Европа
Лондон: Нема непосредна опасност од ескалација во Украина

Министерот за вооружени сили на Велика Британија, Џејмс Хипи, изјави дека не мисли оти постои непосредна закана од ескалација на војната во Украина нарекувајќи ја фалба последната изјава на Лавров за опасност од нуклеарен конфликт.
Лавров рече дека меѓународната заедница не треба да ја потценува значителната опасност од нуклеарен конфликт и нагласи дека фактот што НАТО ѝ испорачува оружје на Украина во суштина значи дека западната алијанса индиректно војува со Русија, наведува „Ројтерс“.
Пошироката меѓународна заедница, а не НАТО, дава воена поддршка на Украина, рече Хипи, реагирајќи на последната изјава на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Донаторската заедница не е НАТО. Меѓу донаторите има голем број земји, да, многу од нив се членки на НАТО, но други се надвор од алијансата. Не е НАТО тој што обезбедува воена помош“, изјави Хипи за „Скај њуз“.
„Мислам дека во моментоТ нема непосредна закана од ескалација“, рече Хипи.
Тој исто така истакна дека она што Западот го прави во обид да ги поддржи своите сојузници во Украина е многу добро балансирано со цел да се избегне директна конфронтација со Русија, наведува британската агенција.
Лавров, меѓу другото, посочи дека не би сакал овие ризици да бидат вештачки надуени во ситуација кога ризиците се многу значајни, но додаде дека има многу што ги сакаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.