Свет
Ковид-пациент во Калифорнија убил цимер во болничката соба со резервоар за кислород
Маж со коронавирус кој минатата недела со резервоар за кислород уби пациент во неговата болничка соба во Калифорнија е обвинет за убиство и злосторство од омраза, пренесува Би-би-си.
Џеси Мартинез (37) убил 82-годишен старец со кого ја делел болничката соба, откако неговиот цимер започнал да се моли, соопшти полицијата во Лос Анџелес. Мартинез посегнал кон резервоарот за кислород и го удрил старецот, кој починал следниот ден.
„Осомничениот се вознемирил кога жртвата започнала да се моли“, соопшти полицијата, додавајќи дека Мартинез е обвинет не само за убиство, туку и за злосторство од омраза и злоупотреба на стари лица.
И двајцата биле лекувани од Ковид-19 во болница во градот Ланкастер во јужна Калифорнија, пренесува Би-би-си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

