикатите тврдат дека тоа ќе резултира со значително пониски пензии за идните пензионери.

Прикажи повеќе...

Свет

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Објавено пред

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.
        
Одделот за туризам на Непал соопшти дека најмалку еден кинески државјанин е повреден во лавината, кој со хеликоптер бил спасен и пренесен во болница.
        
Лавина се урна на популарната рута на Анапурна, а спасувачите се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите, пренесува АП.
        
Спасувачите стигнале до 30 планинари кои биле заробени откако лавина ја блокирале патеката и тие се сместени на безбедно место. Временските услови се влошуваат, а ниските температури последниве денови го отежнуваат спасувањето.
        
Исчезнатите планинари се две жени и двајца мажи, за кои се вели дека се наставници кои престојувале во Непал на волонтерска работа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Заев: Остануваме отворени за соработка на изборите со сите, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Во однос на прашањето за евентуални изборни коалиции, претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска истакна дека СДСМ е политички субјект...

Свет54 минути

(Видео) Макрон евакуиран од театарот во Париз, демонстранти се обидоа да влезат во зградата

Француските безбедносни сили го евакуираа претседателот на земјата, Емануел Макрон од театарот Ле Буфе ду Норд во Париз поради напад...

Топ1 час

Разбојниците по кражбата во НЛБ банка го запалиле возилото

Три вооружени лица најверојатно го извршиле грабежот во еокспозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров.Тие го извршиле грабежот со „опел...

Македонија2 часа

По 20 часа распит, Обвинителството бара притвор за Емил Јакимовски

По речиси 20 часовен распит во полициска станица, Oбвинителството бара притвор за Емил Јакимовски, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен...

Економија3 часа

(Видео) Aнгеловска: Буџетот е во добра кондиција, платите и пензиите ќе бидат исплатени навреме

„Буџетот е во добра кондиција, финансиите се стабилни. Минатата година имавме добра динамика на наплата со реализација на проекцијата за...

Свет3 часа

Седум планинари исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четворица јужнокорејци и тројца непалски водичи исчезнаа во лавина на популарната патека за планинарење во Непал, соопштија властите.         ...

Култура4 часа

Џејми Ли Кертис за „Медена земја“ твитна: Колку совршен филм, воодушевена сум

Македонскиот документарец номиниран за два оскари, „Медена земја“ ги освои симпатиите и на познатите холивудски актерски имиња. What a perfect...

Економија5 часа

Луксембург – земја со најголема минимална плата во ЕУ

Минималната месечна плата во Луксембург се зголеми на 1 јануари и сега изнесува 2,14 илјади евра. Дури и пред ова...

Економија6 часа

Комората на сметководители препорачува: Канцерогените фискални ленти итно да се забранат како во ЕУ

Од 1 јануари годинава во Европската Унија, стапи на сила забраната за употреба на штетната хемиска материја Бисфенол А или...

Свет7 часа

Помпео под притисок да се појави на јавно сослушување за убиството на Сулејмани

Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом на Конгресот на САД испрати обврзувачки повик до државниот секретар Мајк Помпео за...

Спорт7 часа

Михајловиќ: Имав напади на паника во болница, сакав да побегнам низ прозорец!

Екс-српскиот фудбалер, а сега актуелен тренер на калчолигашот Болоња, Синиша Михајловиќ за тв емисијата „Verisimo” раскажа досега непознати детали од...

Свет7 часа

Сменет бразилски министер кој во говор го цитираше Гебелс

Бразилскиот министер за култура е сменет од позицијата, откако што цитираше делови од говор на нацистичкиот шеф на пропаганда Јозеф...

Свет20 часа

Граѓаните од ЕУ нема автоматски да бидат депортирани по брегзитот

Велика Британија нема автоматски да ги депортира граѓаните од Европската Унија кои не побарале да останат во земјата по брегзитот,...

Европа22 часа

Музејот „Лувр“ во Париз затворен поради протести

Музејот „Лувр“ во Париз денеска беше затворен кога десетици демонстранти го блокираа влезот протестирајќи против намерата на француската влада да...

Македонија23 часа

(Видео) Петровска: Погубно за Министерството и граѓаните ќе биде МВР да се претвори во партија

Впечатокот дека се случува хаос во Министерството за внатрешни работи е резултат на избрзаните телеграми од министерот Чулев, вели неговата...

Европа1 ден

Папата за првпат назначи жена на висока позиција во Ватикан

За првпат една жена ќе има висока позиција во Ватикан, бидејќи папата Франциско, поглавар на Римокатоличката црква, ја назначи Франческа...

Свет1 ден

Еден милион морски птици умреле над Тихиот Океан

Дури еден милион морски птици умреле над Пацификот за помалку од 12 месеци, а експертите велат дека е виновна топлата...

Регион1 ден

Грција идната недела ќе добие нов претседател

Грчката влада достави предлог до парламентот за избор на нов претседател на републиката, што ќе се одржи на 22 јануари,...

Топ1 ден

Две деца повредени кога „бе-ем-ве“ излетало на патот Велес – Извор

Вчера во 16:00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес – Извор, по крстосницата за селото Г.Оризари, патничко возило...

Свет1 ден

(Видео) Кралот на кокаинот доби пиво со неговиот лик и име

Мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гузман издржува доживотна казна затвор, а неговата ќерка Алехандрина се труди да ја одржи неговата...

Досие