Свет
Маж паднал во базен со 40 крокодили, го распарчиле неговото тело и излегле од водата

Сопственик на голема фарма за крокодили во градот Сиам Рип, во Камбоџа, паднал во нивниот базен, каде што 40-тина крокодили го изеле до смрт.
Жртвата е Лун Нам (72) од село во близина на градот Сием Рип, во истоимената провинција, каде што се наоѓа познатиот храм Ангкор Ват, објави камбоџанскиот дневен весник „Расмеј Кампучеа“.
Тој утринава околу 5 часот по локално време случајно паднал во базенот со крокодили, при што едниот прво го каснал за раката и нозете, а потоа го одвлекол меѓу останатите влекачи.
„Дејли мејл“ пишува дека Нам се обидувал да го премести крокодилот од кафезот за поставување јајца во Камбоџа кога го грабнал стапот што го користел и го повлекол внатре. Група крокодили го распарчиле неговото тело и го напуштиле живеалиштето облеано во крв.
Неговото тело било пронајдено по инцидентот, но полицијата соопшти дека неговата рака била откината и изедена од крокодили.
Нам беше еден од најбогатите граѓани на Сијем Риџеп и е добро познат донатор на будистички храмови и хуманитарни институции.
Фармерите во Камбоџа често одгледуваат и продаваат крокодили на купувачи во Кина, Тајланд и Виетнам, каде што се користат за правење кожа и други производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Директор на погребално претпријатие чувал 31 тело во распаѓање, а на семејставата на починатите им давал лажна пепел

Директорот на погребалното претпријатие во американската сојузна држава Индијана, Ренди Ланкфорд, се изјасни за виновен откако таму беа пронајдени 31 тело во распаѓање.
Обвинителите го обвинија Ланкфорд, сопственик на бизнис во Џеферсонвил, дека не извршил погребни церемонии за кои бил платен, објави Би-Би-Си.
Судијата посочи дека би можел да одлежи 12 години затвор и мора да плати 46.000 долари на 53 семејства кои биле оштетени.
Полицијата во Џеферсонвил почнала да го истражува погребниот дом во Ланкфорд минатата година по извештаите за непријатен мирис од зградата.
Телата, кои ги немало ниту во замрзнувачите, биле во различни фази на распаѓање, бидејќи некои од нив биле неколку месеци во погребалното претпријатие.
Исто така, пронајдени се останки на 17 кремирани луѓе.
Ланкфорд беше ставен во домашен притвор во очекување на пресудата.
Меѓу наводите се дека бројни семејства ја добиле, како што веруваат, пепелта на нивните најблиски, за да добијат повик од полицијата неколку месеци подоцна, кога сфатиле дека вистинската пепел била пронајдена во погребално претпријатие или дека нивните најблиски не биле ни кремирани.
Свет
Ужас на Карибите: Ајкула ја одгриза ногата на 22-годишна девојка додека нуркаше

Девојка (22) во САД била нападната од ајкула и и’ ја одгризала ногата додека нуркала на Карибите. Американката е пренесена во болница во тешка состојба, соопшти локалната полиција.
Нападот се случил во средата попладне на еден од островите пред одморалиштето „Блу хевн“, кога 22-годишната девојка нуркала со пријателка, пишува „Скај њуз“.
„Повредената девојка беше гостин на друго одморалиште и клиент на компанија за патување со брод со која не сме поврзани“, изјави портпаролката на одморалиштето Стефани Мек.
Полицијата соопшти дека вработен во одморалиштето во близина на Ливард Марина повикал полиција за нападот на ајкулата и побарал помош од 911.
Пријателот на девојката не е повреден. Се уште не е познато за каква ајкула станува збор, пишува „Скај њуз“.
Регион
Ердоган ги повика граѓаните утре да гласаат, Киличдародглу порача: „Да ја извлечеме Турција од темната јама“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ги повика граѓаните на таа земја утре да гласаат во вториот круг од претседателските избори. Неговиот ривал, кандидатот на опозицијата Кемал Киличдародглу, пак, му порача на народот да гласа за да ја извлечат земјата од „темната јама на дводецениското владеење на Ердоган“.
Како што јави Ројтерс, Ердоган и Киличдароглу планираат да привлечат околу осум милиони гласачи кои не излегоа на гласање во првиот круг од изборите.
Првиот круг од претседателските избори се одржа на 14 мај, а Ердоган освои повеќе од 49 отсто, додека Киличдароглу близу 45 отсто.
За победа беа потребни 50 отсто плус еден глас.
Обраќајќи им се на поддржувачите во Истанбул за време на последниот предизборен митинг пред вториот круг, Ердоган апелираше на голем одѕив.
„Ќе одиме ли утре на гласање? Ќе излеземе рано сабајле да гласаме за некого? Секој што гласал во првиот круг нека гласа и во вториот“ рече Ердоган, додека публиката воодушевено извикуваше „да“ – додава Ројтерс.
Киличдароглу, кој е поддржан од шест опозициски партии, рече дека секој што ја сака Турција „мора да гласа“.
„Ако навистина сакате, сите заедно ќе излеземе од оваа темна јама. Ги повикувам луѓето да гласаат, без разлика на ставовите или начинот на живот. Ова е последна шанса. Секој што ја сака земјата треба да излезе на избори“, порача Киличдароглу на Твитер.
Третопласираниот Синан Оган, кој освои 5,2 отсто од гласовите во првиот круг, го поддржа Ердоган.
Избирачките места се отвораат утре во 08:00 часот, а се затвораат во 17:00 часот по локално време.
Право на глас имаат над 60 милиони гласачи, а неофицијални резултати се очекуваат веќе во недела доцна навечер.