Свет
„Мамо, не те оставам“: oсумгодишно дете од Минесота убиено додека ја бранело мајка си од насилниот сопруг
Осумгодишно дете од Минесота било убиено додека ја бранело мајка си од сопругот насилник, минатата недела, соопшти семејството на детето, пренесува Law and Crime.
Амир Демарион Харден починал на 9 јуни од компликации откако бил застрелан во главата и вратот на 6 јуни, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Хенепин.
Според медиумот, на денот на пукањето, таткото на момчето, Денер Харден, бил ослободен од затвор откако платил кауција по обвиненијата за семејно насилство. Тој се вратил во семејниот стан бесен и се обидел да ја убие сопругата.
„Неговиот татко се обиде да ме убие, но мојот син беше застрелан поради мене. Амир се обиде да му го одземе пиштолот од рацете на татко му. Му викав да оди кај соседите. Тој одби и рече – мамо, не те оставам!“, напиша Чериш Едвардс“, ожалостената мајка на Амир.
Кога видел дека го застрелал синот, таткото си пукал во глава, велејќи пред тоа дека „случајно пукал“ во детето, изјави Едвардс. Мајката на момчето додаде дека четирите браќа и сестри на Амир биле сведоци на шокантното насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.