Контакт

Свет

Кремљ вознемирен по извештајот дека САД стојат зад нападот со дронови врз руската база во Сирија

Објавено пред

Кремљ изрази загриженост по извештајот на руското Министерство за одбрана, според кој, американски шпионски авион во јануари годинава го контролирал нападот со беспилотни летала врз руската база Хмеимим во Сирија, пренесува РТ.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јасно стави до знаење дека војската ги анализирала сите расположливи податоци и ги извлекла неопходните заклучоци пред да каже дека нападот врз руската воздухопловна база бил насочен од набљудувачки авион „П-8 Посејдон“.

„Ова е несомнено многу алармантен извештај“, истакна тој.

Сите дополнителни детали ќе бидат обезбедени од страна на Министерството за одбрана, но претседателот Владимир Путин може да го иницира ова прашање со својот американски колега, Доналд Трамп, кога ќе се појави можност за тоа.

Реакцијата на Кремљ доаѓа кога заменик-министерот за одбрана, генерал-полковник Александар Фомин, зборувал за нападот со беспилотни летала за време на форумот „Сјијаншанг“ во Пекинг, конференција за одбрана и безбедност од висок профил.

Според Фомин, 13 дрона ѝ се доближиле на руската база во времето кога „посејдон“ бил над Медитеранот. Кога во базата биле вклучени руските електронски контрамерки, беспилотните летала ја продолжиле летачката мисија во мануелен режим. Тој рече дека беспилотните летала не биле управувани од некој селанец, туку од стандарден и добро опремен „P-8 Посејдон“, кој имал рачна контрола врз беспилотните летала за кои станува збор.

Кога овие дронови се соочиле со мерките за електронска војна на Русија, тие се повлекле од зоната за убивање и почнале да примаат команди преку сателитска комуникација, објасни генералот Фомин. Некој, рече тој, ги водел беспилотните летала кон т.н. дупки во руската одбрана, што тие ги искористиле пред да бидат соборени од ракетите „земја-воздух“ од Хмеимим.

Инцидентот, во кој учествувале 10 беспилотни летала чија цел била базата Хмеимим, се случил во текот на ноќта на 8 јануари. Уште три дрона извршиле напади врз рускиот поморски објект во сирискиот пристаништен град Тартус. Трите непријателски беспилотни летала биле приземјени од рускиот тим за електронска војна во близина на Хмеимим и подоцна биле прегледани од војската.

Пентагон се обиде да ги побие руските обвинувања во тоа време, при што портпаролот Адријан Ранкин-Галовеј тврдеше дека тие уреди и технологии лесно може да се добијат на пазарот. Нападот од јануари не беше единствениот од ваков вид. Руската воздушна одбрана во Хмеимим одби бојни напади со дронови во текот на ова лето. Ниту едн0 беспилотно летало не успеа да се доближи до базата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Данската премиерка: Русија нема да застане кај Украина

Објавено пред

Од

Украина се бори за цела Европа, додека Русија не покажува знаци дека сака мир и дека ќе застане кај Украина, изјави денес данската премиерка, Мете Фредриксен во Архус.

dobivaj vesti na viber

„Мора да ја зајакнеме нашата поддршка за Украина бидејќи таа се бори за сите нас“, рече Фредриксен на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

По повод преземањето на ротирачкото претседателство, данската влада го прими Колеџот на комесари на Европската комисија во Архус, вториот по големина град во Данска.

„Ни секунда не верувам дека Путин сака мир и има намера да застане кај Украина, затоа мора да ја ставиме Украина во најсилната можна позиција“, рече Фредриксен, додавајќи дека е потребно да се продолжи со работата за слабеење на руската економија, зајакнување на санкциите и запирање на увозот на руски гас.

Претседателката на Комисијата, фон дер Лајен, изјави дека одлуката на САД делумно да ја суспендира воената помош за Украина покажува дека ЕУ мора да ја засили својата поддршка за нападнатата земја.

Фон дер Лајен ги повика земјите-членки да ја користат кредитната програма SAFE, вредна 150 милијарди евра, за воена помош за Украина, преку купување воена опрема за Украина или инвестирање во украинската одбранбена индустрија.

Данската премиерка додаде дека нејзината земја почнала да инвестира во производство на оружје и друга воена опрема на украинска територија уште порано.

„Функционира многу добро, бидејќи тие произведуваат побрзо, подобро и поевтино од сите нас“, рече Фредриксен, додавајќи дека Украинците сè уште имаат 40 проценти неискористен капацитет за производство на оружје и опрема.

Таа, исто така, оцени дека запирањето на американската помош за Киев би значело „сериозен удар за Украина, Европа и НАТО“.

(Фото: ЕПА)

Прикажи повеќе...

Свет

Путин вели дека денес ќе разговара со Трамп

Објавено пред

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека подоцна во текот на денот ќе разговара со својот американски колега Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Ова ќе биде шестиот јавно познат разговор меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари, а ќе се одржи во услови на досега неуспешни напори на Соединетите Американски Држави да преговараат за прекин на огнот во Украина.

Двајцата претседатели последен пат разговараа на 14 јуни, а главната тема на нивниот разговор беше Иран.

Прикажи повеќе...

Европа

Украина припаѓа на Европската Унија, му рече данската премиерка на Зеленски

Објавено пред

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Орхус, западна Данска, каде што ќе присуствува на одбележувањето на почетокот на данското претседателство со Советот на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Според најавата на данската влада, Зеленски ќе разговара со премиерката Мете Фредериксен, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.

Тие ќе разговараат за поголема воена поддршка за Украина, соработка со украинската одбранбена индустрија и нови санкции против Русија.

„Украина припаѓа на Европската Унија, тоа е во интерес и на Данска и на Европа. Затоа данското претседателство ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Украина на патот кон членство во ЕУ“, рече Фредериксен.

Данската премиерка истакнува дека ЕУ мора да ја зајакне Украина и да ја ослаби Русија.

„Украина е клучна за безбедноста на Европа. Мора да го зголемиме притисокот врз Русија“, рече Фредериксен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

(Видео) Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

Платата на десетте вработени во Одделението за специјализирани воздухоплови во ДЗС им е покачена за 100% и им е даден...

Македонија31 минута

(Видео) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна

Начинот на кој е избрана судијката Даниела Димовска за вд претседател на Основниот кривичен суд Скопје ми дава за право...

Македонија1 час

Можно е Костадинов да се кандидира за градоначалник на Струмица како независен кандидат

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ...

Македонија4 часа

Ковачев: За темите за идентитетот и за јазикот нема место во извештајот, се отвора Пандорината кутија

Трите најголеми политички групи во Европскиот парламент го поддржаа предлогот да се отстранат термините „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ од...

Македонија5 часа

Бришењето на македонскиот јазик и на идентитетот од извештајот е еднакво лошо за нас како да стоеше модерен, вели Мицкоски

По објавите на бугарските медиуми дека трите најголеми политички сили во Европскиот парламент (ЕП) се согласиле од извештајот за напредокот...

Топ6 часа

Вршеле обљуба врз малолетнички и снимале со мобилен: уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово

Вчера во 15.30 и во 22.55 часот полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане во с.Горно Седларце и во...

Топ8 часа

Затаила над 50 милиони денари, ниту пријавувала ниту плаќала данок: кривична за сопственичка од Кавадарци

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Т во својство на сопственик, управител и...

Регион10 часа

(Фото) Масовна евакуација на туристи поради пожар на Крит

Голем пожар во Грција продолжува да беснее во источниот дел од островот Крит, откако избувна вчера попладне во тешко пристапна...

Европа11 часа

Украински функционер: Европа прави сè што може, но ќе биде тешко без американско оружје

Украина ги повика САД да продолжат со „континуираната“ воена помош, по изненадувачката најава дека некои испораки на оружје за Киев...

Европа11 часа

(Видео) Украинците уништија руско складиште за муниција, се шири снимка од огромна експлозија

Украина очигледно извршила напад врз руско складиште за муниција во градот Карцизк во окупираниот дел од Донецката област на 2...

Свет12 часа

(Видео) Траект потона во близина на Бали: четворица мртви, десетици исчезнати

Четири лица загинаа, 38 се водат како исчезнати, а 23 се спасени откако ферибот со 65 лица потона во близина...

Свет12 часа

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години

Пентагон објави дека американските напади ја уназадија нуклеарната програма на Иран за до две години, откако уништија три целни локации....

Свет12 часа

Во Лос Анџелес луѓето мора да живеат во токсични куќи по пожарот: „Осигурителните компании нè измамија“

Луис Казарес беше меѓу ретките чиј дом остана недопрен по разорните пожари што ја опустошија населбата Алтадена, североисточно од центарот...

Свет12 часа

ЦИА не оспорува дека Путин се обидел да му помогне на Трамп на изборите во 2016 година

Ревизијата на ЦИА откри недостатоци во подготовката на проценката на американското разузнавање дека рускиот претседател Владимир Путин се обидел да...

Македонија21 час

Костадинов го замрзнува членството во СДСМ, најави ново политичко делување

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека го замрзнува членството во СДСМ, незадоволен од сегашното раководство и од насоката во...

Македонија21 час

СДСМ објави 11 нови кандидати за градоначалници

Претседателот на Социјалдемократскот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата која...

Македонија1 ден

„Пулс“ ќе се суди во Основниот кривичен суд Скопје, предметот е доставен

Основниот суд во Кочани денеска го достави предметот за пожарот во „Пулс“ во Основниот кривичен суд Скопје, согласно одлуката на...

Македонија1 ден

Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи. Во објава на...

Македонија1 ден

„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод...

Топ1 ден

Мотоцилистот удрил во пешакот и избегал, МВР со детали за трагичната несреќа на кејот

Мотоцикл „кавасаки“ го прегазил пешакот кој загина вчера на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата. Според информациите...