Свет
„Ковакс“ ќе испорача 1,8 милијарда вакцини во 92 посиромашни земји во текот на годината
Системот за дистрибуција на вакцини „Ковакс“ планира да испорача 1,8 милијарда дози на посиромашните земји оваа година и очекува побогатите земји да ги исполнат своите обврски во таа насока во втората половина на годината.
Нашите предвидувања покажуваат дека треба да ги исполниме барањата за вакцина поставени од самофинансирачки членови на системот во втората половина на 2021 година, рекоа од Алијансата за вакцини ГАВИ во име на „Ковакс“.
„Ковакс“, кој е дизајниран да им овозможи на сите еднаков пристап до вакцините против Ковид-19, а кој заеднички го водат Алијансата за вакцини ГАВИ, Светската здравствена организација и други, рече дека 1,8 милијарда дози ќе бидат доставени до 92 земји кои ги исполнуваат условите и дека тоа би одговарало на приближно 27 проценти од покриеноста на населението во тие земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

