Свет
Лавров: Верувам дека француските инструктори се веќе во Украина и дека тие се цел на руските сили
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска, коментирајќи ја можноста за испраќање француски воени инструктори во Украина, дека верува оти такви инструктори се веќе во земјата и дека тие се легитимна цел на руските вооружени сили.
„Што се однесува до француските инструктори, имам причина да верувам бидејќи има многу конкретни факти, дека тие веќе работат во Украина и без разлика дали се членови на француските вооружени сили или едноставно платеници, тие претставуваат апсолутно легитимна цел за нашите вооружени сили“, рече Лавров на прес-конференцијата.
Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија ги пробие првите линии на фронтот.
Според него, многу земји се согласиле со планот на Франција да испрати војници. Како што напиша весникот „Монд“, Макрон сака да создаде европска коалиција за испраќање воени инструктори во Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.