Контакт

Европа

Курц: Европа покажа дека нема солидарност кога заканата станува сериозна

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, оцени дека последиците од коронавирусот ќе се чувствуваат многу месеци и по борбата со пандемијата и дека светот ќе изгледа сосема поинаку поради овие настани.

Тој го критикува недостигот на соработка меѓу државите.

„Гледаме дека во Европа нема солидарност кога заканата станува сериозна и тоа ќе доведе до многу дискусии по кризата“, смета Курц.

„Вирусот ќе има долгорочен ефект врз тоа како се однесуваме едни со други и како живееме, колку сме претпазливи. Исто така, и ефектите на глобализацијата ќе се анализираат сè повеќе“, рече тој.

Курц во интервју за „Кроне.тв“ рече дека ќе биде потребно многу, многу долго време за Австрија да се врати во нормала.

Објасни дека најмалку четири недели училиштата ќе бидат затворени.

Канцеларот истакна и дека вирусот има неверојатно влијание врз економијата и затоа треба да се вложат сите напори за поддршка на претприемачите и за обезбедување на работните места.

Тој им се заблагодари на граѓаните на Австрија што ги почитуваат владините мерки. Засега, вели тој, нема план за понатамошно заострување на мерките.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Во Виена наскоро нема да има слободни кревети, коронавирусот се шири и во училиштата

Објавено пред

Бројот на хоспитализирани ковид-пациенти во Виена во моментов е поголем отколку што беше на врвот на епидемијата во Австрија на 31 март. Во училиштата има над 1.000 заразени деца.

Во моментов, 225 заболени од Ковид-19 се хоспитализирани во Виена, а за споредба, на крајот на март имало 213. Од тој број, 177 биле сместени на ковид-одделение, а 48 на интензивна нега.

Според официјалните податоци на градските власти во Виена, во моментот има уште 247 слободни кревети на одделот за интензивна нега, како и 2.214 во ковид-одделението.

Доколку ситуацијата се влоши, како што истакнуваат надлежните, другите болнички кревети повторно ќе бидат испразнети како пролетта, операциите ќе бидат одложени, а приемот на неитни пациенти ќе престане. Во тој случај, би било можно да се додадат уште 1.000 „интензивни“ кревети со респиратор.

Исто така, во Австрија, во моментов има 1.125 активни болни ученици и наставници од коронавирус. Кризниот штаб одлучил детално да анализира која возрасна група е најпогодена.

Само во Виена веќе има околу 600 заразени ученици.

Во врска со тоа е одлучено да се спроведе тестирање на деца кои биле во контакт со заразените и резултатите да пристигнат во рок од 24 часа, со цел да се избегне децата да поминуваат долго време во карантин, како и да се „отстранат“ од часовите оние деца кои се болни.

Прикажи повеќе...

Европа

Село во Романија по третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Објавено пред

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Граѓаните веруваат дека тој добро се снашол и дека заслужил постхумна победа.

Десетици граѓани запалија свеќи на гробот на социјалдемократот Јон Алиман по завршувањето на локалните избори во Романија. Алиман победи со 64% ​​од гласовите во селото Девеселу во јужна Романија, кое има околу 3.000 жители, и тоа би бил негов трет мандат.

„Не верувам дека повторно ќе имаме таков градоначалник“, рече еден жител на селото.

Алиман почина на 17 септември во болница во Букурешт, но неговото име веќе беше испечатено на гласачките ливчиња и не можеше да се отстрани, соопштија официјалните лица.

Тие изјавија дека сега ќе се одржат нови избори.

И покрај победата на Алиман, неговата Социјалдемократска партија загуби на локалните избори во клучните градови.

Прикажи повеќе...

Европа

Тригодишно дете ја спаси мајка си од насилниот татко

Објавено пред

Тригодишно дете во Рим, Италија, излегло од станот, тропнало на вратата на соседите и раскажало како неговиот татко, кој се вратил пијан дома, ја тепал неговата мајка, пишува весникот „Монца тудеј“.

Соседите повикале полиција, а за неколку минути карабинерите го пронашле пијаниот маж кој ја гризел, ја удирал со нозе и со тупаници сопругата, нанесувајќи ѝ повреди. Таткото, кој и пред овој случај имал други прекршоци, е фатен на дело и веднаш е испратен во затвор.

Мајката на тригодишно момче завршила во болница. Таа ѝ изјавила на полицијата дека ова не е прв случај на малтретирање на семејството.

Според италијанските закони, лице кое злоупотребува членови на семејството ризикува затворска казна од три до седум години, а казната се удвојува доколку делото насилство било сторено во присуство на малолетници.

Доколку член на семејство злоупотреби малолетник (дете), законот предвидува поголема казна, од четири до девет години затвор, а ако последица на агресија е повреда на малолетник, казната е од седум до единаесет години.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ30 минути

Се преврте автобус со 16 војници на АРМ, пренесени се во болница со полесни повреди

Изутринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица-Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ....

Македонија38 минути

МОН: За еден ден на платформата за учење на далечина 
се пријавиле над 88 илјади корисници

„Како што беше најавено во текот на вчерашниот ден, кога започнавме со тестирање на Националната платформа за учење на далечина,...

Свет2 часа

Трамп и Бајден ќе се соочат на првата дебата за претседателските избори

За прв пат лице в лице, во првата од трите претседателски дебати, Доналд Трамп и Џозеф Бајден ќе се сретнат...

Свет2 часа

(Видео) Судирот ескалира: соборен авион на азербејџанските сили, убиени се уште 26 ерменски војници

Армијата на Нагорно-Карабах собори авион на азербејџанските сили, изјави портпаролот на претседателот на таа непризнаена република, Ваграм Погосјан. Како што...

Македонија2 часа

Министрите на владина седница ќе потпишат Кодекс за етичко однесување

Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 12 часот во Свечената сала ќе ја одржи седмата седница. На...

Свет2 часа

Итна седница на Советот за безбедност на ОН за Нагорно-Карабах

Денеска треба да се одржи итна седница на Советот за безбедност на ООН за регионот Нагорно- Карабах, каде се водат...

Европа2 часа

Село во Романија по третпат избра ист градоначалник иако е мртов

Жителите на едно село во Романија го реизбраа истиот градоначалник на локалните избори, иако тој почина пред две недели од...

Спорт11 час

Дури 11 фудбалери на Џенова имаат КОВИД-19, нејасно е дали Пандев е меѓу нив!

Италијанските медиуми тврдат дека дури 11 фудбалери на Џенова и 3 членови на тимот имаат позитивен тест на КОВИД-19, вклучувајќи...

Регион13 часа

Србинка заврши со притвор со новороденчето – била шеф на балканска наркобанда во Шпанија

37-годишна Србинка заедно со нејзиното новороденче е притворена во Шпанија, откако тамошната полиција спровела истрага во која е откриена балканска...

Свет15 часа

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет16 часа

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија16 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија18 часа

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија22 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија22 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион22 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет22 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет23 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија24 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион1 ден

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Досие